20 Мај, 2024
0.0264

ДИГИТАЛНАТА ТРАНСФОРМАЦИЈА- КЛУЧНА ЗА БИЗНИСОТ

Објавено во: Мои пари 17 Септември, 2018

Добивај вести на Viber

Дигитална трансформација претставува процес на зголемена употреба на дигитални алатки и технологии од страна на една организација (компанија) со цел да се изврши коренита промена на внатрешните и надворешните процеси и функции на истата. Ако сака да успее на пазарот, секоја корпорација, бренд, мало или средно претпријатие, фриленсер, занаетчија, мора да се стреми кон тоа. Она што е важно и треба да се потенцира е дека дигиталната трансформација е предводена од стратегијата, а не од технологијата.

Токму ова ќе биде во фокусот на седмото издание на AllWeb, конференцијата за дигитални комуникации, што на 16-ти ноември ќе се одржи во Скопје. Како и до сега, на сцена ќе се појават врвни говорници од Европа и светот, за да ги споделат своите искуства и научени лекции на темата. Покрај тоа, ќе се зборува и за иднината на (социјалните) медиуми и за други актуелни теми од светот на маркетингот и онлајн комуникацијата. 

“Седми пат по ред AllWeb ќе покаже зошто беше прва и се уште е единствената конференција за дигитални комуникации во Македонија. Листата на говорници ја составувавме многу внимателно за секој учесник да може да слушне нешто од неговото поле на интерес. За некои од посетителите, ова ќе биде ново и сосема поинакво искуство, за други ќе значи почеток на промена во работењето, за трети можеби и нови бизнис можности, но едно е сигурно- никој нема да остане рамнодушен“- вели Дарко Булдиоски, директор на програма на AllWeb.

На конференцијата се очекува учество на околу 300 претставници на високите одлучувачки структури во различни компании, маркетинг и професионалци за односи со јавноста, претприемачи. Дел од говорниците на сцената се Мет Десмајер- директор на компанијата за стратешки комуникации Wise Old Uncle, Драган Варагиќ- консултант за дигитална трансформација и автор на книгата Дигитален Пре-маркетинг, Владимир Тошиќ- менаџер за дигитални комуникации во The Coca-Cola Company за југоисточна Европа и др. Влезниците се достапни преку официјалната веб страница на конференцијата: allweb.mk.

Сите информации за содржината на конференцијата и говорниците редовно се дополнуваат на allweb.mk.


Можеби ќе ве интересира

Една година по вградувањето вештачки колк, 30-годишната Менче е подготвена да трча маратон

Една година по вградувањето вештачки колк, 30-годишната Менче е подготвена да трча маратон

Започнува караванот за финансиско советување на НЛБ Банка

Започнува караванот за финансиско советување на НЛБ Банка

Рекорден број домашни и странски натпреварувачи и два урнати рекорди го одбележаа 12. издание на настанот „Sparkasse Life Прв до врв“

Рекорден број домашни и странски натпреварувачи и два урнати рекорди го одбележаа 12. издание на настанот „Sparkasse Life Прв до врв“

Револуционерните филери на Синклер достапни во Клиника Жан Митрев

Револуционерните филери на Синклер достапни во Клиника Жан Митрев

„Вози право, вози здраво“ осми пат низ скопските улици, регистрацијата веќе е отворена

„Вози право, вози здраво“ осми пат низ скопските улици, регистрацијата веќе е отворена

Women in Business – уникатен бизнис пакет од ПроКредит Банка и ЕБОР за поддршка на жени претприемачи

Women in Business – уникатен бизнис пакет од ПроКредит Банка и ЕБОР за поддршка на жени претприемачи

Вкупно 1650 учесници се натпреваруваа и забавуваа на осмото издание на трката „ХалкЕко Скопје трча 10км“

Вкупно 1650 учесници се натпреваруваа и забавуваа на осмото издание на трката „ХалкЕко Скопје трча 10км“

Лесја Украинка: Москва се обидува да го наруши и дискредитира Самитот за мир во Швајцарија

Лесја Украинка: Москва се обидува да го наруши и дискредитира Самитот за мир во Швајцарија

Промоција на „Шарени ириси“ – новата хибридна инклузивна сликовница во издание на „Арс Ламина“

Промоција на „Шарени ириси“ – новата хибридна инклузивна сликовница во издание на „Арс Ламина“