29 Март, 2024
0.2116

Дескоска со драматичен апел до пратениците - со автентично толкување да се спасиме од помилувањата на Иванов

Објавено во: Македонија 29 Ноември, 2019

Добивај вести на Viber

Министерската за правда Рената Дескоска денеска го повика Собранието да даде автентично толкување на членот 11 од Законот за помилување, бидејќи, според неа, само така ќе спречи повторно да оживеат незаконските помилувања што ги направи поранешниот претседател Ѓорѓе Иванов. Само така пратениците ќе покажат кој е за правда, а кои се слуги на криминалот.

„Сведоци сме на обиди за избегнување на правдата и обезбедување на неказнивоста за сериозни кривични дела“, рече Дескоска, по последната одлука на Уставен суд, кој поведе постапка за оценување на членот 11-а од Законот за дополнување на Законот за помилување од 2016 година. Токму членот 11-а овозможуваше претседателот на државата да повлече веќе донесена одлука за помилување. 

Тие обиди, според министерката, се движат од постојано одложување на судски постапки, до иницирање на постапки пред Уставен суд за укинување на членови од Кривичниот законик, а сега и на Законот за помилување. Станува збор за манипулативни обиди за неказнивост на кривичните дела кои ги почна СЈО, а сега ги продолжи ЈО. 

Со отворање на вчерашната постапка од Уставен суд за оценка на член 11 А од Законот за помилување, се заканува голема опасност за иднината на постапките кои се водат од прислушкуваните материјали. 

„Не сакам да прејудицирам ни да влијаам каква одлука ќе донесе Уставен, но за да се спречи активирањето на незаконските помилувања дадени од Иванов го повикувам Собранието да ги искористи механизмите што ги има. Собранието, со свое автентично толкување на член 11 од Законот за помилување, може да потврди дека членот 11 на кој Иванов ги засновуваше своите масовни помилувања, не постоеше“, рече министерката Дескоска. 

Таа порача дека во рацето на Собранието е еднаш засекогаш да го затвори ова прашање и да оневозможи оживување на незаконските помилувања што ги направи Иванов. 

„Министерството за правда ќе поднесе иницијатива до Владата да побара автентично толкување, но пратениците тоа можат да го направат уште денес. Тие така ќе ја забрзаат постапката. Тука ќе се види копј е за правда и казни за оние кои се огрешиле од законот, а кои се за помилување. Пред пратениците од сите групи е како ќе се постават во овој случај, дали како поддржувачи или застапници за правдата, или како слуги на криминалот“, потенцира министерката. 

Автентичното толкување, само ако кај сите има воља, може да се донесе уште идната недела. 

„Од коалиционите партнери, ДУИ, очекувам дека она што вербално го слушаме дека се за правда, сега ќе го покажат и на дело. Коалицијата не треба да се заснова на криминални основи. Не можам ни да претпоставам дека ова може да биде причина за нарушување на коалицијата“, нагласи Дескоска. 

Ова автентично толкување е особено битно за овие отворени прашања за помилувањата, рече Дескоска, да се расчисти дека помилувањето од Иванов биле незаконски. Ако партиите ова го избегнат, ќе значи дека се надеваат дека кога тогаш ќе се активираат помилувањата. 

Кои се мотивите на уставните судии Дескоска не коментира, затоа нејзиниот денешен апел е насочен кон Собранието. 

„Не ме интересира како ќе одлучат, од Уставен очекува да се однесуваат во согласност со Уставот и законите, но имајќи ги предвид негативните искуства, не треба да оставиме на нивната совест. Можна е секаква нивна одлука, не треба да оставиме на случајност и да бидеме изненадени. Би била шокирана ако Уставен наредната недела донесе одлука, тоа не смеат да го направат“, нагласи министерката. 

Сега постојат две можности, или да се укине членот 11-а, што би значело дека во иднина шефот на државата не би можел да повлече веќе донесена одлука за амнестија. 

Но, многу понеповолна би била втората опција за случаите на СЈО, а таа е да се поништи овој член. Ова всушност би значело дека која ја направи поранешниот претседател Ѓорѓе Иванов ќе стапи во сила, што ќе им донесе ослободување на сите обвинети во случаите на СЈО. 

