18 Ноември, 2019
0.0186

Дивјак: Новите услови на телекомуникацискиот пазар и различните потреби на бизнис корисниците наложуваат нови начини на работа

Објавено во: Економија, Интервјуа 07 Ноември, 2018

Ренато Дивјак, директор за бизнис продажба во Вип прилично инспиративно зборува за сопствените, но и за резултатите на компанијата во која работи.  Свесен за тежината на позицијата и одговорностите кои ги носи истата, 32 годишниот Дивјак во Вип во Скопје е веќе една година, а на оваа позиција дојде со претходно искуство од Випнет, денешен А1 Хрватска, компанија која е дел од истата телеком групација. Дивјак е амбициозен, млад човек кој има прилично високи цели за сопствениот развој, но и за идниот раст на компанијата во која управува на висока и одговорна позиција. Во последниот период Вип посветува големо внимание на бизнис продажбата, а клучниот двигател за растoт на овој сегмент е дигитализацијата, па затоа Дивјак вели дека пазарот мора да се анализира глобално и дека нивни конкуренти во моментот не се домашните телеком оператoри, туку светските гиганти Амазон, Гугл и Мајкрософт. Овие нови услови на телекомуникацискиот пазар и различните потреби на бизнис корисниците, налагаат и нови начини на работа

Со Ренато Дивјак разговаравме ден откако се вратил од службен пат во Ирска, па вели дека едвај чекал да се врати во сончевата Македонија. Зборувавме за предизвиците, одговорностите, но и за идните планови.

„Во Вип дојдов од Випнет компанија која исто така е дел од Телеком Австрија Групацијата каде бев директор на продажба за мали деловни корисници. Тоа искуство ми помогна на почетокот да ми биде полесно, затоа што знаев се за компанијата. Знаев каква е културата, каква е историјата, но и начинот на работа. Тоа многу ми го олесни почетокот. Искуството кое го стекнав во индустријата навистина ми помогна полесно да ги препознавам потенцијалните предизвици и проблеми со кои би можел да се соочам, а сигурен сум дека тоа не би било така доколку го немав претходното искуство. Искуство од неколку регионални компании, па благодарение на тоа успеав побрзо да се прилагодам на начинот на живот во Македонија. Што се однесува до некои мои лични предизвици, слободно можам да кажам дека оваа позиција уште од самиот почеток е мојот најголем предизвик бидејќи ги опфаќа и малите и средните и големите компании. Во компанијата дојдов во период после спојувањето, па за мене е дополнителен предизвик да се биде дел од компанија на која и претходело спојување“, вели Дивјак.

Млад сте, а имате богата меѓународна кариера. Од што беше детерминиран вашиот личен раст?

Во претходната компанија три години работев теренска работа и бев одговорен за шест земји од регионот. Иако работата бараше многу труд и посветеност, па дури и одрекување од приватен план, резултатите беа позитивни, не само за компанијата, туку и за мене. На 27 години ја добив мојата прва менаџерска позиција. Затоа верувам дека кога трудот и посветеноста ќе се спојат, сигурно ќе има позитивни резултати и дека личноста ќе биде наградена, дали на приватен или на професионален план.  Така беше и во мојата кариера, согласно моите залагања доаѓаа и наградите и растот на професионален план.

Секој млад човек мора да има стабилен пристап кон работата, да знае како секоја прилика, предизвик, па дури и проблем да го гледа од позитивната страна, да го види делот кој може да донесе бенефит или пак да научи нешто. Сметам дека ваквиот пристап на работа е особено важен.

Хрватска и Македонија, каков е спојот кој вие сте го направиле кога е оваа споредба во прашање и како го опишувате вашиот живот овде?

Претходната компанија во која работев беше регионална компанија која работеше на повеќе пазари, меѓу кои и Македонија. Додека работев таму, секогаш со радост доаѓав во Македонија, затоа што домаќините секогаш добро ме пречекуваа. Од друга страна, постигнувавме и добри деловни резултати. Во моментот кога добив понуда да работам во Македонија, прифатив без да размислувам и воопшто немав некои недоумици за тоа каков ќе биде мојот живот во Македонија. Оваа година ми помина навистина многу брзо и се стекнав со искуство кое сигурно ќе ми помогне за понатаму. Хрватска и Македонија не се многу различни, отворени се и топли, па воопшто не е проблем да се прилагодиш.

Од работен аспект, какви се околностите за работа, карактеристиките на деловниот ангажман овде и таму, па и во другите земји од овој дел на Европа?

