Детско креветче се повлекува од српскиот пазар поради опасност од задушување
Објавено во: Балкан 21 Февруари, 2025 11:04
Детско креветче произведено во Кина се повлекува од српскиот пазар поради опасност по здравјето и животот, објави Министерството за внатрешна и надворешна трговија на Србија на нивната специјализирана веб-страница НЕПРО.
Детскиот кревет на брендот „KIKKA BOO“, и моделот „MATEA NAVY“, се повлекува од продавниците.
Ова креветче е наменето за деца на возраст од шест до 36 месеци. Производот е спакуван во картонска кутија со залепена етикета.
Причина за повлекувањето, посочија, е опасност од задушување.
„Аглите на креветчето се испакнати, па постои можност детето да ги стави во уста и да се задави. Дополнително, празнините на аглите на креветчето се преголеми, така што детето може низ нив да стави делови од телото и да се заглави“, предупредуваат од Министерството.
Затоа, следува повлекување на производот од пазарот и повлекување на производот од потрошувачите, како и присилни мерки со кои се забранува нудење, прикажување, испорака и ставање на располагање на производот.
Povlači se krevetac za decu sa tržišta Srbije zbog rizika od gušenja https://t.co/jig0TMYJlw
— milicatalijan (@talijan2) February 21, 2025
Дистрибутер на овој производ во Србија е веледрогеријата за бебешка опрема „KIKKA FAMILY“ од Крагуевац.
А производот можеше да се најде во многу градови низ Србија: „Борсо-Тек“ Крагуевац; „Lucky Land“ Лозница; „Триумф Кидс“ Врњачка Бања; „Ема СЛ“ Врање; „Беби Шоп Афа“ Нови Пазар; „Кобиг“ Белград; „Кликни-Кликни“ Ниш; „Филип“ Лесковац; „Меда шоп“ Белград; „Купи на клик“ Ниш; „Деца“ Сомбор; „Нинулина“ Лесковац; „4 деца“ Ниш; „Бебко“ Сомбор; „Пепелашка“ Јагодина; „Кети“ Краљево; „Каролија“ Сид; „Нена“ Врњачка Бања; „Совршената бајка“ од Ујкановиќ; „Стиг“ Нови Пазар; „Колибри“ Парацин; „Детска земја“ Вршац.
Фото: Принтскрин/Х* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва:
Можеби ќе ве интересира
(ВИДЕО) Лудиот план на Кина на Балканот: Пробивање канал низ Србија и Македонија
Планирате да одите во Грција, но се мислите поради блокадите: Еве како да стигнете до таму без пречки!
(ВИДЕО) КАКО ИЗГЛЕДААТ БЛОКАДИТЕ НА ГРЧКИТЕ ЗЕМЈОДЕЛЦИ: Денеска Солун остана и без такси
Шекеринска: НАТО внимателно го следи руското хибридно мешање на Балканот
Хорор во Чачак: Ги исекол грлата на родителита, па се избодел и си ги пресекол вените
Отсечена главата на шестметарскиот споменик на Тито во Велење
„БАЈРОН“ ПРЕДИЗВИКА СЕРИОЗНИ ПРОБЛЕМИ И ПОПЛАВИ ВО АТИНА - училиштата затворени
ОГРОМНА ГУЖВА, СЕ ЧЕКА И ДО 12 ЧАСА: EES направи хаос на границите со Унгарија и Хрватска
Американски конгресмени бараат од Трамп да го стабилизира Балканот, имаат сериозни забелешки за Србија





