18 Декември, 2025
0.0467

Дигитални уреди – колку се штетни за видот на вашето дете?

Објавено во: Мои пари 17 Август, 2016 12:07

Добивај вести на Viber

Модерното време ги направи децата и компјутерите неразделни. Новите генерации растат со современата технологија, која има многу предности,  но исто така и мани, штетна е не само кога е во прашање психофизичкото здравје, туку може значително да го наруши и видот. Децата многу време поминуваат пред современите гаџети, така што треба да знаете какво влијание имаат и како да ги заштитите вашите деца oд нив.

  1. Дигиталните уреди емитуваат т.н. сина светлина која може да го зголеми ризикот детето кога ќе порасне да заболи од макуларна дегенерација, т.е. за болување на дел од окото.
  2. Иритација може да се јави и од намалениот проток на солзи во окото, бидејќи детето кога гледа во екран помалку трепка, па поради тоа окото да станува посуво.
  3. Доколку детето поминува многу часа пред компјутер, постои поголема шанса кога ќе порасне да му се појави миопија, односно кратковидост.
  4. Секои 20 минути вашето дете би требало да ги тргне очите од компјутерот и барем 6 метри да биде одалечен од нив.
  5. Се препорачуваат специјални очила додека тоа гледа во екран. Oчилата со поликарбонатски леќи нудат највисок степен на заштита од зрачењето на екраните и им овозможуваат јасен вид. Многу очила имаат леќи кои ја задржуваат сината светлина и истите можат да се носат во текот на многу активности на детето.
  6. Социјализирајте го. Повеќето активности нека ги прави со другарчиња, братот, сестрата. Доколку се чувствува осамено, ќе посегне по компјутерот. Затоа, направете да му е интересно и надвор од дома. Помогнете му да се запознае со другарчиња во парк или во маало.

Не можете да очекувате вашето дете да не користи дигитални уреди, но со помош на горенаведените предлози може да се контролира видот и да не дојде до негово нарушување. Уште од најмала возраст, треба да се прават редовни офталмолошки прегледи и во случај на диоптрија, да се следи состојбата на окото и растот на диоптерот.

За да се направи ласерска корекција, потребно е да има над 18 години и стабилен диоптер минимум една година. Систина Офталмологија ја изведува оваа интервенција во соработка со најголемата Универзитетска очна клиника „Свјетлост“ од Загреб која е прва клиника во Хрватска која започна да работи ласерско отстранување на диоптрија уште пред 18 години и до сега оперирала преку 50.000 очи.

(Специјален летен попуст во Систина ОфталмологијаЛасерската корекција на диоптрија за 450 евра од око за првите 100 пациенти кои ќе ја направат интервенцијата до 30.08.2016 година. Повеќе информации на тел: 02/3097-000 или 070/351-008).

Можеби ќе ве интересира

Одлични посни вкусови за празничната трпеза

Одлични посни вкусови за празничната трпеза

МЛАДАТА УМЕТНИЧКА ОЛИМПИЈА КАМЧЕВА-СТОЈЧЕСКА ДОБИТНИК НА ПРЕСТИЖНАТА НАГРАДА SANTIPHARMA AWARD ВО ВЕНЕЦИЈА

МЛАДАТА УМЕТНИЧКА ОЛИМПИЈА КАМЧЕВА-СТОЈЧЕСКА ДОБИТНИК НА ПРЕСТИЖНАТА НАГРАДА SANTIPHARMA AWARD ВО ВЕНЕЦИЈА

КАСТРИОТ АРИФИ ВО „БИЗНИС-КЛУБ“: „ОБРАЗОВАНИЕТО ТРЕБА ДА СЕ ФОКУСИРА НА РАЗВОЈ НА ВЕШТИНИ, КРИТИЧКО МИСЛЕЊЕ И МЕДИУМСКА И ДИГИТАЛНА ПИСМЕНОСТ“

КАСТРИОТ АРИФИ ВО „БИЗНИС-КЛУБ“: „ОБРАЗОВАНИЕТО ТРЕБА ДА СЕ ФОКУСИРА НА РАЗВОЈ НА ВЕШТИНИ, КРИТИЧКО МИСЛЕЊЕ И МЕДИУМСКА И ДИГИТАЛНА ПИСМЕНОСТ“

„Музички вез со џез ритам“ - омаж на македонското музичко наследство

„Музички вез со џез ритам“ - омаж на македонското музичко наследство

И Центарот за обука на МВР ќе се снабдува со енергија од фотоволтаична централа – донација од ОКТА

И Центарот за обука на МВР ќе се снабдува со енергија од фотоволтаична централа – донација од ОКТА

Халкбанк клучен поддржувач на македонскиот ракомет, потпишан договор за соработка и за 2026 година

Халкбанк клучен поддржувач на македонскиот ракомет, потпишан договор за соработка и за 2026 година

Инграм Микро – Македонија, Албанија и Косово го одбележува својот десетгодишен јубилеј: декада на раст, партнерство и технолошка трансформација

Инграм Микро – Македонија, Албанија и Косово го одбележува својот десетгодишен јубилеј: декада на раст, партнерство и технолошка трансформација

Минт Кредит - Роденденска акција што носи подарок

Минт Кредит - Роденденска акција што носи подарок

Дигитална картичка веднаш! „Digital first“- нова функционалност на НЛБ Банка

Дигитална картичка веднаш! „Digital first“- нова функционалност на НЛБ Банка