18 Април, 2025
0.0496

ДЕТЕТО ИМАЛО СКРШЕНИЦИ И ТЕШКО ДИШЕЛО: Очув во Србија претепал бебе

Објавено во: Балкан 12 Ноември, 2023 11:51

Добивај вести на Viber

Oчув претепал бебе во Србија. 

Очувот на возраст од 20 години е осомничен дека претепал седуммесечно бебе, а само ден пред апсењето објавил слики од бебето на социјалните мрежи на кои се гледаат модринки на лицето на детето, пишува српски Курир. Тој го претепал бебето додека ја праќал сопругата во продавница. Бебето е примено во болница со страшни повреди: фрактура на надлактицата, клучна коска, хематом на главата, скршеници на ребрата и внатрешно крварење. Детето тешко дишело. 

Поради тежината на повредите, детето од Краљево е префрлено во Белград, а очувот е уапсен додека бил на шалтерот во болницата каде дошол да се распраша за состојбата на бебето. Мајката дури подоцна признала дека нејзиниот партнер го претепал бебето и и ги нанел повредите.

Пред само неколку дена, А.К на социјалните мрежи објавил видео од бебе во прегратките на неговата мајка И.И.(19).

Во февруари годинава српската полиција уапси маж од Власотинце затоа што до смрт го претепал детето на својата партнерка. 

Фото: социјални мрежи

Можеби ќе ве интересира

БОЕЊЕ ВЕЛИГДЕНСКИ ЈАЈЦА ПРЕД РТС: Студентите ги повикуваат граѓаните заедно да ги поминат празниците

БОЕЊЕ ВЕЛИГДЕНСКИ ЈАЈЦА ПРЕД РТС: Студентите ги повикуваат граѓаните заедно да ги поминат празниците

КРАЈНО ОПАСЕН ИНЦИДЕНТ – АВИОН СЛЕТАЛ НА АЕРОДРОМОТ ВО ДУБРОВНИК, МУ СЕ ПРИБЛИЖИЛ ДРОН: Загрозена безбедноста на патниците и екипажот

КРАЈНО ОПАСЕН ИНЦИДЕНТ – АВИОН СЛЕТАЛ НА АЕРОДРОМОТ ВО ДУБРОВНИК, МУ СЕ ПРИБЛИЖИЛ ДРОН: Загрозена безбедноста на патниците и екипажот

ВУЧИЌ: Небото ќе ми падне на глава од притисокот за одењето во Москва

ВУЧИЌ: Небото ќе ми падне на глава од притисокот за одењето во Москва

ВОЕН СОЈУЗ СО КОСОВО, АЛБАНИЈА И ХРВАТСКА: Бугарските власти се огласија по изјавата на косовскиот министер

ВОЕН СОЈУЗ СО КОСОВО, АЛБАНИЈА И ХРВАТСКА: Бугарските власти се огласија по изјавата на косовскиот министер

(ВИДЕО) СРПСКИТЕ СТУДЕНТИ СТИГНАА ВО СТРАЗБУР: Погледнете како беа пречекани

(ВИДЕО) СРПСКИТЕ СТУДЕНТИ СТИГНАА ВО СТРАЗБУР: Погледнете како беа пречекани

ПОСЛЕДЕН ПАТ ЈА ВИДЕЛЕ ПРЕД ЗГРАДАТА: Исчезнато девојче од Хрватска e пронајдено во Штутгарт

ПОСЛЕДЕН ПАТ ЈА ВИДЕЛЕ ПРЕД ЗГРАДАТА: Исчезнато девојче од Хрватска e пронајдено во Штутгарт

РАМА Е ГОРД НА АЛБАНИЈА: Отвори ново поглавје во преговорите со ЕУ

РАМА Е ГОРД НА АЛБАНИЈА: Отвори ново поглавје во преговорите со ЕУ

ЗАГРЕБЧАНИТЕ ЗЕМААТ ЗА 172 ЕВРА ПОВИСОКА ПЛАТА ОД ПРОСЕЧНИОТ ХРВАТ - аирлија: Стигнаа до 1.564 евра нето

ЗАГРЕБЧАНИТЕ ЗЕМААТ ЗА 172 ЕВРА ПОВИСОКА ПЛАТА ОД ПРОСЕЧНИОТ ХРВАТ - аирлија: Стигнаа до 1.564 евра нето

БАЛКАНОТ НЕ МОЖЕ ВЕЌЕ ДА СЕДИ НА ДВЕ СТОЛЧИЊА: Британски политичар тврди дека Путин има амбиции за регионот

БАЛКАНОТ НЕ МОЖЕ ВЕЌЕ ДА СЕДИ НА ДВЕ СТОЛЧИЊА: Британски политичар тврди дека Путин има амбиции за регионот