Димитриеска-Кочоска: Со голема тага се простуваме со голем професионалец, помошник директор на Царинската управа, Марјан
Објавено во: Македонија 08 Август, 2025 17:04
Министерката за финансии Гордана Димитриеска-Кочоска на социјалните мрежи објави дека починал помошник директор на Царинската управа, Марјан Тасевски. Го опишува како скромен и посветен.
„Со голема тага се простуваме со голем професионалец, помошник директор на Царинската управа, Марјан – смирен, скромен и посветен, кој секогаш работеше со срце и знаење. Неговото ненадејно заминување е голема загуба и за институцијата и за сите нас кои го познававме. Пред една недела посветено до доцна во ноќта работеше на последните измени на Уредбата за спроведување на царинскиот закон. Но не само последните измени. Со месеци работевме заедно. Ќе го паметам како тивок човек кој имаше свој став и не отстапуваше. Како што тивко влегуваше во мојот кабинет, така тивко и не напушти. И покрај олујата која беснеела во него не слушнавме ни оф да каже. Нека ти е светол патот драг Марјан. Криво ми е што не успеав да ти кажам колку многу ти верував и колку многу ми значеше што имав во својот тим таков човек како тебе, полн со знаење, искуство и пред се став и достоинство“, пишува министерката.

Таа изрази сочувство до неговото семејство.
Можеби ќе ве интересира
ФАКТОР НА ДЕНОТ: Полицијата го уапси Бујар Дардишта, поранешен директор на Управата за водење на матични книги
Тошковски објасни во кои случаи полицијата ќе одзема возило
Toшковски откри кога „Безбеден град“ ќе се спроведе на целата територија на Македонија
Орце Ѓорѓиевски: Со едногласна одлука, реизбран сум за претседател на ЗЕЛС
ИЈЗ: Кога квалитетот на воздухот е лош – заштитете го вашето здравје!
СДСМ ИЗГУБИ НА СУД ОД МИЦКОСКИ: Апелација пресуди дека изнесувале невистини и клевети против него
ПОВЕЌЕТО ОД ОСУДЕНИТЕ ЗА 27 АПРИЛ, ДОБИЛЕ УСЛОВЕН ОТПУСТ: Издржале повеќе од две третини од казните
Европското знаење го применува дома: Милијана Богданоска праќа големи пораки преку еко начинот на живот




