05 Декември, 2025
0.0288

Димковски: Објавен повикот за финансиска поддршка за елаборати за за заштита на земјоделските и прехранбените производи со ознака за потекло

Објавено во: Агробизнис 18 Јуни, 2020 16:02

Добивај вести на Viber

Министерот за земјоделсство, шумарство и водостопанство, Трајан Димковски, денеска беше во посета на Охридскиот регион, кадешто имаше средба со дел од производителите на цреши. Во последниве три години има континуирано зголемување на површините со цреши за 23 отсто и зголемување на бројот на баратели за субвенции за цреши, кој е зголемен за скоро 30 отсто.  Министерот Димковски посочи дека „охридската цреша“ од 2017 година е првиот регистриран назив со заштитена географска ознака.

„Ние како земја имаме многу домашни земјоделски производи и традиционални специјалитети кои се надалеку прочуени, но досега не беа заштитени по примерот на европските држави. Затоа, си поставивме цел, со средствата  од  Програмата за финансиска поддршка на руралниот развој за 2020 година во износ од  1,5 милиони денари, да започнеме активности за да ги заштитиме називите на  нашите земјоделски производи и традиционални специјалитети. Ја користам оваа прилика, токму од Охрид да најавам дека денеска е објавен Јавниот повик наменет за финансиска поддршка за изработка на елаборати и спецификации на регистрација за заштита на називот на земјоделските и прехранбените производи со „Ознака за потекло“, „Географска ознака“ и „Ознака за гарантиран традиционален специјалитет““, изјави министерот Димковски.

Максималниот износ за техничката поддршка изнесува 80% од вредноста на трошоците за изработка на елаборат односно спецификација на производот, лабораториски анализи, истражување на пазар и трошоци за контрола и верификација за соодветноста на елаборатот односно спецификацијата со производот, но не повеќе од 300.000 денари.  Корисници на техничката поддршка и субјекти кои може да учествуваат во постапката за доделување на средства за техничката поддршка се група на оператори кои се занимаваат со производство, преработка или трговија на ист земјоделски или прехранбен производ без разлика на нивниот правен облик или состав.

Министерот Димковски, порача дека сите кои се мотивирани да го заштитат својот производ,  треба да аплицираат на јавниот повик кој ќе трае во наредните 45 дена.

На тој начин ќе се  овозможи многу македонски  домашни земјоделски производи  и домашни традиционални специјалитети конечно да добијат „Заштитена ознака за потекло“, „Заштитена географска ознака“ или ознака за „Гарантиран традиционален специјалитет“.

* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва:

Можеби ќе ве интересира

ИМА ДОБРИ ПРИНОСИ, А БАРА МАЛКУ ЃУБРИВО: Оваа култура станува популарна во Војводина

ИМА ДОБРИ ПРИНОСИ, А БАРА МАЛКУ ЃУБРИВО: Оваа култура станува популарна во Војводина

Koj е најголемиот европски центар за производство на зеленчук?

Koj е најголемиот европски центар за производство на зеленчук?