10 Април, 2025
0.0540

„Дијазепам“ за акционери и трејдери! Колкава добивка направи „Комерцијална банка“’ за девет месеци?

Објавено во: Економија 28 Октомври, 2022 07:41

Добивај вести на Viber

За некои мотивациска, за други смирувачка, а за сите инвеститори позитивна вест од најголемата домашна банка. Во овие стресни услови на работа Хари Костов цврсто го држи курсот на најголемата домашна банка која ја зголеми својата добивка за 30 отсто во споредба со лани. Профитот изнесува 30 милиони евра и е комбинација на раст на приходи од камати, провизии, надоместоци и курсни разлики во комбинација со јако кастрење на резервации

Апсолутно смирувачки вести за македонската инвеститорска заедница. Конечно! По неизвесноста поврзана со цените на енергенсите, инфлацијата, војната во Украина и актуелната неизвесност со позицијата на Србите во соседно Косово, дојде една убава и здрава вест која може, како виагра, да го крене раположението да домашните трејдери и вложувачи во акции.

Најголемата домашна „Комерцијална банка“ објави дека за 9 месеци остварила профит што изнесува повеќе од 30 милиони евра. Тоа е за 8 милиони евра поголем профит од истиот период лани или 33 отсто. Просечно месечно најголемата македонска банка (според актива н.з) прави добивка од 3,3 милиони евра.

Кој е џокерот на „Комерцијална банка“?

Анализата на финансиските резултати покажува дека најголема заслуга за растот на добивка имаат намалените резервации за ризични кредитни пласмани. За овој период банката има резервирано 8,9 милиони евра за оваа намена, а лани за истиот период резервирала 13,7 милиони евра повеќе. Еве од каде е 60 отсто од растот на добивката.

Значајно да се истакне е дека за овој период „Комерцијална банка“ од курсни разлики остварила нето приходи од 3,7 милиони евра, што е 1,5 милиони евра повеќе од истиот период 2021 година. Еве уште 19 отсто од разликата во профит.

Колкави се нето приходите од камати, провизии и надоместоци?

Вкупно 47,1 милиони евраили 5,4 милиони евра повеќе од истиот период минатата година. Од тоа од камати нето приходите се 34,4 милиони евра, а од провизии и надоместоци уште 12,7 милиони евра.

Очигледно е дека менаџментот под водство на искусниот банкар Хари Костов направил одлична стратегија и успешно ја спровел. Од перформансите на оваа наша банка се добива издржан впечаток дека вложувањето во таа акција не може да даде резултат кој нема да биде добар. Дури, колку и да изгледа како пропагадна иако не е, вложувањето во топ банкарските акции од оваа перспектива делува како најдобра инвестиција во која во критично време не се губат пари, а и добивката за која е изнесно дека ќе следи е повеќе од пристојна.

Што покажува билансот на состојба?

Најважната вест тука е дека кредитното портфолио на „Комерцијална банка“ на крајот на септември изнесува речиси 1 милијарда евра (поточно њ 981 милиони евра) и во споредба со крајот на минатата година досега кредитирањето пораснало за 110 милиони евра. Вложувањата во државни хартии од вредност се на речиси исто ниво како и лани и изнесуваат нешто под половина милијарда евра.

Депозитите во „Комерцијална банка“ за овој период пораснале за околу 50 милиони евра и достигнале 2,17 милијарди евра.

Р.Ф.

Можеби ќе ве интересира

ТРАМП СТОПИРАШЕ, ПА ЕУ СТОПИРАШЕ: Нема царини во следните 90 дена

ТРАМП СТОПИРАШЕ, ПА ЕУ СТОПИРАШЕ: Нема царини во следните 90 дена

КОГА ДИРЕКТОРИТЕ ВЕРУВААТ ВО КОМПАНИЈАТА, А ИМА И ЗОШТО - еве со колку акции се стекнаа членовите на Управниот одбор на „Алкалоид“

КОГА ДИРЕКТОРИТЕ ВЕРУВААТ ВО КОМПАНИЈАТА, А ИМА И ЗОШТО - еве со колку акции се стекнаа членовите на Управниот одбор на „Алкалоид“

ЕВРОПСКИОТ УДАР СКАПО ЌЕ ГИ ЧИНИ: Еве колку ќе плаќа американската економија на европските контра-мерки

ЕВРОПСКИОТ УДАР СКАПО ЌЕ ГИ ЧИНИ: Еве колку ќе плаќа американската економија на европските контра-мерки

„ВАЖЕН ЧЕКОР КОН СТАБИЛИЗИРАЊЕ НА ГЛОБАЛНАТА ЕКОНОМИЈА“: Фон дер Лајен по одлуката на Трамп

„ВАЖЕН ЧЕКОР КОН СТАБИЛИЗИРАЊЕ НА ГЛОБАЛНАТА ЕКОНОМИЈА“: Фон дер Лајен по одлуката на Трамп

Поддршка за нови енергетски проекти и зајакнување на стратешкото планирање – средба Божиновска со Клаус Милер од КфВ банка

Поддршка за нови енергетски проекти и зајакнување на стратешкото планирање – средба Божиновска со Клаус Милер од КфВ банка

КОЛАПС ВО АВТОМОБИЛСКАТА ИНДУСТРИЈА: Заробени илјадници возила во американските пристаништа

КОЛАПС ВО АВТОМОБИЛСКАТА ИНДУСТРИЈА: Заробени илјадници возила во американските пристаништа

ДОМАТИТЕ И КРАСТАВИЦИТЕ НОСАТ ДОБАР ЌАР, 2025 ИМ ТРГНА ОДЛИЧНО НА „ОРАНЖЕРИИ ХАМЗАЛИ“ - но, прашањето е како ќе заврши годината

ДОМАТИТЕ И КРАСТАВИЦИТЕ НОСАТ ДОБАР ЌАР, 2025 ИМ ТРГНА ОДЛИЧНО НА „ОРАНЖЕРИИ ХАМЗАЛИ“ - но, прашањето е како ќе заврши годината

ГЕРМАНСКА БАНКА ИЗДАДЕ ОПАСНО ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ: Се заканува финансиска катаклизма каква што досега не сме почувствувале?

ГЕРМАНСКА БАНКА ИЗДАДЕ ОПАСНО ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ: Се заканува финансиска катаклизма каква што досега не сме почувствувале?

„НАМАЛУВАЊЕТО Е НАД 1.000 ДЕНАРИ, МОЖЕБИ И НАД 1.500“: Ристески објави дека се финализира просечна потрошувачка кошничка

„НАМАЛУВАЊЕТО Е НАД 1.000 ДЕНАРИ, МОЖЕБИ И НАД 1.500“: Ристески објави дека се финализира просечна потрошувачка кошничка