Нема големи разлики. И во Хрватска и во Македонија, но и во другите земји од регионот се уште е присутен тој фактор на неформален пристап, неформални контакти кои доведуваат до формално заклучување на работата. Тоа не е ни лошо. Само што бев на best practice во Ирска и исто таков пристап има и кај нив, само што не е во толкава мера застапен. И во Македонија и во Хрватска луѓето се поотворени, па тоа се пресликува и во работата и тоа не треба да се промени. Но, треба да се промени начинот на работа и да се искористи потенцијалот кој го има Македонија во начинот на водење на бизнис, а особено во сферата на дигитализација. Ако овој потенцијал се искористи правилно, државата нема да остане чекор назад со светските трендови. Гледам дека компаниите напорно работат и развиваат стратегии, па верувам дека создавањето на добра клима ќе создаде напредок на пазарот и начинот на кој работат компаниите.

Во годината во која сте на позиција во компанијата овде во Скопје, како пристапивте со каква стратегија и кои се резултатите?

Со оглед на тоа дека компанијата во претходните години успешно спои три компании во едно, оваа година се фокусиравме на бизнис сегментот, стабилизација и на воспоставување нови организациски структури. Во текот на годината менувавме процеси, ги модернизиравме и ги прилагодивме на новата организација, повеќе се фокусиравме на корисниците и употребивме регионален пристап, направивме добар и одговорен тим, но и добар менаџмент кој е квалитетен и кој многу се залага и кој ни помага да бидеме поблиску до корисниците. Започнавме со процесот на дигитализација кој значително ги забрза сите активности, а во исто време на корисниците им овозможивме побрзо и поефикасно решавање на барањата. Целиот процес придонесе кон подобар и попрецизен пристап кон корисниците, но и подобрување на резултатите и поголем раст во споредба со предходната година.


На што се фокусирате во моментов, какви понуди креира компанијата и кои се очекувањата?

Развојот на технологијата се одвива со молскавична брзина , а со тоа се менуваат и навиките на корисниците. Одамна е поминато времето кога бизнис луѓето телефоните ги користеа само за разговори или СМС. Мобилната телефонија веќе одамна има и други бенефиции на која ние во Вип континуирано работиме, вложуваме и ја развиваме. Само да ве потсетам дека Вип е првата компанија која прва на македонскиот телекомуникациски пазар ја воведе 4Г технологијата  со што корисниците добија можност за неверојатно брз пренос на податоци, а тоа значи брзо пребарување на интернет, комуникација преку социјалните мрежи, пребарување на електронската пошта, пристап до мултимедијални содржини и тоа се преку најновите смарт телефони кои секогаш се достапни за нашите корисници. Едноставно кажано ние овозможуваме нашите бизнис корисници својата канцеларија да ја носат секаде со себе со што добиваат многу поголема брзина во извршувањето на своите деловни зделки и остварување бизнис контакти. Фокусирани сме на бизнис заедницата, па покрај конвергентната понуда која е повеќе за деловни корисници од сите сегменти, мали, средни и големи компании, нудиме и фиксни и мобилни услуги, но и нови ИКТ продукти и услуги. Воведуваме стандардни, но и нови, нестандардни услуги. Стандардните производи и услуги се за мали и средни компании, а за големите компании и проекти нудиме „tailor made“ понуди. Од аспект на производи нудиме „Cloud“ решенија, „software as a service“, конективити услуги, безбедносни системи и ИП централи, тоа е некоја основна линија. Но, токму во овие производи гледаме најголем потенцијал на македонскиот пазар и на нив се фокусираме во следниот период. Она што сакам да го потенцирам е дека во нашите деловни корисници не гледаме само бројка туку градиме партнерски однос се со цел да добијат понуда што ќе одговара на нивните бизнис потреби и брза и ефикасна услуга бидејќи знаеме дека нивното време е најскапоцено. Сето тоа е овозможено од нашите продажни агенти во одделот за бизнис корисници кои секојдневно се посветени во задоволувањето и на комуникациските побарувања и на најпребирливите. Градењето и вложувањето во релациите со нашите деловни клиенти резултира со високо задоволство на нашите корисници што ме прави исклучително горд, а фактот дека овој оддел го сочинуваат врвни и докажани професионалци во својата област не би можеле да очекуваме ништо поинакво.

Компаниите работат сега на друг начин, ја споменавте и дигитализацијата.

