Десетина дена се испитува кој ги исклучи фрижидерите со реагенси во ИЈЗ - Скопје
Објавено во: Македонија 10 Август, 2024 15:28
Институтот за јавно здравје до Обвинителството го достави првичниот извештај за случајот со пукање на електричниот осигурувач во Бактериолошкото одделение каде се чуваат реагенси за разни болести, меѓу кои и за опасната голема кашлица. Десет дена откако се случи оваа „диверзија“, не се знае кој би можел да го направи тоа.
Од Обвинителството за Алсат ТВ соопштуваат дека во текот на оваа недела сослушале сведоци и се работи на расветлување на причините за исклучување на фрижидерите.
„Обвинителите од Основното јавно обвинителство и од обвинителството за гонење организиран криминал и корупција заедно со истражителите од истражните центри на обвинителството извршиле проверки и разговори со повеќе лица. За констатираната состојба е поднесен првичниот извештај од Институтот за јавно здравје. Причините за прекинот на електричната енергија продолжуваат да ги испитуваат вештаците“, велат од Основното јавно обвинителство.
Обвинителството истрагата ја води на две колосеци, за „диверзија“ и „саботажа“, за што за секое дело е предвидена затворска казна од 3 до 4 години.
Од стотиците осигурувачи биле исклучени само оние на фрижидерите, па затоа Обвинителството мора да утврди дали нивното исклучување било намерно или случајно.
По инцидентот, од Институтот соопштија дека ниту еден од реагенсите во фрижидерите кои беа исклучени не е оштетен и Бактериолошкото одделение продолжува нормално да функционира.
Сепак, преземени се мерки за зголемување на безбедноста. На пример, фрижидерите се преместени во посебна просторија, која е заклучена, додека одредени работници се овластени да ги чуваат клучевите.
Директорката МАрија Андоновска за медиумите претходно изјави дека инцидентот се случил пет дена откако била назначена на оваа функција и дека се сомнева во диверзија на вработен од самата институција.Можеби ќе ве интересира
ФАКТОР НА ДЕНОТ: Полицијата го уапси Бујар Дардишта, поранешен директор на Управата за водење на матични книги
Тошковски објасни во кои случаи полицијата ќе одзема возило
Toшковски откри кога „Безбеден град“ ќе се спроведе на целата територија на Македонија
Орце Ѓорѓиевски: Со едногласна одлука, реизбран сум за претседател на ЗЕЛС
ИЈЗ: Кога квалитетот на воздухот е лош – заштитете го вашето здравје!
СДСМ ИЗГУБИ НА СУД ОД МИЦКОСКИ: Апелација пресуди дека изнесувале невистини и клевети против него
ПОВЕЌЕТО ОД ОСУДЕНИТЕ ЗА 27 АПРИЛ, ДОБИЛЕ УСЛОВЕН ОТПУСТ: Издржале повеќе од две третини од казните
Европското знаење го применува дома: Милијана Богданоска праќа големи пораки преку еко начинот на живот




