19 Декември, 2025
0.1650

Димитриев до Рама: Не потпалувајте националистички оган

Објавено во: Македонија 02 Март, 2017 13:20

Добивај вести на Viber

Македонскиот премиер Емил Димитриев му возврати на неговиот колега од Република Албанија посочувајќи му дека во вакви моменти не е паметно да дава некоректни изјави.

Почитуван г. Рама, Постојаното мешање во внатрешните работи на Република Македонија прави голема штета на добрососедските односи и е спротивно на европските вредности, му порача македонскиот премиер Емил Димитриев на Еди Рама.

- Верувајте, тоа не помага никому. Не и’ помага на Албанија чии граѓани очекуваат од Вас да се зафатите со слабостите во владеењето и економијата. Не и’ помага на ЕУ зашто и ним им е јасно дека барате само изговор за кавги надвор за да не се говори за она што сте или не сте го сториле дома. Не и’ помага ниту на Македонија чии граѓани сакаат суверена и независна земја во сегашните граници. Тие граѓани ја плаќаат цената за Вашите наводни амбиции да ја редефинирате Македонија, наместо да ја реформирате Албанија во постојните граници. Не помага ни на партиите во Македонија кон кои се однесувате покровителски и несоодветно потценувачки, напиша Димитриев.

Убеден сум дека и без Вашето мешање ќе изнајдеме решенија за нашите предизвици, порача Димитриев.

- Конечно, многу е некоректно да потпалувате националистички оган. Албанскиот јазик е нашироко застапен во Македонија. Албанскиот јазик, како и турскиот, српскиот, влашкиот, босанскиот и ромскиот, заедно со македонскиот јазик е дел од културата и богатството на Македонија. Ангажираме големи ресурси за промоција на јазикот и културата на нашите заедници. Добро ќе биде да не’ следите во тој правец. Во Албанија, не толку одамна, морало да се затвораат прозорците ако по дома се говорел мајчиниот јазик, за да не слушне некој. Ние тоа искуство сме го немале никогаш. Македонските граѓани, без разлика на нивната етничка и верска припадност, сами пребродиле многу кризи во историјата, ќе ја надминат и оваа. Наша заедничка цел е и понатаму да продолжиме со градењето силно граѓанско општество кое ќе биде дел од евроатлантското семејство, напиша Димитриев. 

Можеби ќе ве интересира

ВМРО-ДПМНЕ ИЗГЛАСАЛЕ ИЗМЕНИ НА ЗАКОНОТ ЗА СТРАНЦИ: Кузеска тврди тоа е за потребите на стратешкиот договор, за стратешки проекти

ВМРО-ДПМНЕ ИЗГЛАСАЛЕ ИЗМЕНИ НА ЗАКОНОТ ЗА СТРАНЦИ: Кузеска тврди тоа е за потребите на стратешкиот договор, за стратешки проекти

Надминат прагот на загадување во Центар, Гази Баба, Карпош, Лисиче и Ректорат, објавени мерки и препораки

Надминат прагот на загадување во Центар, Гази Баба, Карпош, Лисиче и Ректорат, објавени мерки и препораки

Обвинителството со детали за предметот против Дардишта: Направиле злосторничко здружение, поведена истрага против 33 лица

Обвинителството со детали за предметот против Дардишта: Направиле злосторничко здружение, поведена истрага против 33 лица

СДСМ: ДПМНЕ–ЗНАМ со неуставна Резолуција сакаат да забранат дебата за вистината

СДСМ: ДПМНЕ–ЗНАМ со неуставна Резолуција сакаат да забранат дебата за вистината

Притвор за ексдиректорот на Управата за матични книги и уште шест други лица

Притвор за ексдиректорот на Управата за матични книги и уште шест други лица

Бојан Маричиќ се пријавил за претседател на ДИК

Бојан Маричиќ се пријавил за претседател на ДИК

Орце Ѓорѓиевски: Финансиска полиција подигна обемна документација од Град Скопје, Комунална хигиена и ЈСП

Орце Ѓорѓиевски: Финансиска полиција подигна обемна документација од Град Скопје, Комунална хигиена и ЈСП

АХВ ВО КОНТРОЛА НА НОВОГОДИШНИ ПАКЕТЧИЊА: Еве што открила

АХВ ВО КОНТРОЛА НА НОВОГОДИШНИ ПАКЕТЧИЊА: Еве што открила

„ТОА Е ИСТО КАКО ХИТЛЕР ДА ТЕ ПОФАЛИ ЗА ДОБРИТЕ РЕФОРМИ ШТО ГИ ПРАВИШ“: Најчевска за пораката на Трамп дека сме на добар пат во развојот на демократијата

„ТОА Е ИСТО КАКО ХИТЛЕР ДА ТЕ ПОФАЛИ ЗА ДОБРИТЕ РЕФОРМИ ШТО ГИ ПРАВИШ“: Најчевска за пораката на Трамп дека сме на добар пат во развојот на демократијата