Улица воцентралниот дел на Скопје ќе биде именувана по Торвалд Столтенберг, таткото на Јенс Столтенберг, кој од вчера е во посета на Скопје како висок политичпки гостин, о0дносно како генерален секретар на НАТО кој треба да ја поттикне и омасови поддршката за референдумот на 30 септември.
Од кабинетот на скопскиот градоначалник Петре Шилегов велат дека пешачката улицата во Градскиот парк меѓу јужната трибина на стадионот и езерцата во паркот од утре ќе го носи името Торвалд Столтенберг, кој почина на 14 јули годинава на 87-годишна возраст.
Јенс Столтенберг денеска ќе има заедничка прес-конференција и со скопскиот градоначалник Петре Шилегов, по повод именување на улица во Скопје по неговиот татко, дипломатот Торвалд Столтенберг, кој е прогласен за заслужен граѓанин на Скопје, поради неговото лично залагање за големата помош што Норвешка ја даде по катастрофалниот земјотрес во 1963 година.
Норвешкиот дипломат и почесен граѓанин на Скопје, Торвалд Столтенберг , кој во јули почина на 84-годишна возраст, ќе добие улица која ќе го носи неговото име.
Тогаш на седница советниците со едноминутно молчење му оддадоа почит за неговиот придонес во обновувањето на Скопје после земјотресот. Градоначалникот Шилегов потоа најави дека Град Скопје, во иднина ќе се оддолжи за неговиот несебичен влог со тоа што ќе предложи една од скопските улици да го носи името Торвалд Столтенберг.
„Столтенберг, во градот Скопје зад себе остави многу вредни зданија, кои и ден-денес, не само што се обележја на едно т.н. постземјотресно време, туку се и зданија кои се парадигма за неговата хуманитарност и солидарност. Затоа улица во градот ќе го носи неговото име“, рече Шилегов.
Столтенберг имал исклучителни заслуги за помошта што ја добил градот Скопје после катастрофалниот земјотрес во 1963 година, а поради неговиот ангажман со помош на Норвешка и Данска била изградена Детската болница за белодробни заболувања во Козле. По иницијатива на Столтенберг само еден ден по земјотресот, од норвешкиот Црвен крст со транспортен авион, во Скопје биле испратени 2.300 волнени ќебиња, 80 килограми антибиотици, 250 пакети за трансфузија на крв, како и 5000 пакети за прва помош.
Генералиот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг, денеска во 11,30 часот ќе го посети скопското село Стајковци, а домаќин на настанот ќе биде градоначалникот на општина Гази Баба, Борис Георгиевски. Посетата на Стајковци е по повод акцијата на војниците на НАТО кои со својата механизација помогнаа во санирање на штетите од поплавата во август 2016 година во која загинаа 23 лица.