21 Мај, 2024
0.0289

„Диор“ ќе ја презентира новата маркетинг стратегија во Скопје

Објавено во: Мои пари 06 Септември, 2019

Добивај вести на Viber

Глобалниот директор за дигитален маркетинг на светски познатиот бренд „Диор“, Акаш Мехта, на 13 септември годинава ќе биде еден од панелистите на Балканскиот претприемачки самит, на кој ќе го презентира новото „откритие“ на еден од најлуксузните модни брендови во светот – „Диор“.

-Вештачката интелигенција ја заменивме со вештачко влијание. „Диор“ работи на ова ново откритие на бихeвиоралните однесувања на луѓето на социјалните медиуми со тим од истражувачи, психолози и доктори веќе неколку месеци во Калифорнија. Среќен сум што за првпат доаѓам во Скопје каде ќе добиете ексклузивна изјава за она што ќе биде иднината на дигиталниот маркетинг, - вели Акаш Мехта, глобален директор на дигитален маркетинг во „Диор“.

Мехта ја започнал кариерата на 22 години како најмлад менаџер на „Есте Лаудер“, гигант кој стои зад најпознатите козметички брендови, а на 25 години станал  најмладиот сениор глобален директор на дигитален маркетинг во „Диор“. На „Диор“, Мехта му донесе повеќе од 50 милиони САД долари профитна вредност со вклучување на микро инфлуенсери, социјални медиуми и партнерски маркетинг (affiliate marketing). Мехта ги зголеми за три пати продажбите преку инфлуенсерите и создаде посебна платформа за претпродажба на „Диор“ за инфлуенсери и медиуми. Акаш секоја година е спикер на Форумот на „Луи Витон“ и Конференцијата на магазинот „Вог“.

На покана на Стопанската комора на Македонија и Центарот на неформално образование Creative Hub, Акаш Мехта ќе биде еден од панелистите на Балканскиот претприемачки самит и ќе говори на тема: „Вештачко влијание, новата ДНК на дигиталниот маркетинг“. Покрај Мехта, пред учесниците на Самитот ќе говорат и: Васил Наци, основач и претседател на „Агна Груп“ со нето вредност над 500 милиони САД долари, Еван Лутра од Индија, сериски претприемач, почесен докторант и говорник на Економскиот форум во Давос, Евгениј Ангелов, претседател на Бугарската асоцијација за вентуре капитал, партнер во „Постскриптум вентурес“, како и многу други истакнати претприемачи од регионот и пошироко.

Повеќе информации за Самитот, како и за начинот на регистрирање можете да најдете на следниот линк.

Михајло Донев


Можеби ќе ве интересира

Македонија2025 го организираше третиот САЕМ ЗА НАУКА: Дел од проектот „Науката и Јас“

Македонија2025 го организираше третиот САЕМ ЗА НАУКА: Дел од проектот „Науката и Јас“

Со спектакуларен концерт на Џибони, Fashion Group прослави 20 години!

Со спектакуларен концерт на Џибони, Fashion Group прослави 20 години!

Двајца уметници од регионот победници на НЛБ Муза, повикот на НЛБ Групацијата за интермедијална уметност

Двајца уметници од регионот победници на НЛБ Муза, повикот на НЛБ Групацијата за интермедијална уметност

Гранд Скопје на Конференцијата за недвижности ќе се претстави со иновативни и функционални решенија за инвестирање во иднината

Гранд Скопје на Конференцијата за недвижности ќе се претстави со иновативни и функционални решенија за инвестирање во иднината

ПЕТ ФАКТИ КОИ МОРА ДА ГИ ЗНАЕТЕ ЗА ВИВА SMOOTHIE

ПЕТ ФАКТИ КОИ МОРА ДА ГИ ЗНАЕТЕ ЗА ВИВА SMOOTHIE

Како да одберете премија за осигурување според потребите на вашиот бизнис?

Како да одберете премија за осигурување според потребите на вашиот бизнис?

Porsche традиционално на патиштата низ Македонија со ексклузивниот Road Tour

Porsche традиционално на патиштата низ Македонија со ексклузивниот Road Tour

Утре се одржува втората Конференција за недвижности во организација на ФОРТОНМКА

Утре се одржува втората Конференција за недвижности во организација на ФОРТОНМКА

Кина гради радарска мрежа за поддршка на глобалната вселенска временска прогноза

Кина гради радарска мрежа за поддршка на глобалната вселенска временска прогноза