ДЕТАЛНО ЗА ОРГАНИЗАЦИЈАТА ВО ВАКЦИНАЛНИТЕ ПУНКТОВИ: Во Македонија дневно ќе бидат вакцинирани околу 2500 граѓани, од утре и онлајн пријавување
Објавено во: Македонија 09 Февруари, 2021 12:16
Министерот за
здравство Венко Филипче, по денешниот работен состанок во поликлиниката Бит
Пазар детално појасни како ќе биде организиран процесот на вакцинација во
Македонија. Посочи дека и кадарот и самите институции каде ќе се спроведува
имунизацијата против Ковид-19 се целосно подготвени.
-Денеска разговаравме како ќе бидат организирани вакциналните пунктови. Сè ќе биде согласно распоредот, приоритетните групи, односно здравствените работници кои работат со ковид-пациенти. Веќе се имаат пријавено 4.000 здравствени работници, од кои 2.000 се во Скопје, а останатите од другите градови. Повозрасните граѓани ќе бидат регистрирани за вакцинација преку матичните лекари, односно преку системот МојТерминм нагласи министерот Филипче.
Во однос на тоа каде точно ќе има пунктови за имунизација против Ковид-19, министерот истакна дека ќе бидат активни повеќе пунктови во скопските поликлиники, каде ќе се работи во 2 смени.
-Како пример ќе ја посочам поликлиниката „Јане Сандански“. Таму ќе има три пункта за вакцинација и ќе се работи од 8 до 20 часот. Дневно ќе може да се вакцинираат 240 граѓани. Вакцинални пунктови ќе има и во останатите поликлиники, односно Букурешт, Ченто, Ѓорче Петров, Млин Балкан, каде дневно ќе може да бидат вакцинирани 880 граѓани и уште дополнителни 500 во во кругот на Клиничкиот Центар, посочи министерот за здравство.
Инаку од утре ќе почне да функционира и страницата на која сите граѓани ќе може да се пријават онлај за примање на вакцината, а како што потенцираше Филипче самиот систем ќе генерира приоритети. Тој рече дека во системот ќе може да се пријавуваат дури и помладите кои немаат хронични заболувања, а кои изразуваат волја за вакцинација и тогаш кога ќе дојде редот за вакцинација ќе им стигне известување.
А.Б.Можеби ќе ве интересира
Желјазков: Немаме нерешени билатерални прашања со Република Северна Македонија
Петре Шилегов бара оставка од лидерот на СДСМ, Венко Филипче
Арсовска од медиумите дознала дека треба да пријави имотна состојба, ја обвини ДКСК за јавен линч
Собранието го изгласа пакетот закони потребни за целосно функционирање на системот „Безбеден град“
Собранието донесе Резолуција за осуда на манипулациите на опозицијата и за потврда на политиките против нелегалната миграција
Грчкото МНР реагира за изјавата на Мицкоски: Секој обид за фалсификување или менување на содржината на Договорот oд Преспа нема да биде прифатен
„Кој има две блузи, нека даде една на оној што нема ниедна“: Празнична солидарност на дело - Велешани со пример за цела Македонија
Наводите за привилегии за тендерите се неточни, велат од Владата по обвинувањата за давање милионски тендери




