17 Декември, 2025
0.0383

Џихадистите со нови закани против Белгија

Објавено во: Свет 25 Февруари, 2015 11:09

Добивај вести на Viber

Џихадистите упатиле нови закани против Белгија, објавуваат локалните медиуми.

На профили на Твитер на белгиски џихадисти се поставени фотографии, направени пред Атомиум - архитектонски симбол на Брисел. На фотографиите се гледаат бели листови со натписи на арапски јазик. Едниот од нив содржи верски натпис, каков што е напишан на знамето на терористичката група Исламска држава (ИД). Другиот натпис гласи Со Божјата волја ИД ќе остане засекогаш во Брисел“.

Под фотографиите на интернет е напишано дека авторите се поддржувачи на ИД во Белгија.

Од средината на јануари ова е уште една закана од џихадистите против кралството. Минатата недела во книжарница во Брисел беше испратено писмо со слики на знамето на ИД и на автомат, со кое се упатуваат апели за прекин на продажбата на францускиот неделник „Шарли ебдо".

Четири дена порано двајца белгиски џихадисти раширија видео од фронтот во Сирија, во кое се вели дека ќе биде бесповратно за Париз и Брисел.

Во почетокот на февруари во редакцијата на еден од главните белгиски весници беше испратено писмо во кое се тврдеше дека ИД ќе ја освојат Европа од Белгија. „Она што се случи во Франција, ќе се повтори во Белгија“, е наведено во писмото.

Според разузнавачки податоци џихадисти со белгиски документи за ИД се неколку стотици. Над 40 од нив беа осудени на прва рација претходниот и овој месец, иако локацијата на повеќето останува неизвесна.

Во мај минатата година француски џихадист, работел за ИД во Сирија, а извршил и атентат врз Еврејскиот музеј во Брисел.

При истрагата за атентатите во Париз од јануари во редакцијата на "Шарли ебдо" и еврејската продавница беше утврдено дека дел од оружјето, користено од терористите, било купено во Белгија.

Можеби ќе ве интересира

Русија остави простор за разговори за странски сили во Украина

Русија остави простор за разговори за странски сили во Украина

Трамп нареди „целосна блокада“ на санкционираните танкери за нафта што доаѓаат и заминуваат од Венецуела

Трамп нареди „целосна блокада“ на санкционираните танкери за нафта што доаѓаат и заминуваат од Венецуела

Лавров: Америка ни вети украинска територија

Лавров: Америка ни вети украинска територија

Претставник на српска компанија за оружје починал под сомнителни околности во Москва

Претставник на српска компанија за оружје починал под сомнителни околности во Москва

Европска земја ќе произведува десетици илјади дронови годишно за Украина

Европска земја ќе произведува десетици илјади дронови годишно за Украина

(ВИДЕО) Силен ветер урна позната статуа во Бразил

(ВИДЕО) Силен ветер урна позната статуа во Бразил

Ова ја вознемири Русија: Ги прашувал учениците за националноста, па ги избодел

Ова ја вознемири Русија: Ги прашувал учениците за националноста, па ги избодел

Австралискиот премиер го посети во болница херојот на Бонди: Ахмед ал-Ахмед e „најдоброто од нашата земја“

Австралискиот премиер го посети во болница херојот на Бонди: Ахмед ал-Ахмед e „најдоброто од нашата земја“

САД даваат безбедносни гаранции за Украина, но нема договор за територијални отстапки

САД даваат безбедносни гаранции за Украина, но нема договор за територијални отстапки