ДИК утре на седница ќе решава за партиските приговори
Објавено во: Македонија 14 Декември, 2016 16:59
Државната изборна комисија (ДИК) утре ќе ја одржи седницата на која треба да одлучува по приговорите од партиитe.
Тие се однесуваат на текот на гласањето на предвремените парламентарни избори на 11 декември. Во ДИК сè уште го немаат утврдено времето кога ќе се одржи седницата.
„За точното време на одржување на седницата ДИК навремено ќе ги извести овластените претставници, акредитираните набљудувачи и медиумите“-стои во соопштението од ДИК.
Крајниот рок до кога Државната изборна комисија треба да одлучи по приговорите истекува утре во 19 часот, односно 48 часа по крајниот рок за прием на приговорите, кој истече вчера во 19 часот.
До Државната изборна комисија поднесени се 16 приговори, од СДСМ и од БЕСА. Ако приговорите се прифатат, можно е да дојде до промена на освоените мандати.
На социјалните мрежи се појавија повици до членовите и симпатизерите на ВМРО-ДПМНЕ за собирање пред канцелариите на ДИК.
Можеби ќе ве интересира
(ВИДЕО) Русковска го пријавила Боки 13 во полиција за телефонско вознемирување
Мицкоски за реакцијата на грчкото МНР: За мене Македонија е свето име
Двајца затаиле данок од над еден милион евра од трговија со злато и накит, обвинителството бара притвор
Пријава од полиција: Кандидат за градоначалник давал по 1.000 денари за да се гласа за него
ГОТОВ Е ОБДУКЦИСКИОТ НАОД НА ПОЧИНАТОТО НОВОРОДЕНЧЕ: Причина за смртта е незрелост на белодробието
ВМРО-ДПМНЕ ИЗГЛАСАЛЕ ИЗМЕНИ НА ЗАКОНОТ ЗА СТРАНЦИ: Кузеска тврди тоа е за потребите на стратешкиот договор, за стратешки проекти
Надминат прагот на загадување во Центар, Гази Баба, Карпош, Лисиче и Ректорат, објавени мерки и препораки
Обвинителството со детали за предметот против Дардишта: Направиле злосторничко здружение, поведена истрага против 33 лица
СДСМ: ДПМНЕ–ЗНАМ со неуставна Резолуција сакаат да забранат дебата за вистината




