13 Февруари, 2025
0.0358

Дигиталната трансформација го трасира глобалниот пат за текстилната индустрија

Објавено во: Македонија 23 Март, 2022

Добивај вести на Viber

Како дигиталната трансформација ја менува текстилната индустрија, кои се најголемите предизвици на нашите компании и модни дизајнери, како се издржуваат притисоците, но и како да се заштеди, а истовремено да се делува глобално беа само дел од темите на кои се дискутираше на вториот панел во рамки на тридневната конференција Skills4futureWeek во организација на УНДП, посветен на дигиталната трансформација на текстилната индустрија и 3Д моделирањето.


На панел дискусијата посветена на 3Д дизајн и трансформација на модната индустрија беше прикажано како се креира облека со помош на 3Д софтвер, а како на традиционален начин. На практичен начин беа прикажани придобивките од дигиталната трансформација во текстилната индустрија.

Никола Булески, моден дизајнер и предавач на обуките за 3Д дизајн во SkilsNext Центарот во Тетово кажа дека е пресреќен што има можност да обучува млади луѓе со помош на овој софтвер. Досега обуките ги поминале над 100 млади луѓе и интересот е голем.
- Предизвикот да се работи со софтверот е голем. Ако се земе во предвид и скептицизмот кој е општо прифатена појава во земјава од аспект на сѐ што е ново е многу страшно и може да нѐ изеде, тој е уште поголем. Во текстилната индустрија најпосакувани се ниско-образованите структури и секогаш кога се мисли на текстилна индустрија се мисли само на тоа дека ни требаат шивачки. Но, она што го нудиме со овој софтвер и она што се залагаме е да обучиме луѓе што ќе додадат вредност на производот- рече Булески.
Тој потенцираше дека шивачки секако се потребни, но целта е да се креира човечки ресурс кој ќе може да даде нешто поинакво.
- Не треба никој да се плаши за работно место, дури ќе има повеќе место за шивачки ако создадеме нов прозивод што ќе го продадеме надвор на пазарот. Ако на традиционален начин за развој на нов производ се трошат 380 евра, затоа што се прави еден прототип, па тој претрпува промени, со помош на 3Д софтверот целиот процес се изведува на аватар и чини околу 140 евра. Со користење на вакви технологии, индустријата може многу да заштеди, од пари, до ресурси и да не се создава отпад.
Булески рече дека сериозен проблем е и тоа што ќе прави овој кадар што ќе се обучи, но заедно со Центарот планираат на најдобрите студенти да им обезбедат услови за работа на реални проекти и истите да им се прикажат на индустријата.

Гере Трипков, основачот на ЗЕН, првата бренд линија наменета за лицата со попреченост рече дека идејата за овој проект ја добил одамна, но зреела во него цели 35 години. Тој кажа со какви предизвици се соочуваат.
- Кога ја креравме првата маичка со наслов ЗЕН, чија продажба беше наменета за помош на лица со попреченост, увидовме дека нашите текстилни капацитети не работат на свои производи и дека се комплетно насочени кон извоз. Тоа за мене е запрепастувачки, затоа што имаме гранка која има толкав потенцијал меѓутоа тој не се користи соодветно - рече Трипков.
Модната линија ЗЕН примарно е наменета за лицата со попреченост, но не исклучиво. Облеката што тие ја прават им го олеснува облекувањето на лицата со попреченост и им го скратува времето за подготвување за половина. Трипков истакна дека облеката ќе се прави од рециклирани материјали и ќе се шие во Македонија. На почетокот планираат помало производство додека не го испитаат пазарот.

Ирина Тошева, модна дизајнерка, добитник на наградата „Предводници на целите за одржлив развој“ за 2019, објасни што значи принципот на одржливост во модната индустрија.

- Важно е да внимавате од кого купувате и што носите на себе. Одржливоста е долга тема, но драго ми е што и кај нас почнува да се слуша за неа. Одржливоста значи, како еден во еден традиционален систем на одржување да пробаме да ги намалиме лошите практики кои ги има во тој систем, штетата која ја прави на планетата земја, кон своите работници, додека пак циркуларноста е како тој систем целосно да го смениме, да направиме нов каде цело време ќе се користат истите ресурси во еден круг - рече таа.
Тошева истакна дека сѐ повеќе дизајнери кај нас се трудат да работат одржливо, а и има сѐ поголема клиентела која внимава и на овој дел. Објасни дека одржливоста значи и користење на материјали со одредени сертификати кои потврдуваат дека сите што работеле на тоа парче облека се фер платени, дека производот е органски и не може да ви ја иритира кожата, како и тоа дека се користени безбедни бои кои нема да ѝ наштетат на планетата и не се токсични.

