Добивај вести на Viber
Барт Лоранг , можеби и „најдобриот шеф на светот‘‘ и извршен дирeктор на фирмата FUllContact APL од Денвер, верува дека на конкурентниот ИТ пазар , е многу важно своите вработени да ги „држи задоволни и свежи‘‘. Затоа им нуди 7.5000 долари за да одат на вистинско платено отсуство, пренесува ABC News .
Но, постојат и некои правила.
„Како прво, за да ги добијат тие пари, мораат да одат на одмор‘‘ - појаснува Лоранг.
„Како второ, мораат да се исклучат од работата , што значи дека нема телефонирање, праќање мејлови, односно, не постои апсолутно никаква работа.‘‘
Додека и самиот признава дека му е тешко да се држи до своите правила , неговите вработени се пресреќни дека фирмата е спремна да ја подмири сметката за нивниот одмор.
„Тоа е навистина вистински одмор за мозокот. Се враќаш свеж и со поголема возбуда пристапуваш кон она што си ги работел, отколку, пред да заминеш на одмор‘‘ - вели вработениот во фирмата, Роби Џек.
Технолошките компании се познати по екстравагантните пакети што им ги нудат на своите вработени. Така на пример , Гугл обезбедува здравствена заштита на работното место и го плаќа студирањето, додека вработените во Фејсбук добиваат 4.000 долари за новороденото дете.
За сите оние кои се заинтересирани фирмата да им го плати одморот , добрата вест е што Лоранг во идните месеци планира да вработи уште 12 нови работници.