05 Декември, 2025
0.0457

Дијаспората се покажа: годинава испратила 1,18 милијарди евра во Македонија!

Објавено во: Економија 03 Декември, 2012 08:50

Добивај вести на Viber

Од почетокот на годинава, па до крајот на септември во Македонија влегле 1 милијарда и 180 милиони евра по основ на приватни трансфери. Според податоците на НБРМ приливот по оваа основа изнесувал 1 милијарда и 213 милиони евра додека одливот 33,9 милиони евра.  Во приватни трансфери влегуваат дознаките во и од странство на физичките лица, потоа откупените и продадените ефективи во менувачниците, како и останатите трасфери од кој најголем дел се рентите, пензиите, инвалиднините и др. јануари – септември 2012
Приватни трансфери      1.180.000.000 евра
-------------------------------------------------------
Прилив                             1.213.000.000 евра
Одлив                                   33,900.000 евра
  Анализирано по месеци произлегува дека во септември годинава има пад на приватните трансфери во однос на претходните месеци со оглед дека во септември влегле 127, 4 милиони евра , во август 155,3 милиони евра, во јули 169,9 милиони евра, во јуни 125,3 милиони евра , во мај 139.9 милиони евра , во април 134,5 милиони евра , во март 118 ,4 милиони евра , во февруари 96 милиони евра  а во јануари 113,4 милиони евра. Но, сепак , приватните трансфери во првите три квартали од годинава бележат раст во однос на минатата година. Имено, лани, во истиот период, приватните трансфери изнесувале 974,5 милиони евра. Додека пак за цела 2011 година имало вкупно 1 милијарда и 403 милиони евра приватни трансфери. јануари –септември 2011
Приватни трансфери    974.500.00 евра
---------------------------------------------------
Прилив                      1.003.000.000 евра
Одлив                             29.000.000 евра
  Дознаки само од вработените Според податоците на Народната банка , само како дознаки од вработените,  во Македонија во првиот квартал од годинава влегле 138 милиони евра односно во просек печалбарите испраќале по 15,3 милиони евра месечно. Анализрано по месеци најмногу пари испратиле во мај односно 18 милиони евра додека најслабо се покажале во јануари и февруари кога вработените во странство во земјава испратиле по 12 милиони евра.
 
Дознаки од вработени  138.000.000 евра
----------------------------------------------------
Приливи                         149,500.000 евра
Одливи                              11,300.000 евра
  Наташа Стојановска

* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва:

Можеби ќе ве интересира

Koja eвропска земја има најмногу милијардери?

Koja eвропска земја има најмногу милијардери?

БДП СЕ ЗГОЛЕМИ ЗА 3.8 ОТСТО: Кои сектори се со најголем раст?

БДП СЕ ЗГОЛЕМИ ЗА 3.8 ОТСТО: Кои сектори се со најголем раст?

Среброто привлекува сè поголемо внимание од купувачите, eве зошто...

Среброто привлекува сè поголемо внимание од купувачите, eве зошто...

Димитриеска-Кочоска: Немам информација дека доцни породилното

Димитриеска-Кочоска: Немам информација дека доцни породилното

Угостител од Чаир стана директор на „Номагас“

Угостител од Чаир стана директор на „Номагас“

ПРЕДНОВОГОДИШНО РИПНАЛЕ ЦЕНИТЕ НА УГОСТИТЕЛСКИТЕ УСЛУГИ: Еве што покажува статистиката

ПРЕДНОВОГОДИШНО РИПНАЛЕ ЦЕНИТЕ НА УГОСТИТЕЛСКИТЕ УСЛУГИ: Еве што покажува статистиката

ОД 11 ДЕКЕМВРИ НЕМА ПОВЕЌЕ ВОЗ НА ДЕЛНИЦАТА СКОПЈЕ-ЗЕЛЕНИКОВО: Почнува реконструкцијата на пругата

ОД 11 ДЕКЕМВРИ НЕМА ПОВЕЌЕ ВОЗ НА ДЕЛНИЦАТА СКОПЈЕ-ЗЕЛЕНИКОВО: Почнува реконструкцијата на пругата

РКЕ го намали надоместокот за мрежарина за електрична енергија

РКЕ го намали надоместокот за мрежарина за електрична енергија

ДОЦНА НАВЕЧЕР СЕ ПОТПИШУВАА РЕШЕНИЈА: Субвенции за набавка на клима уреди во Скопје

ДОЦНА НАВЕЧЕР СЕ ПОТПИШУВАА РЕШЕНИЈА: Субвенции за набавка на клима уреди во Скопје