Димитров откри за кое име Грците не барале внатрешна употреба
Објавено во: Македонија 01 Декември, 2018 18:28
Грците ни понудиле да се викаме „Централно Балканска Република“ со тоа што ако ја прифатиме оваа промена името Македонија би можело да остане за внатрешна употреба, објави Никола Димитров, министерот за надворешни работи.
Шефот на македонската дипломатија на денешната собраниска расправа за утврдување на нацрт амандманите, реплицирајќи им на пратениците на ВМРО-ДПМНЕ објави дека актуелната власт не би морала да „се расправа“ денес со уставни измени доколку прифатела назив „Централно Балканска Република“ за надворешна употреба.
-Можевме да не навлегуваме во домашна употреба, да има помал опфат, ако имаше име „Централно Балканаска Република“. Но тоа не е добро, името постои и за другите како нас ќе ни се обраќаат. Од една страна имаме продолжување на предизвиците на тоа кои сме. Не случајно немаме ниту еден документ со ЕУ потпишан на македонски јазик или документ каде се спомнува јазикот. Од другата страна имаме отворање на врата, членство во НАТО, почеток на преговори со ЕУ и не само тоа. Предизвикот дали сме македонски народ не постои врз основа на овој договор. Ова е крај на истата илинденска борба која ја споменувате, да си ја зацврстиме државата – рече Димитров.
Можеби ќе ве интересира
ФАКТОР НА ДЕНОТ: Полицијата го уапси Бујар Дардишта, поранешен директор на Управата за водење на матични книги
Тошковски објасни во кои случаи полицијата ќе одзема возило
Toшковски откри кога „Безбеден град“ ќе се спроведе на целата територија на Македонија
Орце Ѓорѓиевски: Со едногласна одлука, реизбран сум за претседател на ЗЕЛС
ИЈЗ: Кога квалитетот на воздухот е лош – заштитете го вашето здравје!
СДСМ ИЗГУБИ НА СУД ОД МИЦКОСКИ: Апелација пресуди дека изнесувале невистини и клевети против него
ПОВЕЌЕТО ОД ОСУДЕНИТЕ ЗА 27 АПРИЛ, ДОБИЛЕ УСЛОВЕН ОТПУСТ: Издржале повеќе од две третини од казните
Европското знаење го применува дома: Милијана Богданоска праќа големи пораки преку еко начинот на живот




