Димитров: Оваа еуфорија утре ќе заврши, бидејќи не чека напорот за промена на Уставот
Објавено во: Македонија 19 Јули, 2022 20:47
Поранешниот министер за надворешни работи, Никола Димитров во гостувањето на Телма праша, како ќе градиме пријателство кога Бугарија не го признава македонскиот јазик.
Тој изјави дека оваа еуфорија утре ќе заврши, затоа што ќе треба да се направи промена на Уставот.
„Бугарите со наводници велат дека македонскиот јазик е дијалект на бугарскиот, вештачки и посиромашен. Тогаш, како воопшто мислиме да градиме пријателство и како ќе зборуваме за отворање на ново европско поглавје? Како ќе го затвориме прашањето со Бугарија со ваков предизвик? Сега се надминале себеси. Ова што допрва ни претстои со вметнување на дел од Бугарите во преамбулата, како ќе го отвориме кога истата таа држава не го признава мнозинскиот народ во оваа држава“, вели Димитров.
Кажа дека од бугарската страна не само што не зборуваат за Македонци во Бугарија, тие не зборуваат за Македонци во Македонија.Можеби ќе ве интересира
МВР отвора шалтер за „Безбеден град“ - граѓаните ќе можат да ги ажурираат контакт-податоците
Собранието ја изгласа потребата од носење на Предлог законот за Судски совет
Министерство за здравство ќе спроведе вонреден инспекциски надзор за смртта на новороденчето
Нема да има огномет од Град Скопје за Нова година?
Собранието го констатираше престанокот на функцијата на обвинителот Коцевски
Државниот јавен обвинител Љупчо Коцевски поднесе неотповиклива оставка
ИСКОПУВАЛЕ КУЛТУРНО НАСЛЕДСТВО, ЗАВРШИЈА ЗАД РЕШЕТКИ: МВР најде метални детектори и кутија со 43 златни и сребрени монети




