19 Јануари, 2025
0.0292

ДИМЕ СПАСОВ ТОП ТЕМА: Се прослави ама образот не си го обели!

Објавено во: Македонија 06 Ноември, 2016

Добивај вести на Viber

Една младешка ноќ го промени правецот кон кој врвеше вртоглавата кариера на функционерот од владеачката гарнитура.

Топ тема во печатените и електронски медиуми, неделава што остана зад нас беше токму дополнителниот заменик министер за труд и социјала Диме Спасов.

Обичната сообраќајка со неколку оштетени возила, како што првично беше објавено во медиумите, секој час добиваше се поголем заплет, и во последната епизода од серијалот „Диме Спасов иТуарегот“ МВР децидно ги отфрли исказите на Спасов дека всушност Спасов е жртва, оштетен и оти случајот е криминало-полициска местенка.

Три прекршочни за Спасов

Прекршочните кои МВР ќе ги поднесе против Диме Спасов се однесуваат за напуштање на местото на сообраќајна незгода, непостапување по барањата на полициските службеници и за неприспособување на брзината на возилото на условите во сообраќајот.

Како што информираше министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски констатирано е дека возилото „фолксваген туарег“ било управувано од лицето Д.С.

„Откако возилото „туарег“ било застанато, констатирано е дека во автомобилот имало сопатник, поточно лицето Т.К., кое не дало исказ дека имало претходни закани и тропање по автомобилот. Бидејќи не станува збор за кривично-правен настан, против овие лица нема да биде поднесена кривична пријава за лажен исказ бидејќи штетата од настанот не е доволно висока за да следува кривична пријава“, рече Спасовски.

Наместо признавање на вина Спасов ја обвини СДСМ за местенка

Дополнителниот заменик министер за труд и социјална политика Диме Спасов наместо оставка како што му доликува на секој морален функционер, за инцидентот кој го наруши неговиот углед тврди дека е криминално-полициска местенка, со цел да се оцрни неговото име.

Спасов вели дека го следеле криминалци, тропале по совозачките врати и се обидувале да ги отворат, што се разликува од верзијата на полицијата и од тие за кои Спасов тврдеше дека го бркале.

„Се обидов да бегам и да им избегам на напаѓачите. Бидејќи бев бркан следен од непознати лица продолжив да возам и зад Катастарот застанав. Таму излегов, забележав две возила како се паркираат од каде излегоа лица со оружје и лица кои ме нападнаа на две раскрсници. Се обидов да разговарам со луѓето со оружје во рака, наеднаш беше примената сила врз мене, беше вперено огнено оружје во мене. Со ништо не сум заслужил таков однос, да биде вперен пиштол во мене. Неколку моменти подоцна дојде полиција и напаѓачот со пиштолот се повлече. Многу лица дојдоа, и ако бев следен и ако два пати се обидоа физички да ме нападнат, заклучив дека се работи криминално-полициска конструкција, за местенка да го нарушат мојот углед и опасност имаше за мојот живот и затоа морав да го напуштам местото“, вели Спасов.

Менување на искази на сопатничката и лажниот шофер

Сопатничката за која Спасов не кажа ништо кога после неколку дена бегање од јавноста, во полициска станица три пати ја менуваше изјавата. Прво дека Спасов го управувал возилото, после дека возел друг, и на крај пред МВР да излезе со деталниот извештај за случајот Т.К. повторно оди во полиција да даде изјава со која ја повлекува втората, а ја потврдува втората.

Што рекоа експертите за случајот

Според Солунчев етиката е разбирлива низ автономни инстанци на одговорност, а такво нешто не постои ако постојано се затскривате зад народ којшто систематски сте го произвеле за сопствените потреби. Тоа според него го покажува сообрајќајката во која заменикот Диме Спасов со службено возило  на Агенцијата за вработување, удрил во неколку паркирани возила, а потоа избегал од местото на настанот. Власта вели во сериозни демократски општества слободно ја прифаќа критиката на јавноста како дел од сопствениот живот.

