Дескоски за Фактор магазин: Република Македонија (Скопје) има најголема шанса на референдум
Објавено во: Македонија 15 Март, 2018 20:50
Дали полека спласнува оптимизмот кој постоеше за наоѓање на брзо решение за деценискиот спор кој Грција го наметна поради името на Република Македонија. Што вели универзитетскиот професор Тони Дескоски за динамиката во која сега се наоѓаат преговорите меѓу Македонија и Грција.
„Полека почнуваме да се соочуваме со реалноста, за големите разлики кои постојат меѓу Македонија и Грција. Во нашата јавност се појави еден неоснован бран на оптимизам, кој што беше стимулиран од Атина. Во средината на декември пристигнуваа информации дека е прифатено решението Република Нова Македонија што е основа за конечен договор и дека само треба да се средат деталите, но сепак тоа беа „балони“. Спорот за името сега се придвижува во квалитативна насока и тоа од македонска страна, полека се бруси позицијата дека треба да се најде која е целта за наоѓање компромис, за потоа да Македонија и Грција да постигнат договор и да се отстранат сите различни позиции. За жал нема никакви отстапки од грчка страна од позициите поставени од пред дваесетина години дека Македонија е вештачка нација и држава создадена од Тито за да и одземе територија на грчка Македонија“, смета Дескоски.
Според професорот кој ја застапуваше Македонија пред Судот за правда во Хаг кога Македонија ја тужеше и доби Грција за нарушување на Привремената спогодба, најприфатлив компромис е Република Македонија (Скопје).
На тој начин ќе се постигне јасна дистинкција меѓу македонската држава со географска одреденица според нејзиниот главен град и грчката северна покраина наречена Македонија за да се стави крај на тврдењата за било какви тврдења за територијални претензии кои секако се неосновани. Професорот Дескоски исто така смета дека единствено Република Македонија (Скопје) може да помине на гласање на референдум како предлог решение.
Целото издание на емисијата Фактор магазин емитувана на ТВ 24 погледнете го во продолжение. Фактор магазин е проект на порталот Фактор.
* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва:
Можеби ќе ве интересира
„МАКЕДОНИЈА НЕ СМЕЕ ДА СТАНЕ ПУНКТ НА ТУЃИ МИГРАНТСКИ ПОЛИТИКИ“: Арсовска сподели видео за темата која бранува деновиве
„Бројот е мој, таткото е мој, зетот и внукот се мои, ама немам врска со фирмата“: СДСМ и денеска бараат одговорност од Томовски
Проф. Јаковљевиќ: Македонските граѓани можат да не контактираат за вакцината за рак
Македонија денес го одбележува денот на Свети Климент Охридски
ДВЕ ЛИЦА ФАТЕНИ ГО ГОЛЕМА КОЛИЧИНА АЛАТ БЕЗ ДОКУМЕНТАЦИЈА: завршија во затвор, а робата им е одземена
НЕВООБИЧАЕНО ТОПЛО ВРЕМЕ НЕ ОЧЕКУВА ДЕНОВИВЕ - температурите над просекот, еве ги деталите
„Едвај завршиле гимназија, а купиле факултетска диплома“: Најчевска со нова критика и прашање до јавноста на социјалните мрежи
Давкова: Ако сме милостиви, тогаш зошто има толку суровост меѓу нас?
Доктор Беќаровски предупредува: Седењето е поопасно и од пушењето