Инаку, Уставниот суд, последната своја одлука, за која гласале мнозинство од петмина уставни судии, ја оправда со образложението дека со Законот за дополнување на Законот за помилување се утврдува законски основ по кој даденото помилување може да се поништи, меѓутоа ваквото законско уредување излегува надвор од дадените надлежности на претседателот, во членот 84 од Уставот и истото основано може да се доведе под сомнение по однос на членот 8, став 1, алинеа 3 од Уставот, бидејќи се повредува принципот на владеење на правото и правната сигурност на граѓаните.

„Ваквото дополнување на Законот за помилување со кое се дава можност претседателот да го поништи веќе даденото помилување доведува до нееднаков третман до субјектите. Имено и претседателот согласно Уставот има право само да дава помилување, но не и да поништува, што значи дека Уставот не предвидува можност за повлекување на претходно даденото помилување“, ја објаснија својата одлука од Уставен.

Оттаму посочија дека во повеќе држави членки на Европската Унија од кои беше побарано мислење од добиениот материјал е  констатирано дека во нивните законодавстава не постои можност за повлекување на даденото помилување.

( Н.Н. Ф.)

Можеби ќе ве интересира

Курто Дудуш: СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ ни нудеа само директорски места, затоа отидовме со ДУИ

Курто Дудуш: СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ ни нудеа само директорски места, затоа отидовме со ДУИ

КУЌЕН ПРИТВОР ЗА ДВАЈЦА ОД УАПСЕНИТЕ ЗА УБИСТВОТО НА ДОКТОРОТ - прифатено барањето на обвинителите

КУЌЕН ПРИТВОР ЗА ДВАЈЦА ОД УАПСЕНИТЕ ЗА УБИСТВОТО НА ДОКТОРОТ - прифатено барањето на обвинителите

„ДАЛИ Е ВИСТИНА ДЕКА СЕ ШТЕДИ НА ИНФУЗИЈА ЗА ДЕЦА И СЕ БАРА МИТО“ - лидерот на Левица со прашање за велешката болница

„ДАЛИ Е ВИСТИНА ДЕКА СЕ ШТЕДИ НА ИНФУЗИЈА ЗА ДЕЦА И СЕ БАРА МИТО“ - лидерот на Левица со прашање за велешката болница

ПРАШИНА И ПЕСОК ОД САХАРА - топлотен бран над Балканот и пошироко, температурите и УВ индексот повисоки од просекот

ПРАШИНА И ПЕСОК ОД САХАРА - топлотен бран над Балканот и пошироко, температурите и УВ индексот повисоки од просекот

ОВА СЕ ЦЕЛОСНИТЕ ПРАТЕНИЧКИ ЛИСТИ НА ВМРО-ДПМНЕ - еве кој ќе се натпреварува за собраниско столче во следниот парламентарен состав

ОВА СЕ ЦЕЛОСНИТЕ ПРАТЕНИЧКИ ЛИСТИ НА ВМРО-ДПМНЕ - еве кој ќе се натпреварува за собраниско столче во следниот парламентарен состав

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Уапсено е уште едно лице за убиството на лекарот во Железара

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Уапсено е уште едно лице за убиството на лекарот во Железара

ДАЛИ БИ ГО ПОСЕТИЛА ГРОБОТ НА ЕНВЕР ХОЏА: Билјана Ванковска даде одговор

ДАЛИ БИ ГО ПОСЕТИЛА ГРОБОТ НА ЕНВЕР ХОЏА: Билјана Ванковска даде одговор

ДУДУШ КАЖА ДЕКА ГО ИЗБРКАЛЕ ОД СДСМ: Го пофали Ахмети и го нарече татко на нацијата

ДУДУШ КАЖА ДЕКА ГО ИЗБРКАЛЕ ОД СДСМ: Го пофали Ахмети и го нарече татко на нацијата

На Бујар Османи му е предложено да се кандидира за генерален секретар на НАТО?

На Бујар Османи му е предложено да се кандидира за генерален секретар на НАТО?