28 Март, 2024
0.0325

Димовски: Македонија се ослободи од притисокот на апсолутистичко владеење

Објавено во: Македонија 13 Декември, 2016

Добивај вести на Viber

ВМРО-ДПМНЕ извојува  пирова победа и ќе мора да голтне многу тешки зборови испорачани од говорницата пред своето гласачко тело.  Во ваква “пат” ситуација од овие парламентарни избори граѓаните сепак ќе се ослободат од притисокот од апсолутистичкото владеење- вели за Фактор, професорот Владо Димовски од Центарот  за меѓуетничка толеранција.

Според неговите проекции  во многу скоро време граѓаните треба да очекуваат нови предвремени избори бидејќи со ваков парламентарен состав како што вели, тешко ќе се постигне  договор за формирање на нова влада.

“Мое длабоко убедување е дека политичките партии направија голема грешка што минатата година не го прифатија предлогот за формирање на експертска-граѓанска влада која ќе ги подготвеше овие избори без мешање на политичките функционери и на истите ќе истрчаа со многу помал багаж од онoј кој го носеа сега. Можеби тоа ќе се случи, а и би требало да се случи во наредниов период за  власта да им се даде на експертите и граѓанските организации за да имаме наредни фер, демократски избори и избори со победници.Предвремените парламентарни избори  скоро  две години се подготвуваа да бидат референдум за слобода во  Македонија и  ослободување од еден десетгодишен режим, што и се покажа како точно според првичните резултати. "- додава професорот Димовски.

Политичката криза која трае подолго време според него може да продолжи и во иднина. Излез како што вели не гледа во скора иднина.

“Се плашам дека истата може да премине во некое црно сценарио кое власта многу мирно го подготвувала подолго време и токму затоа според мене власта беше многу мирна низ кампањата рачунајќи со сигурност на своето гласачко тело и притисокот кој цело време го правеа врз граѓаните”- нагласува Димовски.

Досегашното професионално и лично искуство како што вели го научило на соживот, толеранција и разбирање со другите етнички заедници. Соживот вели тој,  во Македонија има, а тоа се потврди преку масовната излезност и со протестите на Шарената револуција.

“Се докажа дека на сите етнички заедници во Македонија им е дојдено преку глава од потпалување на меѓуетничките односи од страна на политичарите и дека за национализмот веќе нема место во Македонија.Што значи победата за едните или другите, ако едните сакаа да победат за да се ослободат граѓаните од десетгодишниот режим, другите ја посакуваа победата за да си ја спасат сопствената кожа од грешките кои ги направија во овие десет години.Лажирања на избори во Македонија  имало, има и ќе има и во иднина. Лажирањата секогаш во Македонија ги правеле владеачките партии бидејќи во нивни раце се сите инструменти за тоа”- додава Димовски.

Изборните нерегуларности на кои посочи невладиниот сектор, МВР и граѓанската асоцијација МОСТ покажуваат сериозни индиции на нарушен Устав и Изборен законик, но и на нарушена довербана граѓаните кон инстотуциите. Оттука според професорот логична е подршката на добар процент на албанското население кои својот глас му го дало на опозицијата.

“Јас знаев со сигурност дека голем број на гласови од Албанското население ќе одат на контото на СДСМ имајќи во предвид дека многу се движам низ средините каде претежно живее Албанско население,  а и работам во таква средина. Со самото спојување на активностите на граѓанските организации  од Македонија кои претежно имаат членство од повеќе етнички заедници против режимот во Македонија се знаеше дека опозицијата ќе ја има поддршката и од голем број Aлбанци на изборите. Се покажа дека Тренд со поддршка на Албанците  кон СДСМ се зголемуваше се повеќе и повеќе со објавувањето на „бомбите„ од страна на СДСМ за многуте криминали направени во изминативе години од страна на власта. Мојата прогноза пред изборите беше дека помеѓу 35 и 40.000 дури  и нешто повеќе Албанци ќе гласаат за СДСМ што се покажа како  точно”-додава професорот Димовски.