Иднината според неа, е во вакви одржливи, циркуларни и зелени брендови.

Јасмина Лазовска, менаџерка на штипската компанија „Вера Монд“ која работи со 3Д софтвер за моделирање објасни кој бил мотивот да се влезе во светот на иновативната технологија во текстилната индустрија. Таа рече дека првично за овој начин на моделирање слушнала во 2020 гoодина токму на настан во рамки на проектот Skills4Future.

- Јас сум практично наследник на компанија која успшено работи 25 години, како лонг производител, впрочем како и 95 отсто од текстилните компании во Македонија. Карактеристично нели, за жал тоа се компании кои вработуваат ниско-квалификувана работна сила која што создава ниска додадена вредност која пак сама по себе носи ниска валоризација, а таа ниска просечна плата. Токму ова мене ме извади надвор од текстилната индустрија во 2017 година иако сум наследник. Но, на крај на 2020 година кога дознав за 3Д модниот дизајн, тој ме врати назад. Научив дека за да живее една компанија мора да вработува млад кадар. А во текстилната индустрија вработените се на просечна возраст од 50 години. Но, за да вработиме млад кадар, потребно е да понудиме нова технологија, соодветна на новото време на живеење. Така ја увидов мојата нова цел - рече Лазовска.
Со ментор изработиле стратегија за дигитална трансформација на компанијата која почнала да се применува од јануари. Иновацијата е препознаена и од Фондот за иновации од кои добиле поддршка за развој на нови производи. Вршат постојана едукација на кадарот, а ангажирани се и млади лица кои ги привлекле да работат за нив.

- Не само што се скратува процесот на развој на производ, не само што се заштедува, туку комуникацијата со клиентите се одвива во секунди, а пазарот од локален станува глобален - рече Лазовска.
Тридневната конференција Skills4futureWeek во органзиација на УНДП започна вчера, е во рамки на проектот „Премостување на јазот кај вештините за создавање нови и подобри работи места“, поддржан од Британската амбасада во Скопје.


Можеби ќе ве интересира

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Промена на грбот ќе има, но Касами говори дека и химната треба да се смени

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Промена на грбот ќе има, но Касами говори дека и химната треба да се смени

Дали Влатко Ѓорчев е Македонецот кој молел Стејт департментот да не ја урива Владата на Груевски?

Дали Влатко Ѓорчев е Македонецот кој молел Стејт департментот да не ја урива Владата на Груевски?

КОСТАДИНОВ: Од денес над Македонија, до Рока Мандолина!

КОСТАДИНОВ: Од денес над Македонија, до Рока Мандолина!

КАСАМИ: Не само грбот туку и химната треба да се менува

КАСАМИ: Не само грбот туку и химната треба да се менува

Македонец во Стејт Департментот молел да не падне владата на Груевски

Македонец во Стејт Департментот молел да не падне владата на Груевски

БОРИСОВ ЗА ИЗЈАВАТА НА МИЦКОСКИ ЗА БУГАРИ ВО УСТАВОТ: Toa e aпсолутна првокација

БОРИСОВ ЗА ИЗЈАВАТА НА МИЦКОСКИ ЗА БУГАРИ ВО УСТАВОТ: Toa e aпсолутна првокација

ЗАПЛЕНЕТИ НАД 188 КИЛОГРАМИ МАРИХУАНА „ТЕШКА“ НАД 700 ИЛЈАДИ ЕВРА - Царина и БЈБ со детали за стопираниот извоз на дрога

ЗАПЛЕНЕТИ НАД 188 КИЛОГРАМИ МАРИХУАНА „ТЕШКА“ НАД 700 ИЛЈАДИ ЕВРА - Царина и БЈБ со детали за стопираниот извоз на дрога

Обвинителството нареди вонреден надзор над загадувачите на воздухот во Скопје

Обвинителството нареди вонреден надзор над загадувачите на воздухот во Скопје

ГОЛЕМИТЕ СИНЏИРИ МАРКЕТИ ЗАРАБОТИЈА КАЗНИ ОД ВКУПНО 82 ИЛЈАДИ ЕВРА ОД АХВ - нехигиенски држеле и продавале месо, а имало и со поминат рок

ГОЛЕМИТЕ СИНЏИРИ МАРКЕТИ ЗАРАБОТИЈА КАЗНИ ОД ВКУПНО 82 ИЛЈАДИ ЕВРА ОД АХВ - нехигиенски држеле и продавале месо, а имало и со поминат рок