16 Јануари, 2025
0.0311

Димитриев: Eвропското решение за мигрантите пресудно за Македонија

Објавено во: Македонија 23 Септември, 2016

Добивај вести на Viber

Премиерот за спроведување на изборите Емил Димитриев пред учеството на европскиот самит за бегалците посочи дека доколку Европската Унија донесе решение за бегалската криза тоа ќе биде пресудно за Македонија која и самата треба да се справува со предизвици на границата.

- Гледано ретроспективно што Република Македонија направи во справувањето со светската глобална тенденција за мигрирање на голем број на народи ние ќе го истакнеме на утрешниот Самит. Јас можам да кажам дека без разлика што Република Македонија е мала земја со ограничени ресурси, сепак одигра една од клучните улоги во справувањето со мигрантската криза и беше една од клучните земји на балканската рута на движење на мигрантите. Целата активност беше во содејство со инструкциите и во соработка со нашите партнери од европските земји и беше насочена кон хуман, квалитетен прием на мигрантите и нивно спроведување до понатамошните нивни цели, изјави Димитриев.

По најавите за нов наплив на бегалци долж западнобалканската мигрантска рута, лидерите на земјите што се наоѓаат на балканскиот мигрантски пат се очекува утре да договорат заедничка стратегија за спречување на напливот.

Покрај лидерите на десет земји од ЕУ и надвор од ЕУ, институциите на Европската унија на овој состанок се очекува да ги претставуваат Доналд Туск, претседател на Европскиот совет и еврокомесарот за внатрешни работи и миграциски прашања Димитрис Аврамопулос.


Можеби ќе ве интересира

„БОРБАТА ПРОТИВ КОРУПЦИЈАТА НА ДПМНЕ И ЗНАМ ОСТАНА ПРЕДИЗБОРНА ФАРСА“: Левица остро за измените на Законот за јавни набавки

„БОРБАТА ПРОТИВ КОРУПЦИЈАТА НА ДПМНЕ И ЗНАМ ОСТАНА ПРЕДИЗБОРНА ФАРСА“: Левица остро за измените на Законот за јавни набавки

ПОЛИТИЧКИ И БИЗНИС КРЕМ НА ТРИБИНИТЕ НАВИВАШЕ ЗА МАКЕДОНИЈА ВО ВАРАЖДИН - дури и Америка со поддршка

ПОЛИТИЧКИ И БИЗНИС КРЕМ НА ТРИБИНИТЕ НАВИВАШЕ ЗА МАКЕДОНИЈА ВО ВАРАЖДИН - дури и Америка со поддршка

ДИШЕМЕ ТОКСИЧЕН ВОЗДУХ, НАСЕКАДЕ ИМА ДЕПОНИИ: Што е со храната која се произведува на наше тло?

ДИШЕМЕ ТОКСИЧЕН ВОЗДУХ, НАСЕКАДЕ ИМА ДЕПОНИИ: Што е со храната која се произведува на наше тло?

ДОАЃА РАЗВЕДРУВАЊЕ НА ВРЕМЕТО, А ПО 20 ЈАНУАРИ, НОВ СЕВЕРЕН СТУД: Еве ја прогнозата на Попоски

ДОАЃА РАЗВЕДРУВАЊЕ НА ВРЕМЕТО, А ПО 20 ЈАНУАРИ, НОВ СЕВЕРЕН СТУД: Еве ја прогнозата на Попоски

ОСМАНИ ЗАМИНА ВО ИСТАНБУЛ: Таму ќе биде дел од најнапредните центри на лапароскопска и роботска абдоминална хирургија

ОСМАНИ ЗАМИНА ВО ИСТАНБУЛ: Таму ќе биде дел од најнапредните центри на лапароскопска и роботска абдоминална хирургија

ЈАВНОСТА НЕ МОЖЕ ДА ИМА ДОВЕРБА ДЕКА И ПОНАТАМУ НЕ СЕ ПРИСЛУШУВА: Калајџиев за пресудата во која Јанкулоска беше ослободена од вина

ЈАВНОСТА НЕ МОЖЕ ДА ИМА ДОВЕРБА ДЕКА И ПОНАТАМУ НЕ СЕ ПРИСЛУШУВА: Калајџиев за пресудата во која Јанкулоска беше ослободена од вина

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Македонија 20 години е во чекалната на ЕУ, Муцунски очекува крупни чекори годинава

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Македонија 20 години е во чекалната на ЕУ, Муцунски очекува крупни чекори годинава

ВЕВЧАНЦИ: Се работи за популарните зомби по филмовите и немаат никаква поврзаност со Зијадин Села

ВЕВЧАНЦИ: Се работи за популарните зомби по филмовите и немаат никаква поврзаност со Зијадин Села

МУЦУНСКИ: Oдбележуваме еден многу неславен јубилеј, 20 години од стекнување на кандидатскиот статус

МУЦУНСКИ: Oдбележуваме еден многу неславен јубилеј, 20 години од стекнување на кандидатскиот статус