19 Декември, 2025
0.0438

Динерс Клуб Македонија – првата финансиска институција во Македонија со одобрение за извршување платежни трансакции со платежни картички при Народната банка

Објавено во: Мои пари 11 Јуни, 2024 12:29

Добивај вести на Viber

Со задоволство ја информираме пошироката јавност дека со Решение на Народната банка на Република Северна Македонија од 27.5.2024 година, „Динерс Клуб Интернационал МАК“ АД Скопје беше запишан во регистарот на платежни институции, кој се води во рамките на Народната банка. Со ова, компанијата стана прва финансиска институција во државата која доби одобрение за извршување на платежни трансакции кај коишто паричните средства се обезбедени со кредитна линија за корисникот на платежни услуги и извршување на платежни трансакции со платежни картички или слични телекомуникациски, дигитални или информатички уреди, како и издавање платни инструменти и/или прифаќање платежни трансакции што одговараат во согласност со новиот Закон за платежни услуги и платни системи.

Со успешно завршениот процес на лиценцирање во рамките на супервизорскиот процес кој се одвиваше во изминатиот период, „Динерс Клуб Интернационал МАК“ уште еднаш ја докажа својата професионалност како прва финтек компанија во нашата држава која успешно опстојува на домашниот финансиски пазар и која на континуирана основа настојува да работи на највисоко професионално ниво, преку целосна усогласеност со позитивното законодавство во нашата држава од областа на финансиите.  

“Влегувањето на Динерс Клуб Македонија во НБРМ, значи поголема заштита на членовите, потранспарентна средина на работа, но и можност за проширување на портфолиото на компанијата. Ние сме горди на овој значаен чекор, а ни претставува особена чест од причина што оваа година е токму јубилејна година на нашата компанија. Со ваквото постигнување, нашите членови можат да бидат уверени во својата сигурност и безбедност во вршењето на финансиските трансакции, а нас ни овозможи да продолжиме да ги унапредуваме нашите услуги. Воедно, се заблагодаруваме на нашите членови и партнери за нивната континуирана поддршка и доверба во изминатите 30 години.” – изјавија од Динерс Клуб Македонија.

ПР објава

Можеби ќе ве интересира

Одлични посни вкусови за празничната трпеза

Одлични посни вкусови за празничната трпеза

МЛАДАТА УМЕТНИЧКА ОЛИМПИЈА КАМЧЕВА-СТОЈЧЕСКА ДОБИТНИК НА ПРЕСТИЖНАТА НАГРАДА SANTIPHARMA AWARD ВО ВЕНЕЦИЈА

МЛАДАТА УМЕТНИЧКА ОЛИМПИЈА КАМЧЕВА-СТОЈЧЕСКА ДОБИТНИК НА ПРЕСТИЖНАТА НАГРАДА SANTIPHARMA AWARD ВО ВЕНЕЦИЈА

КАСТРИОТ АРИФИ ВО „БИЗНИС-КЛУБ“: „ОБРАЗОВАНИЕТО ТРЕБА ДА СЕ ФОКУСИРА НА РАЗВОЈ НА ВЕШТИНИ, КРИТИЧКО МИСЛЕЊЕ И МЕДИУМСКА И ДИГИТАЛНА ПИСМЕНОСТ“

КАСТРИОТ АРИФИ ВО „БИЗНИС-КЛУБ“: „ОБРАЗОВАНИЕТО ТРЕБА ДА СЕ ФОКУСИРА НА РАЗВОЈ НА ВЕШТИНИ, КРИТИЧКО МИСЛЕЊЕ И МЕДИУМСКА И ДИГИТАЛНА ПИСМЕНОСТ“

„Музички вез со џез ритам“ - омаж на македонското музичко наследство

„Музички вез со џез ритам“ - омаж на македонското музичко наследство

И Центарот за обука на МВР ќе се снабдува со енергија од фотоволтаична централа – донација од ОКТА

И Центарот за обука на МВР ќе се снабдува со енергија од фотоволтаична централа – донација од ОКТА

Халкбанк клучен поддржувач на македонскиот ракомет, потпишан договор за соработка и за 2026 година

Халкбанк клучен поддржувач на македонскиот ракомет, потпишан договор за соработка и за 2026 година

Инграм Микро – Македонија, Албанија и Косово го одбележува својот десетгодишен јубилеј: декада на раст, партнерство и технолошка трансформација

Инграм Микро – Македонија, Албанија и Косово го одбележува својот десетгодишен јубилеј: декада на раст, партнерство и технолошка трансформација

Минт Кредит - Роденденска акција што носи подарок

Минт Кредит - Роденденска акција што носи подарок

Дигитална картичка веднаш! „Digital first“- нова функционалност на НЛБ Банка

Дигитална картичка веднаш! „Digital first“- нова функционалност на НЛБ Банка