“Човечките суштества се склони да веруваат во лаги и илузии, ако така им е полесно. Ако ги навикнувате граѓаните да гледаат турски серии (кои не се никаков репрезентатив на турската култура) со повремен упад на вести што всушност се партиска пропаганда, и наликуваат на серија, тогаш што да очекувате од тој народ. Убиена е во него основната антрополошка карактеристика, сомневањето. Го учите селективно да се сомнева, да верува во лагата, а да се сомнева во вистината. Нека ми објаснат како на мало дете: како е возможно изборите да се критериум за сите нешта, дека некои се случиле, а некои не? Вистината е ствар на методологија на истражување, научна, правна, философска. Не можат изборите да станат апсолутна инстанца оти тие не се засновуваат на методологија на истражна постапка со која се утврдува фактичката вистина. Толпата не гласа врз основа на автономија, туку во склад со степенот на сопствената корумпираност  и калкулацијата на користа што ја има и би ја имала ако остане истата власт“-вели  за Фактор, универзитетскиот професор Ристо Солунчев.

Во основа според него потполно отсуствува етиката, а целосно владее принципот на первертиран правен каузалитет во кој изборите стануваат замена за истражни органи што го дерогира целиот систем. Политичката криза е во директна релација со правната криза. А,  таа вели не се решава на избори, туку може таму само да се суспендира, тоталитарно да се укине како криза.

“Во принцип власта има расчистено со етиката, таа не знае што е тоа етика, што е тоа етос, морал, тоа не е нејзин домен. Кога една држава се конституира,  се востановуваат механизми кои во случај на отсуство на дејството на моралниот закон кај власта, функционираат како корективи за да ја осигураат рамнотежата во демократијата, како продолжен морал. Таква улога презема судството, но и зрелоста на јавноста. Судство не постои, оти тоа постои само ако е автономно, а јавноста е “оболена“ затоа што сте ги укинале сите услови што ја чинат слободна. Во основа не постојат автономните инстанции. Без нив просто по инерција се лизгате во тоталитарна ментална матрица, ако не во стварен тоталитаризам. Сета стварност е исцицана од партијата која што паразитира врз целото општество. Сето она што се случува деновиве, е само отелотворување и додаток на еден принцип кој власта го воведе, а јас тоа го нарекувам суспензија на правен каузалитет или воведување на первертиран каузалитет. Имено, сите министри, новинари, партиски чиновници, пропагандисти, постојано повторуваат едно нешто. За се, критериум се изборите. 

Оставката ќе му ја спасеше кариерата

Мора да има ред и почитување на законите. Секој  мора да сноси  одговорност бидејќи тоа е најконструктивен и најпродуктивен политички пристап кон работите -вели за Фактор, аналитичарот Алберт Муслиу коментирајќи ја сообрјќајката во која заменикот Диме Спасов со службено возило  на Агенцијата за вработување, удрил во неколку паркирани возила, а потоа избегал од местото на настанот. 

Недозволиво е според политичкиот аналитичар несовесноста да биде прикриена со етнички предзнак, а дел од институциите и партијата на власт да се трудат да го скријат случајот или да ја пренасочат вината.

„Да се случеше ова во Британија, оставката ќе беше поднесена, прифатена а јавноста ќе добиеше извинување“, изјави Маја Петрушевска, продукциски менаџер во светскиот сервис ББЦ во емисијата „360 степени“ на Алсат-М. 

Однесувањето на владејачката партија ВМРО-ДПМНЕ и на нивниот функционер Диме Спасов, како од морален, така и од политички аспект беше тема за која се дебатираше во емисијата.

И останатите аналитичари сметаат дека Спасов влегува во замката на ВМРО ДПМНЕ, наместо да поднесе полтичка одговорност, тој оди тврдо , на ѓон со што долгорочно си ја ризикува кариерата. Оставката можеше да биде чин што ќе го спасеше Спасов, и ќе го покажеше неговиот човечки лик, но сега е веќе доцна сметаат експертите.

