Димитров е задоволен од целокупната оценка на Европската Комисија
Објавено во: Македонија 06 Октомври, 2020
Заменик-претседателот на Владата задолжен за европски прашања, Никола Димитров вели дека вториот дел од периодот што го покрива извештајот на Европската комисија беше полн со предизвици.
Изјави дека Македонија постигна напредок и се задоволни од целокупната оценка на Европската Комисија.
Според Димитров, оценката за вкупната подготвеност за напредок на Македонија е 3, 11 или добро ниво на подготвеност, што значи дека споредебено со лани има одредено поместување во нагорна линија, затоа што оценката за подготвеност лани била 3,06.
Напредувања се забележани во борбата против корупција, трговски друштва, земјоделство, образование.
„Во 32 области се задржува истото ниво на напредок односно во областите како што се избори, Собрание, владеење, граѓанско општество, правосудство, фундаментални права, правда, слобода, безбедност и поглавјата од АКИТО од европското законодавство“, појасни Димитров.
Во однос на правосудсниот систем, во Извештајот се наведува дека се нотира добар напредок како резултат на спроведување на стратегијата за реформа на правосудството, со што се адресираат препораките од битните реформски приоритети, Извештајот на групата експерти за владеење на правото ПРИБЕ и на Венецијанската комисија.
Димитров вели дека Македонија има воспоставено механизми што обезбедуваат независност и отчетност на правосудството.
Во споредба со лани забележан е добар напредок во борбата против корупцијата, што произлегува од преземените активнсоти за откривање, гонење и судење на случаи на висока корупција, како и проактивната улога на ДКСК, која отвори предмети за корупција, вклучително и за функционери од власта и претставници и членови на опозицијата.
„Слободата на изразување е една од областите на која ќе треба да се стави поголем фокус за да се подобри напредокот иако севкупната оценка е дека состојбата и климата во која работат медиумите овозможуваат слобода на медиуми и критичко известување“, нагласи Димитров.
Додаде дека клучните препораки за идниот период се реформа на јавниот радиодифузен сервис, за што ќе биде потребно во најбрз можен рок избор на програмскиот совет и на Агенцијата за аудиовизуелни медиуми, борба против дезинформации, како и ефикасно санкционирање на сите случаи на физичко и вербално насилство врз новинари.
Димитров информира дека денеска пристигна првата транша од 80 милиони евра од макрофинансиската поддршка од ЕУ на сметката на нашата Народна банка.
Премиерот Зоран Заев во првичната реакција по објавувањето на Извештајот за напредокот на земјата во ЕУ и на Економско-инвестицискиот пакет за Западен Балкан оценува дека тие имаат посебно значење бидејќи се случуваат во амбиент на зајакнато внимание на процесот на проширување помеѓу земјите-членки, во време на тековните дискусии за преговарачката рамка за Северна Македонија и во очекување на првата меѓувладина конференција меѓу нашата земја и ЕУ.
* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.