БОЛНИОТ ВО ЕВРОПА: Проблемите на Грција создаваат лични непријателства!
Објавено во: Балкан 25 Април, 2015 09:06
Министрите за финансии на еврозоната ја завршија во петокот средбата во Рига без позначителни резултати во главната тема - кризата во Грција.
Меѓу министрите и Грција има "длабоки разлики", изјави шефот на Еврогрупата Јерун Диселблум. Тој предупреди дека времето за постигнување договор за конкретни реформи во задолжената земја "е при крај". Од склучувањето на програмата за реформи зависи доделувањето на дополнителни итни заеми од меѓународните донатори.
Диселблум истакна дека нема алтернатива на преговорите. "Итно е потребен напредок", рече тој за време на заедничката прес-конференција со шефот на Европската централна банка Марио Драги, европскиот комесар за финансиските прашања, Пјер Московичи и шефот на спасувачката програма Клаус Реглинг.
Диселблум истакна на прес-конференцијата по средбата, дека се уште има големи разлики меѓу двете страни. Тој ја исклучи можноста доверителите да размислат за компромисен договор што ќе обезбеди дел од износот на Грција.
Според неговите зборови, сепак Атина ја носи вината за изгубеното време за подготовка на програмата за финансиска помош на Грција.
За време на преговорите дошло до остри вербални судири меѓу грчкиот министер за финансии Јанис Варуфакис и Диселблум. На конкретно прашање на оваа тема шефот на Еврогрупата вели: "Имаше многу критична дискусија. Пред два месеци постигнавме договор со Грција, од кој Варуфакис денес се одметна ".
Во Рига Варуфакис бил наречен "играч", "аматер", соопштува Bloomberg. Во очите на останатите министри преговорите со Варуфакис остануваат "неодговорно" однесување. Гркот од своја страна се пожалил од "непријателска средина", бидејќи тој беше пречекан со критики од сите страни.
"Не можам да навлегувам во детали како мина дискусијата. Ќе кажам дека сепак на адреса на грчкиот министер за финансии беа направени многу критични реторики. За два месеци (на преговори во рамките на програмата за реформи на Атина) напредок не беше постигнат. Па, тонот на дискусиите беше многу критичен ", рече Диселблум.
Министрите за финансии од еврозоната изразија во целина загриженост од доцнењето на преговорите со Грција, објави на Twitter еврокомесарот за еврото и социјалниот дијалог Валдис Домбровскис. "Има итна потреба од забрзување на преговорите", напиша во својот профил на Twitter Домбровскис по средбата на министрите за финансии од еврозоната.
Уште пред средбата Варуфакис навести за попусти пред европските партнери. Во пост на вашиот блог тој навести за ограничување на излегувањето во пензија на рана возраст, што е едно од барањата на Западот. Истовремено, тој се изјасни за создавање на независна даночна комисија, продолжување на приватизацијата, повнимателен третман на ризичните кредити и поддршка на претприемништвото.
Министерот за финансии на Австрија Јерг Шелинг пак изјави дека е "прилично нервозен" од фактот дека на ниво на преговорите нема никаков напредок. "Сега упорно инсистирам да видиме на преговарачка маса резултати, кои се доволни за донесување на решение", рече тој.
Европските претставници се обидуваат со месеци да ја натераат Грција барем да формулира детален список на реформи.
Еврогрупата повторно ќе расправа за програмата за помош на Грција на 11 мај на својот следен редовен состанок во Брисел.
Можеби ќе ве интересира
„Њујорк тајмс“: Фирмата на зетот на Трамп - Кушнер се повлекува од договорот за изградба на хотел во Србија
Граничниот премин Богородица затворен за сообраќај
Потврден случај на лепра во Хрватска: Почната е задолжителна постапка за вакцинација
Во времето на Тито, за некој овие пари беа една плата: Никој не успеал да ја фалсификува „сивата гулабица“, а еве која е мистериозната жена од банкнотата
Голем пожар во Хрватска; На местото на настанот беа повеќе од 60 пожарникари, се слушаа експлозии
Вучиќ до Хрватите: Србија купи нови авиони „Рафал“, a Хрватска половни
Парламентот на Бугарија едногласно ја прифати оставката на владата
Протест на земјоделците во Солун, граничните премини Евзони и Ники засега остануваат отворени




