ДИРЕКТОРОТ НА ДИТ РУФАТ ХУСЕИНИ ЗА ФАКТОР: Беса Транс и денеска под клуч, инспекторите не можат да ја прегледаат документацијата
Објавено во: Македонија 26 Ноември, 2021 13:53
Првиот човек на
Државниот инспекторат за транспорт, Руфат Хусеини во изјава за Фактор вели дека
сите овие денови по големата трагедија во Бугарија, при што се запали автобус
на компанијата Беста Транс и загинаа 45 наши сограѓани е затворена за
инспекциските службеници и не може да направат надзор на документацијата.
-Во седиштето на Беса Транс, во просториите таму нема никој. Се обидуваме и телефонски, но и на телефоните не се јавува никој. И вчера и денеска испративме инспектори со цел да се изврши надзор, но канцелариите се заклучени. Нема ниту полиција пред вратите на компанијата. Токму заради тоа ќе се обидеме со писмено известување кое ќе го испратиме повторно на таа адреса, односно на адресата на компанијата која е заведена во Централниот регистар. Доколку и овој наш обид биде неуспешен, тогаш ќе мора да се преземат мерки со другите институции, односно со МВР, потенцира директорот Хусеини.
Дуректорот на ДИТ нагласува дека нема опасност да се измени или да се оштети каква било документација која е во нивна надлежност, односно станува збор за трајнба документација која трае повеќе години. Заклучно со 24. ноември добиле податоци за бројот на вработените од Агенцијата за вработување, а во нивна надлежност се и одредени лиценци, како и број на автобуси со кои располага компанијата.
-Нашиот инспекциски надзор се однесува на лиценцатаза слободен меѓународен превоз на патници, број на возила и изводи од лиценци за тие возил,број на пријавени возачи во компанијата, како и надзор за неколку сертификати што треба да ги поседува компанијата. Генерално, ова е тоа што треба да го прегледаме, нагласи Хусеини.
Инаку, уште истиот ден на несреќата, ресорното министерство, веднаш на компанијата Беса Транс и ја одзеде лиценцата бидејќи токму за тој автобус намала извод од лиценцата за вршење меѓународен слободен превоз за патници.
А.Б.
Можеби ќе ве интересира
ФАКТОР НА ДЕНОТ: Полицијата го уапси Бујар Дардишта, поранешен директор на Управата за водење на матични книги
Тошковски објасни во кои случаи полицијата ќе одзема возило
Toшковски откри кога „Безбеден град“ ќе се спроведе на целата територија на Македонија
Орце Ѓорѓиевски: Со едногласна одлука, реизбран сум за претседател на ЗЕЛС
ИЈЗ: Кога квалитетот на воздухот е лош – заштитете го вашето здравје!
СДСМ ИЗГУБИ НА СУД ОД МИЦКОСКИ: Апелација пресуди дека изнесувале невистини и клевети против него
ПОВЕЌЕТО ОД ОСУДЕНИТЕ ЗА 27 АПРИЛ, ДОБИЛЕ УСЛОВЕН ОТПУСТ: Издржале повеќе од две третини од казните
Европското знаење го применува дома: Милијана Богданоска праќа големи пораки преку еко начинот на живот




