07 Октомври, 2024
0.0265

Димитров засега не е на агендата на Дендиас

Објавено во: Македонија 23 Септември, 2019

Добивај вести на Viber

Министерот за надворешни работи на Грција, Никос Дендиас, кој го придружува грчкиот  премиерот Киријакос Мицотакис на Генералното собрание на ОН во Њујорк, ќе учествува во рамките на Министерската недела, но на неговата агенда не е предвидена средба со шефот на македонската дипломатија Никола Димитров.

Според дипломатски извори, како што пренесува новинската агенција АНА-МПА, тој ќе има серија важни средби и контакти со голем број негови колеги, вклучувајќи го и кинескиот министер за надворешни работи Ванг Ји и можност да размени мислења со државниот секретар на САД, Мајк Помпео, функционери од азиските економии во подем и земји од Латинска Америка. Средбата со Ванг Ји ќе биде меѓу првите на грчкиот министер, додека тој ќе се сретне и со неговите колеги од Бугарија, Хрватска и Романија.

Димитров за прв пат се сретна со Дендиас на состанокот на министрите на земјите-членки на ЕУ во Хелсинки на крајот на август. Дендиас и Димитров тогаш потврдија дека на средбата се разговарало за Преспанскиот договор.

-Со господинот Димитров ја имавме нашата прва средба на која разговаравме за аспектите на имплементацијата на Договорот од Преспа. Јасно му ставив на знаење на господинот Димитров дека Грција ќе инсистира на строго спроведување на договорот, истакна Дендиас.

Во моментов во Њујорк покрај Димитров, премиерот Зоран Заев го придружуваат и други членови на Владата.

Засега нема официјална потврда дека Заев утре ќе се сретне со грчкиот премиер Мицотакис.

Можеби ќе ве интересира

МИЦКОСКИ МУ КАЖА НА АХМЕТИ ШТО ДА НАПРАВИ: Исчистете ги криминалците од партијата, ние сме тука да помогнеме

МИЦКОСКИ МУ КАЖА НА АХМЕТИ ШТО ДА НАПРАВИ: Исчистете ги криминалците од партијата, ние сме тука да помогнеме

„ВРАТЕНО БИЛО, ЗА ЖАЛ“: Таравари за случајот со починатото 14-месечно бебе на Детската клиника

„ВРАТЕНО БИЛО, ЗА ЖАЛ“: Таравари за случајот со починатото 14-месечно бебе на Детската клиника

Меџити: Почеток на крајот за Европскиот фронт по напуштањето на Тачи

Меџити: Почеток на крајот за Европскиот фронт по напуштањето на Тачи

КЕНИЈЦИТЕ СЕ ЗАКИТИЈА СО ЗЛАТО И СРЕБРО, НАШИОТ ИВАНОВСКИ ЗАСТАНА ДО НИВ: Заврши 20. Скопски Маратон

КЕНИЈЦИТЕ СЕ ЗАКИТИЈА СО ЗЛАТО И СРЕБРО, НАШИОТ ИВАНОВСКИ ЗАСТАНА ДО НИВ: Заврши 20. Скопски Маратон

МОЌНА ПОРАКА НА ПРАТЕНИЧКАТА ПЕТРУШЕВСКА ДО СИТЕ БОРКИ: На Скопскиот маратон трчаше во чест на жените кои се борат со ракот на дојка

МОЌНА ПОРАКА НА ПРАТЕНИЧКАТА ПЕТРУШЕВСКА ДО СИТЕ БОРКИ: На Скопскиот маратон трчаше во чест на жените кои се борат со ракот на дојка

БОЖИНОВСКА: „МАКЕДОНКА СУМ И СЕКОГАШ ЌЕ БИДАМ МАКЕДОНКА“, не дозволувам тоа да ми биде спорено

БОЖИНОВСКА: „МАКЕДОНКА СУМ И СЕКОГАШ ЌЕ БИДАМ МАКЕДОНКА“, не дозволувам тоа да ми биде спорено

Анѓушев на Машински Факултет: „Државата да одреди какви кадри и е потребно да се образоваат за да може да се развива“

Анѓушев на Машински Факултет: „Државата да одреди какви кадри и е потребно да се образоваат за да може да се развива“

НА ВИЗ ЕР СКОПСКИ МАРАТОН ДЕНЕСКА ТРЧААТ РЕКОРДНИ 13.400 ЛУЃЕ ОД 55 ЗЕМЈИ: Во Скопје посебен сообраќаен режим до 14 часот

НА ВИЗ ЕР СКОПСКИ МАРАТОН ДЕНЕСКА ТРЧААТ РЕКОРДНИ 13.400 ЛУЃЕ ОД 55 ЗЕМЈИ: Во Скопје посебен сообраќаен режим до 14 часот

ПРЕСТРЕЛКА ВО ЧАИР, МАЖ ИМА ЧЕТИРИ ПРОСТРЕЛНИ РАНИ: Пукано е од автомобил

ПРЕСТРЕЛКА ВО ЧАИР, МАЖ ИМА ЧЕТИРИ ПРОСТРЕЛНИ РАНИ: Пукано е од автомобил