30 Март, 2025
0.0389

Дилема: Гимназиско или стручно образование

Објавено во: Економија 25 Април, 2019 13:08

Добивај вести на Viber


Учениците од основните училишта се на крстопат да одлучуваат за својата иднина. Дилемата која стои пред нив е: гимназиско или стручно образование? Академско образование или занимање кое ќе им овозможи стекнување применливи знаења и практични вештини, кои ќе им ги отворат портите за полесно вработување?

Мудрите ученици ќе го одберат стручното образование затоа што тоа им овозможува стручни вештини и побрза вработливост, но и продолжување на образованието.


Ако ги погледнеме податоците од Државниот завод за статистика по години, следствено од учебната 2012/2013 година па се` до тековната 2017/2018 година, континуирано 40% од учениците се запишуваат во гимназиско образование, 58% во стручно образование, а останатите околу 2 % во уметничкото образование. Во прилог на табелата се дадени и запишаните ученици по вид на образование по години.

ДИЛЕМА: ГИМНАЗИСКО ИЛИ СТРУЧНО ОБРАЗОВАНИЕ?
Извор: Државен завод на статистика

Ваквата структура и движење ја отвораат дилемата колку ние, како држава, влијаеме на промоцијата на стручното образование.

ДИЛЕМА: ГИМНАЗИСКО ИЛИ СТРУЧНО ОБРАЗОВАНИЕ?
Извор: Државен завод на статистика

Споредувајќи ги податоците се добива слика дека е поголем бројот на ученици кои се запишуваат во стручното образование во однос на гимназиското, но гледајќи низ годините нема промена во процентот на упис на ученици во стручното образование. Исто така, загрижува фактот дека од година во година бројот на ученици опаѓа и тоа, од 89.814 ученици во учебната 2012/2013 година опаднал на 71.458 ученици во учебната 2017/2018 година.

ДИЛЕМА: ГИМНАЗИСКО ИЛИ СТРУЧНО ОБРАЗОВАНИЕ? 
Извор: Државен завод за статистика

Набљудувано, од учебната 2013/2014 година во однос на претходната учебна 2012/2013 година разликата изнесува од -3,78 % во учебната 2013/2014 година, до – 6,46% во учебната 2017 /2018 година во однос на учебната 2016/2017 година.

ДИЛЕМА: ГИМНАЗИСКО ИЛИ СТРУЧНО ОБРАЗОВАНИЕ?

Тоа предизвикува опаѓање на бројот на ученици и во стручното и во гимназиското образование. Намалувањето на бројот на ученици е поголем во гимназиското образование и се движи од -3,38 % во учебната 2013/2014 година во однос на 2012/2013 година, до - 7,20 % во 2017/2018 учебна година во однос на претходната.

ДИЛЕМА: ГИМНАЗИСКО ИЛИ СТРУЧНО ОБРАЗОВАНИЕ? 

Извор: Државен завод за статистика

Но кога ќе земеме се` заедно, доколку сакаме да имаме развиена економија и оспособени и стручни кадри, процентот на упис на ученици во стручното образование мора од година во година да расте и да достигне бројка од над 80% запишани ученици.

И повторно го поставуваме: прашањето што правиме за поттикнување на учениците за влез во стручното образование?

Дали промотивната кампања што ја започна Министерството за образование и наука за подигање на атрактивноста на стручното образование е доволна?

Сепак, мора да бидеме свесни дека без да обезбедиме и промовираме нови квалификации кои се релевантни на барањата на пазарот на трудот, без да обезбедиме извесен надоместок на ученикот за практичната обука во компанијата, без да се подобрат работните услови во компаниите, да се покачат платите на работниците и без да се обезбедат извесни олеснувања на работодавачите кои овозможуваат практична обука во својата компанија, нема да го зголемиме бројот на запишани ученици во стручното образование. Тоа не оди во корист ниту на компаниите кои се во потрага по квалификувана работна сила, ниту на државата. Државата е на потег!

Наташа Јаневска, самостоен советник во Стопанска комора

Можеби ќе ве интересира

Инвеститор од Емиратите ја посакува Големата плажа во Улцињ

Инвеститор од Емиратите ја посакува Големата плажа во Улцињ

Од април вработените во основните и средни училишта со зголемена плата

Од април вработените во основните и средни училишта со зголемена плата

ЌЕ СЕ ДЕЛАТ НАТПРОСЕЧНИ ПЛАТИ? „Магна“ започнува со работа во Штип од следната недела

ЌЕ СЕ ДЕЛАТ НАТПРОСЕЧНИ ПЛАТИ? „Магна“ започнува со работа во Штип од следната недела

Зголемување на минималната плата во Грција од 1 април

Зголемување на минималната плата во Грција од 1 април

ММФ прогнозира смирување на војната во Украина

ММФ прогнозира смирување на војната во Украина

Работната саатница во ЕУ во 2024 најмногу пораснала во Хрватска

Работната саатница во ЕУ во 2024 најмногу пораснала во Хрватска

САД уште еднаш ги одложи санкциите кон српската НИС

САД уште еднаш ги одложи санкциите кон српската НИС

ВМРО-ДПМНЕ го нападна и синдикалецот Деаноски: Платата му била 104.000 денари

ВМРО-ДПМНЕ го нападна и синдикалецот Деаноски: Платата му била 104.000 денари

Рама: Сувите пристаништа на „Порто Романо“ ќе бидат во Приштина и Скопје

Рама: Сувите пристаништа на „Порто Романо“ ќе бидат во Приштина и Скопје