Компаниите функционираат различно од порано, младите генераци „милениумци“ кои веќе се дел од компаниите наметнуваат различен начин на размислување и различен начин на работа. Големите, но и малите и средни компании мора да се прилагодат и да се менуваат доколку сакаат да остнаат конкурентни на пазарот. Дигитализацијата е веќе тука, ја живееме и претставува еден неопходен чекор кој секоја компанија треба да го направи. Дигитализацијата повеќе не е тренд и не влијае само на начинот на работење и на процесот на спроведување на стратегиите, таа го одредува и пазарот на труд, па тоа е уште една причина зошто треба да се прилагодиме на новиот начин на работење. Тоа се однесува и за Вип, но и за другите компании во Македонија, затоа што тоа е иднината, не само дигитализација, туку и автоматизација и вештачка интелигенција. Ако наскоро не почнеме да вложуваме повеќе енергија и ресурси на овие полиња, ќе заостанеме. Македонија има доста развиена ИТ индустријата, но потребно е вложување кое ќе создаде здрава околина која во иднина ќе го намали дури и трендот за исселување, кој е присутен и во Хрватска, но и во Македонија. Секако секој процес бара време, па не можеме да очекуваме ништо брзо, затоа што се потребни структурни промени, ниту можеме да бидеме иницијатори на овој процес.

Во однос на пазарот во земјава. Како гледате на развиеноста, позиционираноста, конкуренцијата?

Со развој на технологијата, границите помеѓу традиционалните телекомуникациски услуги и ИТ полека се бришат. Овој тренд придонесе телекомуникациските оператори да се трансформираат, односно од компании кои даваат традиционални телекомуникациски услуги, пренос на податоци и говор, да бидат оператори кои интегрираат нови решенија и апликации во своите понуди.

Од друга страна тука е дигитализацијата која повеќе не е тренд, туку е неопходна алатка доколку сакате да останете конкурентни на пазарот. Затоа покрај развојот на новата „Cloud“ платформа во Македонија заедно со А1 групацијата и А1 Digital развиваме нови производи кои ќе го надополнат корисничкото искуство. Во текот на 2018 година работевме на производи и услуги кои веќе активно се користат во целата групација, а нудиме и паметни решенија за нашите деловни корисници. Сигурен сум дека во иднина на нашите корисници ќе можеме да им понудиме дигитални проекти, смарт сити проекти како и големи стандардизирани проекти. 

За Македонија можам да кажам дека е држава со високо развиена ИТ заедница, но нашата конкуренција не е ограничена со географски граници, туку е глобална. Кога се развиваме во полето на ИКТ услугите нашите конкуренти ги гледаме на глобално ниво, тоа се Амазон, Гугл и Мајкрософт. Во оваа индустрија локалното веќе е еднакво на глобално, а ние можеме да се позиционираме високо на пазарот благодарение на А1 Digital која е дел од нашата групација.

Александра Томиќ


Можеби ќе ве интересира

На колку години ќе се пензионираат Германците?

На колку години ќе се пензионираат Германците?

Во соседна земја 34.000 пензионери секој ден одат на работа

Во соседна земја 34.000 пензионери секој ден одат на работа

СТАРТУВАШЕ БЕРБАТА НА ШАФРАНОТ: Oваа индустрија отвори 200.000 работни места

СТАРТУВАШЕ БЕРБАТА НА ШАФРАНОТ: Oваа индустрија отвори 200.000 работни места

За ВМРО-ДПМНЕ покачувањето на минималецот е популистичка мерка

За ВМРО-ДПМНЕ покачувањето на минималецот е популистичка мерка

ГУВЕРНЕРКАТА ГО СЛУША ВУЧИЌ: Србија ги зголеми резервите со злато

ГУВЕРНЕРКАТА ГО СЛУША ВУЧИЌ: Србија ги зголеми резервите со злато

Се спогодија Макпетрол и Владата: Спорот за ГА-МА ќе се реши вонсудски

Се спогодија Макпетрол и Владата: Спорот за ГА-МА ќе се реши вонсудски

Брзи кредити ама, по однапред договорени правила: Сите податоци се на увид на клиентот

Брзи кредити ама, по однапред договорени правила: Сите податоци се на увид на клиентот

ГАЗДИТЕ ДА НЕ СИ ИГРААТ - за минималната плата ќе има и казни

ГАЗДИТЕ ДА НЕ СИ ИГРААТ - за минималната плата ќе има и казни

Како ОКТА направи добивка од 2,6 милиони евра во првите девет месеци

Како ОКТА направи добивка од 2,6 милиони евра во првите девет месеци