Вртоглава кариера

Диме Спасов пред сообраќајната несреќа, претходно никогаш не бил вмешан во некој скандал, ниту пак неговото име или глас се слушна во „бомбите“ на СДСМ. Единствено што секогаш го следеше како товар беа неговите години како нерамноправна противтежа со функцијата. Но, Спасов како вешто да им одолеваше на злите јазици, и три години си ги промовираше проектите од Министерството за труд и социјала и неговата партија.

Можеби ќе ве интересира

ЕВЕ КАКО СЕ ЧУВСТВУВАЛ ТОШКОВСКИ КОГА ГО ВИДЕЛ МИЈАЛКОВ ВО МОНТЕ КАРЛО: „Не се чувствував поинаку од другите македонски граѓани“

ЕВЕ КАКО СЕ ЧУВСТВУВАЛ ТОШКОВСКИ КОГА ГО ВИДЕЛ МИЈАЛКОВ ВО МОНТЕ КАРЛО: „Не се чувствував поинаку од другите македонски граѓани“

ШТЕКЛИ ЗАД РЕШЕТКИ, ПОЛНИ РАЦЕ РАБОТА ЗА ОЈО: Уапсени се повеќе лица што продавале дрога

ШТЕКЛИ ЗАД РЕШЕТКИ, ПОЛНИ РАЦЕ РАБОТА ЗА ОЈО: Уапсени се повеќе лица што продавале дрога

СДСМ ДЕНЕС Е ПАРТИЈА СО НОВА ЕНЕРГИЈА И ВИЗИЈА: Филипче вели, мисијата е да бидат партија блиска до народот

СДСМ ДЕНЕС Е ПАРТИЈА СО НОВА ЕНЕРГИЈА И ВИЗИЈА: Филипче вели, мисијата е да бидат партија блиска до народот

НЕ ДОЧЕКА ДА СИ ГО ВИДИ ДЕТЕТО: Таткото на починатиот Алекс вели дека на момчето му се влошила состојбата по примената инфузија

НЕ ДОЧЕКА ДА СИ ГО ВИДИ ДЕТЕТО: Таткото на починатиот Алекс вели дека на момчето му се влошила состојбата по примената инфузија

ШТЕКЛИ И ПАДНА ВО РАЦЕ НА ПОЛИЦИЈАТА: Пробал да бега, уапсен е во Гевгелија

ШТЕКЛИ И ПАДНА ВО РАЦЕ НА ПОЛИЦИЈАТА: Пробал да бега, уапсен е во Гевгелија

ЛАЗАРОВ СИ ЈА ОТВОРИ ДУШАТА - ПСИХИЧКИ ПАДНАВ МНОГУ: Еве што кажа во поткастот „Кажи шифра“

ЛАЗАРОВ СИ ЈА ОТВОРИ ДУШАТА - ПСИХИЧКИ ПАДНАВ МНОГУ: Еве што кажа во поткастот „Кажи шифра“

ПОЛИЦИСКИ СЛУЖБЕНИК „ПАДНА“ СО 50 ЕВРА ПОТКУП: Пронајдени пари и документација

ПОЛИЦИСКИ СЛУЖБЕНИК „ПАДНА“ СО 50 ЕВРА ПОТКУП: Пронајдени пари и документација

НИ ДОАЃААТ НАТПРОСЕЧНО ВИСОКИ ТЕМПЕРАТУРИ: Температурите ќе бидат повисоки за 3 до 6 степени, еве ја прогнозата на Попоски

НИ ДОАЃААТ НАТПРОСЕЧНО ВИСОКИ ТЕМПЕРАТУРИ: Температурите ќе бидат повисоки за 3 до 6 степени, еве ја прогнозата на Попоски

ЕВЕ ГИ ЖЕЛБИТЕ НА СИЛЈАНОВСКА ДАВКОВА ЗА МАКЕДОНИЈА: Досадна европска, правна држава со демократски политички систем

ЕВЕ ГИ ЖЕЛБИТЕ НА СИЛЈАНОВСКА ДАВКОВА ЗА МАКЕДОНИЈА: Досадна европска, правна држава со демократски политички систем