Дистрикт бар и ресторан работи со применети мерки и збогатена понуда
Објавено во: Мои пари 16 Септември, 2020 11:41
Дистрикт бар и ресторан ги отвори вратите и
работи со истиот капацитет и целосно применети мерки. Препознатливиот, пријатен
и удобен амбиент на ресторанот е прилагоден на сите протоколи и заштитни мерки,
што вклучува потребна дистанца, дезинфициенси, но истовремено е усогласен и со
потребата за удобност и комоција на гостите.

“Просторноста на ресторанот, како и стандардите според кои и досега работеше Дистрикт овозможија лесно адаптирање на новонастаната ситуација и на барањата од надлежните институции. Со сето она што е дополнето во работата на ресторанот, гостите може да се чувствуваат безбедно, пријатно и да уживаат во целосното Дистрикт искуство”, вели Никола Јордевски, менаџер на ресторанот.
Како дел од новитетите е и збогатеното мени со изобилство од свежи производи, комплементарност на домашната кујна со локални состојки, но подеднакво автентичен пристап и кон интернационалните кујни.

“Изминатиот период го искористивме за да се посветиме и фокусираме на филозофијата на нашата кујна, каде креиравме комплетно мени со внимателно избрани рецепти за чии вкусови ќе се дискутира допрва. Главниот акцент на новото мени на Дистрикт ги истакнува внимателно избраните локални состојки преку кои се стремиме секое јадење да побуди незаборавно искуство и сеќавање на оној кој го вкусува”, вели Кирил Ставрев, главен готвач во ресторанот.

Со цел на своите гости да им овозможи комплетно искуство и уживање, Дистрикт бар и ресторан во следните месеци ќе понуди нови и интересни промоции, со кои повторно ќе го овозможи уникатното и несекојдневно гастрономско искуство во центарот на Скопје. Дел од овие промоции ќе бидат деновите за Seafood and Unlimited Bubbles, каде морската храна ќе биде послужена со соодветни пијалаци во неограничена количина, потоа ќе следи и Mediterranean Street Food - посебен ден за инвентивноста и креативноста во посебна форма на оброци високо ценети во медитеранската кујна и Pop-Up Restaurant - промоција што ќе биде комплетно изненадување како во најпознатите светски ресторани, каде јадењата се креирани и приготвени токму за оваа прилика.

Можеби ќе ве интересира
И Центарот за обука на МВР ќе се снабдува со енергија од фотоволтаична централа – донација од ОКТА
Халкбанк клучен поддржувач на македонскиот ракомет, потпишан договор за соработка и за 2026 година
Инграм Микро – Македонија, Албанија и Косово го одбележува својот десетгодишен јубилеј: декада на раст, партнерство и технолошка трансформација
Дигитална картичка веднаш! „Digital first“- нова функционалност на НЛБ Банка
ЕДУКАТИВНО ПРЕДАВАЊЕ ЗА ОДГОВОРНО ИГРАЊЕ ИГРИ НА СРЕЌА
КАМ го потврдува својот квалитет со три нови меѓународни сертификати „Best Buy“
Како да купуваме паметно во пресрет на новогодишните празници
Во dm има голем избор на мирисни ноти: Која ќе доминира оваа зима? Ова се нашите топ 5!




