ДИМОВСКИ: Насилството во училиштата секогаш зема поголем замав во предизборните циклуси
Објавено во: Македонија 30 Декември, 2019 07:00
Насилството секогаш зема поголем замав во предизборните циклуси во Македонија, вели Владо Димовски, пензиониран наставник и Секретар на Центарот за толеранција и доживотно учење.
Во последните неколку месеци имаше повеќе случаи на насилство во училиштата, врсничко, но и инциденти со етнички предзнак во училиштето „Лирија“ во Тетово.
„Насилството е насилство, било да е тоа вербално или физичко. Јас не го делам на етничко и друго. Насилството секогаш зема поголем замав во предизборните циклуси во Македонија. Во училиштата тоа е зголемено во последниве десеттина години заради слабите, скоро никакви реформи во образованието, честото менување на законите за образование, менување на правилата кој што може и кој што не може. Покрај образованието во училиштата мора да се работи и на воспитната компонента, а неа во моментов во нашето образование ја нема. Само здрави реформи во образованието можат да донесат подобро образование во кое секој чесно ќе ја игра својата улога, улога на наставник, улога на ученик и што е многу битно, улогите на родителите кои во моментов за намалување на насилството, непријателството помеѓу учениците се најбитни. Невоспитани ученици дома не можат да бидат воспитани и ненасилни во училиштата. Казнените мерки за насилството и дисциплината на учениците мора да бидат подрастични и да се почитуваат“, вели тој.
Додава дека денес имаме родители кои само трчаат по оценки без да се запрашаат дали нивното дете учи, знае или е дисциплинирано или не во училиштето. Според Димовски, последната алка во намалување на насилството во училиштата е политичарите да кренат раце од злоупотребата на учениците во политички цели.
„Заложбите прво треба да бидат од родителите, да профункционираат родителските совети во училиштата, потоа државата да се погрижи дефинитивно да направи позитивни реформи во образованието со кои ќе им овозможи на просветните работници да си ја работат својата племенита работа“, изјави Димовски.
Еден средношколец е повреден со остар предмет, а друг е истепан од поголем број други ученици на голем одмор, соопшти деновиве СВР Тетово. Полицијата информираше дека во двата случаи напаѓачите се обезбедени.
Во последните две години беа регистрирани повеќе случаи каде ученици тепаа врсници, а тепачките ги снимаа со мобилни телефони и ги објавуваа на социјалните мрежи. Во скопското основно училиште „Кочо Рацин“ имаше случај каде надвор од училишниот двор, ученик сексуално злоставувал друг ученик, но и случај каде ученик давел друг ученик по што овој заврши во болница. Од училиштата каде имаше вакви инциденти, вработените не беа расположени за коментар.
Сања АтанасовскаМожеби ќе ве интересира
(ВИДЕО) Русковска го пријавила Боки 13 во полиција за телефонско вознемирување
Мицкоски за реакцијата на грчкото МНР: За мене Македонија е свето име
Двајца затаиле данок од над еден милион евра од трговија со злато и накит, обвинителството бара притвор
Пријава од полиција: Кандидат за градоначалник давал по 1.000 денари за да се гласа за него
ГОТОВ Е ОБДУКЦИСКИОТ НАОД НА ПОЧИНАТОТО НОВОРОДЕНЧЕ: Причина за смртта е незрелост на белодробието
ВМРО-ДПМНЕ ИЗГЛАСАЛЕ ИЗМЕНИ НА ЗАКОНОТ ЗА СТРАНЦИ: Кузеска тврди тоа е за потребите на стратешкиот договор, за стратешки проекти
Надминат прагот на загадување во Центар, Гази Баба, Карпош, Лисиче и Ректорат, објавени мерки и препораки
Обвинителството со детали за предметот против Дардишта: Направиле злосторничко здружение, поведена истрага против 33 лица
СДСМ: ДПМНЕ–ЗНАМ со неуставна Резолуција сакаат да забранат дебата за вистината




