ДИМИТАР БОГОВ: Не чуствувам вина за политиките на задолжување на претходната Влада!
Објавено во: Финансии 04 Јули, 2017 08:14
ДИМИТАР БОГОВ: Не чуствувам вина за политиките на задолжување!
Потребна е фискална консолидација на јавните финансии, новата Влада треба да оцени како тоа ќе се направи, и наскоро ќе видиме со ребалансот на Буџетот, вели во интревју за Телевизија 24, гувернерот Димитар Богов.
Народната банка ќе биде претпазлива и ќе следи како се одвива стабилизацијата на политичката состојба, вели Богов но несака да коментира што очекува да биде приоритет на новата Влада. Само посочува дека е потребна фискална консолидација. На прашањето дали тоа им го кажал и на поранешните министри Зоран Ставрески и Кирил Миновски и дали Владата предводена од Вмро-Дпмне одржуваше умерено ниво на Јавен долг, гувернерот вели:
“Тоа ниво од 46% од БДП сеуште се смета за умерено ниво на Јавен долг, значи сеуште има некој простор за задолжување но веќе е крајно време да се размислува за таа фискална консолидација“ – вели гувернерот.
На прашањето дали тој чуствува одговорност за големиот раст на задолжувањата, со оглед на тоа што и тој учествуваше во преговорите за издавање на Еврообврзницата лани, летото, Богов вели:
“На официјалните средби што сум ги имал со нив сум го кажувал тоа што го мислам, генерално политиката на задолжување е во рацете на Владата. За што би чуствувал вина или одговорност? Гувернерот е задолжен за монетарната политика и не смее да се меша во фискалната. Како можам да и кажам на Владата да се задолжува или не“ – вели Богов.
Средбата со новиот министер за финансии Драган Тевдовски ја оцени како повеќе од конструктивна. Најави дека доколку биде поканет од Тевдовски, би учествувал во преговори за можна нова Еврообрзница.
* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва:
Можеби ќе ве интересира
„КОЛКУ ПАПАЈА МОЖЕ ДА КУПИ ВЛАДАТА ОД НОВА ГОДИНА ДО БОЖИЌ КОРИСТЕЈЌИ ГИ САМО ТИЕ ПРИХОДИ?“ Анализа на потрошувачката на гориво по пробниот старт на „Сејф сити“
„ЧЕКАМ ОДЛУКА И МОЛАМ БОГА ДА ПОМИНАМ СО КАЗНА, ДА НЕ МЕ ВРАТАТ НАЗАД“: Балканец во Германија за 50 евра - косење трева на црно, бил пријавен од човекот каде што работел, сам го викнал па го пријавил!
ИМА ЛИ КАНДИДАТ КОЈ БИ ПРАВЕЛ ЕКОНОМСКИ ПРЕСМЕТКИ ЗА ФИСКАЛНИОТ СОВЕТ – платата е вртоглава, а работното време вообичаено
„Од почетокот на годинава наплативме приходи од 1,95 милијарди евра“: Николовски објави дека бележат раст во сите сектори
РОДИМЕ МАЈКО СО КСМЕТ И ВРАБОТИМЕ ВО АГЕНЦИЈА – „регулираат“ железнички сектор и имаат вртоглави плати
СТАН ВО НЕА ПОТИДЕЈА - ХАЛКИДИКИ ЗА 49 ИЛЈАДИ ЕВРА! Има поглед на море и големина од 60 метри квадратни
Експерт од Microsoft се сели во Apple – Ова е новиот раководител на вештачката интелигенција
Фриленсери, издавачи на станови преку платформи, добивка од криптовалути - секој прилив од странство мора да се пријави
АКО СИТЕ ДЕНЕС НАПРАВАТ ПРЕКРШОК ОД 45 ЕВРА, ЗА 65 ИЛЈАДИ ВОЗИЛА, МВР ЌЕ ИНКАСИРА БЛИЗУ 3 МИЛИОНИ ЕВРА: Еве што вели пресметката





