18 Декември, 2025
0.1518

ДИЛЕМА ЗА ГРАЃАНИТЕ: Што е поздраво, да готвиме со свинска маст или со зејтин?

Објавено во: Македонија 31 Март, 2024 07:18

Добивај вести на Viber

Граѓаните се во дилема и не знаат што е поздраво, да се консумира храна подготвена со свинска маст или со сончогледово масло.

Нутриционистот Диана Шалевска вели дека луѓето можат да употребуваат свинска маст, таа содржи многу корисни состојки за организмот, но советува да не се претерува со количините, односно да се задржи умереноста.

„Најновите научни истражувања покажаа дека свинската маст има значителна предност во однос на растителните масла. Кога маслата и мастите се загреваат при готвење се менува нивната молекуларна структура. Сончогледовото масло кога се изложува на високи температури, при пржење создава 20 пати повисоко ниво алдехиди од она што го препорачува СЗО. Слободните радикали и транс масните киселини кои се создаваат придонесуваат за појава на карцином и кардиоваскуларни заболувања. Овие штетни продукти не се создаваат при загревање на свинската маст, таа е стабилна на високи температури. Тоа е всушност и најголемата предност во однос на сончогледовото и другите типови на растителни масла“, вели Шалевска.

Таа објаснува дека други предности на свинската маст се и нутритивната вредност, богата е со витамин Д, односно е најголем извор после рибиното масло, содржи и витамини Б, E и минерали, мононезаситени масти кои го намалуваат лошиот холестерол и ризикот од срцеви заболувања.

Холестеролот кој го има во свинската маст само го помага создавањето на холестерол во телото кој е важен за нормално функционирање на организмот. Сепак мора да напоменам дека свинската маст  има голема калориска вредност и затоа треба да се консумира во помала количина, умерено“, додава нутриционистот.

Шалевска објаснува дека на количината на свинската маст особено треба да внимаваат хронично болните, луѓето кои имаат проблем со дебелината, оние со  заболувања на црниот дроб поради присуството на заситени масти и високата калориска вредност.

Постарите генерации во минатото практикувале редовно да користат свинска маст при подготвување на оброците. Многу научни истражувања одамна го срушија митот дека свинската маст е нездрава. Употребата на маст за пржење може да го намали ризикот од срцеви заболувања и канцер, велат британските научници. Истражувањето спроведено од Би-Би-Си Trust Me, I’m a Doctor во 2015 година докажа дека свинската маст е поздрава.

Сања Атанасовска

foto: BigsStock

Можеби ќе ве интересира

УШТЕ ЕДНА ПРИЈАВА ЗА ПОРАНЕШНИОТ ГРАДОНАЧАЛНИК НА СТРУМИЦА - МВР го гони за несовесно работење и злоупотреба на службата

УШТЕ ЕДНА ПРИЈАВА ЗА ПОРАНЕШНИОТ ГРАДОНАЧАЛНИК НА СТРУМИЦА - МВР го гони за несовесно работење и злоупотреба на службата

МВР: Вработени од тетовското социјално одобрувале надомест со фалсификувано конзилијарно мислење

МВР: Вработени од тетовското социјално одобрувале надомест со фалсификувано конзилијарно мислење

СДСМ: Неуспешен обид да се прикаже уривање одвнатре, очигледно темата со мигрантите е многу поголема

СДСМ: Неуспешен обид да се прикаже уривање одвнатре, очигледно темата со мигрантите е многу поголема

УАПСЕН БУЈАР ДАРЛИШТА, ЕКС ДИРЕКТОР НА УПРАВАТА ЗА ВОДЕЊЕ НА МАТИЧНИ КНИГИ: Тошковски со детали за апсењето

УАПСЕН БУЈАР ДАРЛИШТА, ЕКС ДИРЕКТОР НА УПРАВАТА ЗА ВОДЕЊЕ НА МАТИЧНИ КНИГИ: Тошковски со детали за апсењето

Обвинение за ексдиректорот на „Комунална хигиена“ Рустеми за ѓубрето во Скопје

Обвинение за ексдиректорот на „Комунална хигиена“ Рустеми за ѓубрето во Скопје

Обвинение за упадот во „Инфомкас“, напаѓачот бил пресметлив

Обвинение за упадот во „Инфомкас“, напаѓачот бил пресметлив

Левица: Ќе доставиме докази против Томовски во Антикорупциска

Левица: Ќе доставиме докази против Томовски во Антикорупциска

Игор Ивановски и Андреј Петров отвораат фронт за преземање на СДСМ?

Игор Ивановски и Андреј Петров отвораат фронт за преземање на СДСМ?

ВМРО-ДПМНЕ: Државниот ревизор потврди дека Груби прикрил 2 милиони евра од Лотарија

ВМРО-ДПМНЕ: Државниот ревизор потврди дека Груби прикрил 2 милиони евра од Лотарија