СНЕГОТ ГИ ЗАВЕА ПЛАНИНСКИТЕ ПРЕМИНИ: воведена забрана за тешки товарни возила на неколку патишта
Објавено во: Македонија 06 Април, 2025 17:12
Воведена е забрана за движење на тешки товарни возила на неколку патни правци во земајва. Како што сподели АМСМ, забранта се воведува поради отежнато движење на патиштата предизвикано од обилните врнежи од снег.
Како што информираат од АМСМ, забрана за сообраќај за тешки товарни возила се воведува на патниот правец Гостивар - Кичево преку планинскиот премин Стража.
Како што соопшти АМСМ, забраната важи и за патниот правец крак Маврово – Дебар и е воведена од 15.25 часот.
Поради врнежи од снег воведена е забрана за сообраќај за тешки товарни возила и на патниот правец Битола – Ресен преку планинскиот превој Ѓавато. Оваа забраната е воведена од 16.20 часот.
Можеби ќе ве интересира
СРЦЕ СО МАКЕДОНСКОТО ЗНАМЕ И РОЗИ: Затворот во Шутка им оддаде почит на загинатите во Кочани

(ВИДЕО) МАКЕДОНИЈА И ОАE ПОТПИШАА ДВА ДОГОВОРИ: За какви соработки станува збор?

ЗА ПОЖАРОТ ВО КОЧАНИ: Коцевски кажа дека уште седум лица ќе бидат приведени

ДОБИЛЕ ТЕЛЕФОНСКА ПРИЈАВА ЗА СИЛУВАЊЕ И НЕ ПРЕЗЕМАЛЕ МЕРКИ: Кривични пријави за социјални работници од Македонски Брод

СПОМЕНИК ВО ЧЕСТ НА ПРОГОНЕТИТЕ МАКЕДОНЦИ ОД ЕГЕЈСКА МАКЕДОНИЈА: Некој ја одзел плочата во паркот „Жена борец“

ОГРАНИЧУВАЊЕ НА ДИСКРЕЦИСКАТА МОЌ НА МИНИСТЕРОТ ЗА ВНАТРЕШНИ ПРИ УНАПРЕДУВАЊЕ - антикорупционерите бараат законски измени

Финансиска полиција „го тресе“ поранешното раководство на Прилепска болница

„ПОДГОТВЕНИ СМЕ ДА ПОТПИШЕМЕ И ВЕДНАШ ДА ПОЧНЕМЕ СО РАБОТА“: бугарските министри за железничкото поврзување со Македонија
Бугарскиот МНР: Уставните измени не се единствен услов за Македонија
