19 Декември, 2025
0.0453

ДЕСЕТИНА БУГАРИ ОДДАДОА ПОЧИТ НА МАРА БУНЕВА: Ќе бараат да се постави нејзин споменик до Камениот мост

Објавено во: Македонија 12 Јануари, 2024 20:37

Добивај вести на Viber

Годинава на годишнината од смртта на револуционерката Мара Бунева се собраа само десетина Бугари.

Само десетина претставници на бугарската заедница во Македонија годинава дојдоа на кејот на Вардар во Скопје за да ја одбележат годишнината од смртта на Мара Бунева. 

„Притисокот врз Бугарите во Македонија е огромен, а сепак гледате десетици Бугари од Македонија излегоа да ѝ оддадат чест на Мара Бунева. Не се гасне тоа што не можете да го изгаснете“, напиша Виктор Стојанов, претседателот на фондацијата Македонија, на социјалните мрежи.

Десетината присутни носеа транспарент „Македонија на Македонците“, испишан на бугарски јазик.


„Бугарите од Северна Македонија ќе поднесат барање до Општина Скопје за поставување споменик на Мара Бунева во градот Скопје - веднаш до Камениот мост. Фондацијата Македонија ќе им помогне. Очекувајте повеќе информации за ова во следните недели“, пишуваат попладнево на Фејсбук од Фондацијата Македонија. 

По аферата со затворањето и судењето на македонските студенти во Скопје од страна на српските власти, во 1927 година, Мара Бунева во знак на одмазда на 13 јануари1928 година извршила атентат врз српскиот државен обвинител Велимир Прелиќ, на кејот на реката Вардар, кај камениот мост во Скопје. Веднаш по атентатот, Бунева самата се застрелала за да не падне во рацете на српските окупаторски власти. На повредите им подлегнала на 14 јануари.

фото Фејсбук/Фондација Македонија

Можеби ќе ве интересира

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Полицијата го уапси Бујар Дардишта, поранешен директор на Управата за водење на матични книги

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Полицијата го уапси Бујар Дардишта, поранешен директор на Управата за водење на матични книги

Тошковски објасни во кои случаи полицијата ќе одзема возило

Тошковски објасни во кои случаи полицијата ќе одзема возило

Младите на 9 години почнуваат да пушат цигари?

Младите на 9 години почнуваат да пушат цигари?

Toшковски откри кога „Безбеден град“ ќе се спроведе на целата територија на Македонија

Toшковски откри кога „Безбеден град“ ќе се спроведе на целата територија на Македонија

Орце Ѓорѓиевски: Со едногласна одлука, реизбран сум за претседател на ЗЕЛС

Орце Ѓорѓиевски: Со едногласна одлука, реизбран сум за претседател на ЗЕЛС

ИЈЗ: Кога квалитетот на воздухот е лош – заштитете го вашето здравје!

ИЈЗ: Кога квалитетот на воздухот е лош – заштитете го вашето здравје!

СДСМ ИЗГУБИ НА СУД ОД МИЦКОСКИ: Апелација пресуди дека изнесувале невистини и клевети против него

СДСМ ИЗГУБИ НА СУД ОД МИЦКОСКИ: Апелација пресуди дека изнесувале невистини и клевети против него

ПОВЕЌЕТО ОД ОСУДЕНИТЕ ЗА 27 АПРИЛ, ДОБИЛЕ УСЛОВЕН ОТПУСТ: Издржале повеќе од две третини од казните

ПОВЕЌЕТО ОД ОСУДЕНИТЕ ЗА 27 АПРИЛ, ДОБИЛЕ УСЛОВЕН ОТПУСТ: Издржале повеќе од две третини од казните

Европското знаење го применува дома: Милијана Богданоска праќа големи пораки преку еко начинот на живот

Европското знаење го применува дома: Милијана Богданоска праќа големи пораки преку еко начинот на живот