18 Декември, 2025
0.0608

ДИЕЗЕПАМ, АНТИБИОТИЦИ, ЛЕКОВИ ЗА КАРДИОВАСКУЛАРНИ ЗАБОЛУВАЊА: Во Украина пристигна хуманитарната помош од Македонија

Објавено во: Македонија 13 Јули, 2022 11:50

Добивај вести на Viber

На крајот на јуни, Владата донесе одлука за испраќање хуманитарна помош за Украина која се состои од лекови во вредност од околу 44.000 евра. Во одговор за Фактор, од Владата потврдуваат дека помошта е веќе пристигната во земјата, а македонските власти се подготвуваат да обезбедат уште една помош во лекови.

-Република Северна Македонија во координација со сојузниците во НАТО, а соодветно на потребите на Украина и нашите капацитети има дадено поддршка за Украина и Украинскиот народ. Веќе е реализирано испраќањето на хуманитарна помош за Украина. Согласно нивните потреби, Министерството за здравство презема активности за обезбедување донации од лекови и медицински средства, и во соработка со Министерството за одбрана и амбасадата на Украина е организиран превоз и помошта е доставена до крајната дестинација. Инаку, веќе се преземаат подготвителни активности за реализација на уште една донација за обезбедување медикаменти и антибиотици. Согласно одлуката на Влада, нашата држава во три наврати испрати и воена помош за Украина. Дали во следниот период ќе се испраќа дополнителна помош зависи од побарувањата, но пред сѐ во согласност со нашите капацитети, велат од Владата.

Пратката се состои од диезепами, антибиотици, антихистаминици и лекови за кардиоваскуларни заболувања.

Диазепамот (Валиум, Бенседин, Диазепамум, Seduxenum, Relanium, Sibazonum) спаѓа во групата на бензодиазепини (во почетокот произведуван под трговскиот назив Валиум) и претставува седатив, релаксант на мускулите, хипнотик и антиконвулзант. Дејствува против анксиозност и емоционална нелагодност.

Овој лек, според Светската здравствена организација се смета за неопходно лекарство.

FLAGY Метронидазолот е антибиотик и антипротозоичен лек. Се користи во третманот на карлични инфламаторни болести, ендокардитис, и бактериска вагиноза. Ефикасен е при дракункулијаза, гијардијаза, трихомонијаза и амебијаза.

Фуросемидот е лек кој се користи во третманот на отоци настанати поради срцева слабост, цироза или бубрежна болест. Исто така се користи во третманот на покачен крвен притисок. 

Цитерал е антибиотик кој се употребува при инфективни цревни заболувања предизвикани од Salmonellae (A02), Shigellae (A03), инфекции предизвикани од Mycobacterium tuberculosis (A15-A19), инфекција на респираторниот тракт предизвикана од Mycoplasma pneumoniae (J15.7),  инфекции на урогениталниот тракт (N30 N34; N36; N37; N39; N72), како и при оспаление на средното уво (H66).

Бисол, лек наменет при кардиоваскуларни заболувања.

Во хуманитарната пратка има уште и антихистамински лекови, односно Лоратадин кој се употребува при алергиски реакции.

На последната средба со украинската амбасадорка во Македонија, Наталија Задорожњук, министерката за одбрана Славјанка Петровска истакна дека Украина и храбриот украински народ ја имаат нашата поддршка и дека Македонија помага во име на мирот.

Анита Буховски


Можеби ќе ве интересира

УШТЕ ЕДНА ПРИЈАВА ЗА ПОРАНЕШНИОТ ГРАДОНАЧАЛНИК НА СТРУМИЦА - МВР го гони за несовесно работење и злоупотреба на службата

УШТЕ ЕДНА ПРИЈАВА ЗА ПОРАНЕШНИОТ ГРАДОНАЧАЛНИК НА СТРУМИЦА - МВР го гони за несовесно работење и злоупотреба на службата

МВР: Вработени од тетовското социјално одобрувале надомест со фалсификувано конзилијарно мислење

МВР: Вработени од тетовското социјално одобрувале надомест со фалсификувано конзилијарно мислење

СДСМ: Неуспешен обид да се прикаже уривање одвнатре, очигледно темата со мигрантите е многу поголема

СДСМ: Неуспешен обид да се прикаже уривање одвнатре, очигледно темата со мигрантите е многу поголема

УАПСЕН БУЈАР ДАРЛИШТА, ЕКС ДИРЕКТОР НА УПРАВАТА ЗА ВОДЕЊЕ НА МАТИЧНИ КНИГИ: Тошковски со детали за апсењето

УАПСЕН БУЈАР ДАРЛИШТА, ЕКС ДИРЕКТОР НА УПРАВАТА ЗА ВОДЕЊЕ НА МАТИЧНИ КНИГИ: Тошковски со детали за апсењето

Обвинение за ексдиректорот на „Комунална хигиена“ Рустеми за ѓубрето во Скопје

Обвинение за ексдиректорот на „Комунална хигиена“ Рустеми за ѓубрето во Скопје

Обвинение за упадот во „Инфомкас“, напаѓачот бил пресметлив

Обвинение за упадот во „Инфомкас“, напаѓачот бил пресметлив

Левица: Ќе доставиме докази против Томовски во Антикорупциска

Левица: Ќе доставиме докази против Томовски во Антикорупциска

Игор Ивановски и Андреј Петров отвораат фронт за преземање на СДСМ?

Игор Ивановски и Андреј Петров отвораат фронт за преземање на СДСМ?

ВМРО-ДПМНЕ: Државниот ревизор потврди дека Груби прикрил 2 милиони евра од Лотарија

ВМРО-ДПМНЕ: Државниот ревизор потврди дека Груби прикрил 2 милиони евра од Лотарија