Димче Арсовски: Немам поврзаност со Дигитал оне, само презимето е исто
Објавено во: Македонија 30 Ноември, 2025 16:15
Димче Арсовски од ВМРО-ДПМНЕ тврди дека СДСМ шират невистини за него.
„Некое момче во залез на кариера после сериозен пораз на избори, нарекувајќи се втор човек во партијата, јавно се обидел да ме поврзе со некаков си тендер од неколку милиони евра, само и само затоа што сопственикот носел исто презиме како моето.
За да биде детално јасно, ниту го познавам човекот кој е сопственик на фирмата, ниту сум го сретнал, ниту знам како изгледа, ниту ми е роднина по било која основа. Единствено што е исто е презимето. Немам никаква врска со никаков тендер, ниту пак сум имал било каква врска со државни тендери. Иако во прашална форма, моето име и презиме беше споменато на пресот на СДСМ, тенденциозно со намера да ме вовлечат во нивни креатури и да ги манипулираат граѓаните и јавноста, па затоа јавно барам извинување од СДСМ, ако им остана малце достоинство. За разлика од нив, секој мој прес каде што било изнесено било што како информација, било точно и потврдено, а не како нивниве лаги и измислици. Знам дека се уште ги боли што ја изнесував секојдневно вистината за нивниот криминал. Избори и доверба кај народот не се добиваат со тоа што ќе измислувате непостоечки случаеви и интриги за луѓе од ВМРО-ДПМНЕ, туку со напорна работа, реформи и програма“, реагира Арсовски.

Од СДСМ тврдат дека документите се јасни: тендери вредни речиси 9 милиони евра, се дадени на фирма со двајца вработени лица, формирана пред само една година.
Велат дека ова е класична шема за испумпување на пари од граѓаните преку фирми блиски до власта.
фото Фејсбук/Димче Арсовски
* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва:
Можеби ќе ве интересира
УТРЕ ДА ГИ ВНЕСЕМЕ БУГАРИТЕ ВО УСТАВ, ПРАШАЊЕ Е ДАЛИ ЗА 3,6 ИЛИ 9 МЕСЕЦИ ЌЕ ИМАМЕ НОВ УСЛОВ: Мицкоски за уставните измени
ФАКТОР НА ДЕНОТ: Одбраната на поранешните градоначалници Папазов и Илијев тврди дека немале никаква надлежност и одговорност за „Пулс“
CNN ЗА МАКЕДОНИЈА: Постои една прекрасна јужноевропска земја со вкусна храна и одлично вино
Телото на Миле Тодоров било пронајдено пред половина месец
УХМР за утре сподели „жолт хидроаларм“ - каде се можни излевања?
ТАЖЕН КРАЈ: Исчезнатот Миле Тодоров од Неготино е најден починат
Костадинов ги отфрла наводите во кривичната пријава: „Стојам на располагање на надлежните“
Град Скопје со препораки: Затоплувајте се само со суво и чисто дрво





