Добивај вести на Viber
Вредноста на Српската национална валута денеска ослабе за 0,5 проценти на 113,0848 динари за едно евро, со што падна на најниско ниво од почетокот на годината.
Падот на вредноста на динарот не беше спречен, иако вчера Народната банка на Србија на меѓубанкарскиот девизен пазар интервенираше со 30 милиони евра во обид да ја ублажи прекумерната осцилација на курсот на српската валута.
Во 2013 година српскиот динар вредеше најмногу на 30 април, кога за едно евро се добиваа 110,5426 динари.
Во обид да го ублажи колебањето на курсот на динарот, од почетокот на годинава НБС на меѓубанкарскиот девизен пазар купи вкупно 90 милиони евра, а продаде 65 милиони.