Деветтиот МИЛИОНЕР ЏЕК ПОТ падна во рацете на Демири
Објавено во: Мои пари 24 Август, 2016 13:17
Во релаксирана атмосфера, пред обложувалницата Спорт Лаиф кај Соборниот храм во Скопје, Државна видеолотарија на Македонија пред медиумите го претстави најновиот добитник на Милионер Џек пот.
Насмеаниот Демири, придружуван од целото семејство, од претставниците на ДВЛМ, Спорт Лаиф и автомобилскиот ас Игор Стефановски Иџе, го доби Милионер Џек Пот чекот кој гласеше на истиот износ како и самата добивка- 1.376.494,00 денари.
[caption id="attachment_232823" align="aligncenter" width="610"]
Демири со тимот на ДВЛМ[/caption]
Насмеан и возбуден ни ја раскажа својата забавна приказна која го донесе на патот на среќата. Игра често, во паузите од работните обврски и грижата за семејството. Досега имал само ситни добивки. Оваа е првата поголема на која се радуваа сите членови на семејството. Парите ќе ги потрошат за се она што им недостасува, но најмногу се радуваат што ќе може да ги изненадат трите дечиња, посебно помалата ќеркичка која од септември тргнува во училиште и најмалото синче, кое се опоравува по болеста.
Ова е деветти милионер, добитник на МИЛИОНЕР ЏЕК ПОТ на ДВЛМ, инаку прв кој падна кај нивниот соработник Спорт Лаиф.
[caption id="attachment_232817" align="alignright" width="184"]
Дане Кузмановски, директор на ДВЛМ[/caption]
Според првиот човек на ДВЛМ, Дане Кузмановски, Спорт Лаиф се нивните први деловни соработници, пред да ја развијат својата мрежа низ Македонија.
Токму таму биле инсталирани првите апарати.
Интересно е да се додаде и тоа дека обложувалниците на Спорт Лаиф се места со најголем процент на МИНИ ЏЕК ПОТ добивки досега, од вкупниот број на вакви среќни добитници.
Среќниот Демири, добивката вредна 1.376.494,00 денари, ја освоил во обложувалницата Спорт Лаиф Треид Маџари 1 во Скопје на 19.08.2016.
Можеби ќе ве интересира
МЛАДАТА УМЕТНИЧКА ОЛИМПИЈА КАМЧЕВА-СТОЈЧЕСКА ДОБИТНИК НА ПРЕСТИЖНАТА НАГРАДА SANTIPHARMA AWARD ВО ВЕНЕЦИЈА
КАСТРИОТ АРИФИ ВО „БИЗНИС-КЛУБ“: „ОБРАЗОВАНИЕТО ТРЕБА ДА СЕ ФОКУСИРА НА РАЗВОЈ НА ВЕШТИНИ, КРИТИЧКО МИСЛЕЊЕ И МЕДИУМСКА И ДИГИТАЛНА ПИСМЕНОСТ“
„Музички вез со џез ритам“ - омаж на македонското музичко наследство
И Центарот за обука на МВР ќе се снабдува со енергија од фотоволтаична централа – донација од ОКТА
Халкбанк клучен поддржувач на македонскиот ракомет, потпишан договор за соработка и за 2026 година
Инграм Микро – Македонија, Албанија и Косово го одбележува својот десетгодишен јубилеј: декада на раст, партнерство и технолошка трансформација
Дигитална картичка веднаш! „Digital first“- нова функционалност на НЛБ Банка