Во земјава според него никогаш немало подобри меѓуетнички односи.

“Разнишаната меѓусебна доверба помеѓу Македонците и Албанците се потенцира секогаш пред било кои избори во  Македонија и тоа намерно и свесно го прават политичарите со националистичка определба но пред тоа и потоа довербата си постои. Тоа можеше да се види и во овој изборен циклус односно предизборието кога се проба да се исценираат мали инциденти и да им се даде етничка димензија но граѓаните не наседнаа на обидите на политичките партии за ги предизвикаат на било какви меѓуетнички инциденти. Без разлика што две од политичките партии во Македонија кои ја водеа државата изминативе години низ кампањата користеа многу националистички фолклор сепак не успааја да привлечат некое внимание кај граѓаните”- додава претседателот на Центарот за меѓуетничка толеранција и соживот.

Гледано наназад во повеќе изборни циклуси како што вели има илјадници приговори, прегласувања заради направени неправилности, лажирања и поткупи. Ваквиот тренд според него  продолжува бидејќи не функционира правната држава во Македонија. Кога би знаеле местачите на избори дека некој сигурно ќе биде осуден за изборни манипулации вели  тешко дека ќе се осуди да направи било каква неправилност- завршува професорот Владо Димовски.

С.Б. 

Можеби ќе ве интересира

Тошковски: Приведено уште едно лице за убиството на докторот

Тошковски: Приведено уште едно лице за убиството на докторот

Европската комисија бара од Македонија да врати 2,2 милиони евра потрошени за измами од „Еразмус плус“

Европската комисија бара од Македонија да врати 2,2 милиони евра потрошени за измами од „Еразмус плус“

Андоновски: Не е проблем превработеноста, туку нефункционалноста на администрацијата

Андоновски: Не е проблем превработеноста, туку нефункционалноста на администрацијата

Со украден џип од Италија сакал да се врати во Студеничани

Со украден џип од Италија сакал да се врати во Студеничани

„ОПШТИНИТЕ ЌЕ КОНФИСКУВААТ ДИВИ ОБЈЕКТИ НА ДРЖАВНО ЗЕМЈИШТЕ“: Герасимовски најави големи промени на терен - нема рушење

„ОПШТИНИТЕ ЌЕ КОНФИСКУВААТ ДИВИ ОБЈЕКТИ НА ДРЖАВНО ЗЕМЈИШТЕ“: Герасимовски најави големи промени на терен - нема рушење

„ДОБРО БРЕ ГОВЕДА ЕДНИ“: Миа Костова распали поради измама „Прво лепевте доктори, сега стасав и јас на ред!“

„ДОБРО БРЕ ГОВЕДА ЕДНИ“: Миа Костова распали поради измама „Прво лепевте доктори, сега стасав и јас на ред!“

АКО ПОБЕДИ СДСМ БИ РАБОТЕЛ И ЗА НИВ КАКО ЕКСПЕРТ - Стојанче Ангелов кажа дека би барал плата од 5.000 евра

АКО ПОБЕДИ СДСМ БИ РАБОТЕЛ И ЗА НИВ КАКО ЕКСПЕРТ - Стојанче Ангелов кажа дека би барал плата од 5.000 евра

ПРЕДИЗВИК ЗА МЛАДИТЕ РАБОТНИЦИ: Kaко да се издвојат од конкуренцијата?

ПРЕДИЗВИК ЗА МЛАДИТЕ РАБОТНИЦИ: Kaко да се издвојат од конкуренцијата?

„ПОСЛЕ МОЕ 30-ГОДИШНО ЧЛЕНСТВО КАЖУВАМ, СДСМ ТРЕБА ДА ЗАМИНЕ ВО ИСТОРИЈАТА“ - Весна Ангелова со искрен став за матичната партија

„ПОСЛЕ МОЕ 30-ГОДИШНО ЧЛЕНСТВО КАЖУВАМ, СДСМ ТРЕБА ДА ЗАМИНЕ ВО ИСТОРИЈАТА“ - Весна Ангелова со искрен став за матичната партија