19 Декември, 2025
0.0710

ДЕТЕТО БИЛО ИЗГРИЗАНО ВО ГЛАВАТА И ВО ВРАТОТ: „Кај нас е донесено исрвавено до смрт“, д-р Арсенков со детали за 8-годишникот од Пинтија

Објавено во: Македонија 12 Април, 2023 10:45

Добивај вести на Viber

Скопјани се длабокот потресени од смртта на 8-годишното момче од Пинтија кое вчера до смрт било искасано од куче на соседот. Родителите се обиделе да сторат сè за да го спасат нивното синче, но за жал детето исрварило до смрт уште пред да биде донесено во болница. Директорот на Клиниката за хируршки болести „Свети наум Охридски“, или поранешната градска болница во Скопје, д-р Љубен Арсенков за Фактор изјави дека дежурната екипа направила сè за да го реанимира момчето, но како што вели тоа веќе искрварило.

-Во Клиниката пристигнале со приватно возило, но веќе било предоцна. Момчето има големи и длабоки рани како резултат на гризање во пределот на главата и во вратот каде се наоѓа главната каротидна артерија. Токму таму било изгризано, заради што и веднаш исрварило. Тимот лекари се обиделе да го реанимираат, но за жал детето, како што реков било мртво уште пред да стигнат во болница, посочува д-р Арсенков за Фактор.

Трагедијата била веднаш пријавена од страна на Клиниката „Св.Наум Охридски“

Во соопштението на МВР се наведува дека на 11.04.2023 во 18:25 часот било пријавено дека во „Свети Наум Охридски“ бил донесен малолетник од Скопје, кој според пријавеното подлегнал на повредите како последица од напад од куче, кое било во сопственост на соседот Н.Г..

-Известен е јавен обвинител по чија наредба телото е предадено за обдукција и се преземаат мерки за расчистување на случајот, соопшти МВР.

Инаку, неофицијално како што дознава Фактор кучето е од расата булмастиф. Тоа едвај било заловено и се однесувало, како што велат нашите извори, како спобудалено.

Станува збор за голема раса кучиња, и генерално не се агресивни по природа, според кинолозите, може многу брзо да станат опасни и агресивни ако немаат соодветен трениг, ако не бидат социјализирани од мали. Токму поради ваквото однесување, како што оценуваат кинолозите, ова може да биде една од најагресивните раси на кучиња.

Анита Буховски


Можеби ќе ве интересира

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Полицијата го уапси Бујар Дардишта, поранешен директор на Управата за водење на матични книги

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Полицијата го уапси Бујар Дардишта, поранешен директор на Управата за водење на матични книги

Тошковски објасни во кои случаи полицијата ќе одзема возило

Тошковски објасни во кои случаи полицијата ќе одзема возило

Младите на 9 години почнуваат да пушат цигари?

Младите на 9 години почнуваат да пушат цигари?

Toшковски откри кога „Безбеден град“ ќе се спроведе на целата територија на Македонија

Toшковски откри кога „Безбеден град“ ќе се спроведе на целата територија на Македонија

Орце Ѓорѓиевски: Со едногласна одлука, реизбран сум за претседател на ЗЕЛС

Орце Ѓорѓиевски: Со едногласна одлука, реизбран сум за претседател на ЗЕЛС

ИЈЗ: Кога квалитетот на воздухот е лош – заштитете го вашето здравје!

ИЈЗ: Кога квалитетот на воздухот е лош – заштитете го вашето здравје!

СДСМ ИЗГУБИ НА СУД ОД МИЦКОСКИ: Апелација пресуди дека изнесувале невистини и клевети против него

СДСМ ИЗГУБИ НА СУД ОД МИЦКОСКИ: Апелација пресуди дека изнесувале невистини и клевети против него

ПОВЕЌЕТО ОД ОСУДЕНИТЕ ЗА 27 АПРИЛ, ДОБИЛЕ УСЛОВЕН ОТПУСТ: Издржале повеќе од две третини од казните

ПОВЕЌЕТО ОД ОСУДЕНИТЕ ЗА 27 АПРИЛ, ДОБИЛЕ УСЛОВЕН ОТПУСТ: Издржале повеќе од две третини од казните

Европското знаење го применува дома: Милијана Богданоска праќа големи пораки преку еко начинот на живот

Европското знаење го применува дома: Милијана Богданоска праќа големи пораки преку еко начинот на живот