ДИРЕКТОРОТ НА БИТОЛСКАТА БОЛНИЦА СО ДЕТАЛИ ЗА ПОЧИНАТОТО ДЕВОЈЧЕ: Починало за само четири часа на детското одделение
Објавено во: Македонија 23 Март, 2023 14:50
Случајот со
починатото шестгодишно девојче вои Клиничката болница во Битола ја потресе македонската
јавност. Во изјава за Фактор, директорот, д-р Александар Обедниковски изнесе
детали за неговата здравствена состојба.
-Девојчето беше примено вчера во 10 часот изутрина на Одделението за педијатрија. Во однос на здравствената состојба можам да кажам дека е донесено деходрирано, со отоци на очите и со нагони за повераќање. Тука поврати само еднаш, а според тоа што го кажа мајката, дома повраќало два пати, но неколку дена претходно било болно. Почина точно во 14.00 часот, по четири часа откако беше примено. Други детали не можам да соопштам бидејќи случајот веќе се истражува, рече д-р Обедниковски за Фактор.
Според семејството, на девојчето му е дадена погрешна терапија, но директорот вели дека причините за брзата смрт ќе се знаат откако ќе заврши обдукцијата.
-Телото е предадено на обдукција. Постапката обично трае две недели, а резултатите први ќе ги добие обвинителството, истакна директорот на Клиничка болница Битола.
А. Б.
Можеби ќе ве интересира
ФАКТОР НА ДЕНОТ: Полицијата го уапси Бујар Дардишта, поранешен директор на Управата за водење на матични книги
Тошковски објасни во кои случаи полицијата ќе одзема возило
Toшковски откри кога „Безбеден град“ ќе се спроведе на целата територија на Македонија
Орце Ѓорѓиевски: Со едногласна одлука, реизбран сум за претседател на ЗЕЛС
ИЈЗ: Кога квалитетот на воздухот е лош – заштитете го вашето здравје!
СДСМ ИЗГУБИ НА СУД ОД МИЦКОСКИ: Апелација пресуди дека изнесувале невистини и клевети против него
ПОВЕЌЕТО ОД ОСУДЕНИТЕ ЗА 27 АПРИЛ, ДОБИЛЕ УСЛОВЕН ОТПУСТ: Издржале повеќе од две третини од казните
Европското знаење го применува дома: Милијана Богданоска праќа големи пораки преку еко начинот на живот




