05 Декември, 2025
0.0269

dm засади 50.000 нови дрвја во околината на Штип како дел од проектот „Пошумуваме заедно за позелено утре“

Објавено во: Мои пари 01 Декември, 2025 13:58

Добивај вести на Viber

На 30 ноември 2025, компанијата dm дрогерие маркт успешно го реализираше продолжението на еко-проектот „Пошумуваме заедно за позелено утре“, најмасовната акција за пошумување досега. Заедно со партнерите Македонско Еколошко Друштво (МЕД) и ЈП Национални шуми, речиси 400 вработени во dm, волонтери и претставници на институционалните партнери беа дел од најголемото масовно пошумувањево с. Калапетровци во околината на Штип. 

Овој традиционален еколошки проект, кој dm го започна во 2022 година, до денес вроди дури 150 000 засадени дрвја на повеќе локации низ нашата земја – во Велес, во близина на езерото Младост, во околината на скопско Миладиновци и во близина на опсерваторијата Кокино.  Оваа година во с. Калапетровци во околината на Штип, целта беше доста амбициозна и беа засадени дури 50 000 нови стебла. Со оваа акција, dm drogerie markt заедно со еколошките партнери МЕД и ЈП Национални шуми направи уште еден голем чекор кон позелено утре за сите нас.  Компанијата dm обезбеди и  организиран превоз, опрема за садење, и освежителна закуска за сите учесници.

Главниот мотив за започнување на проектот „Пошумуваме заедно за позелено утре” лежи во стратешката определба на dm, која постои уште од самото основање на компанијата  придонесувајќи кон создавање на поздрава животна средина за сите нас и за идните генерации преку зачувување и обновување на шумите, кои се главен извор на кислород и симбол на животот. 

dm продолжува со своите еко активности преку целата година и од септември 2025 како дел од конкурсот Зелена иднина: од градинка до училиште за раззеленување училишни дворови успешно досега раззелени 4 училишни дворови. Сите заинтересирани државни и општински градинки, основни и средни училишта можат да се пријават на конкурсот кој трае до 31.08.2026.[DK1] 

ПР објава

* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва:

Можеби ќе ве интересира

Business for Business форум 2025 - Комерцијална банка ги спои иновациите со успешните бизнис приказни

Business for Business форум 2025 - Комерцијална банка ги спои иновациите со успешните бизнис приказни

АмЧам избра нови членови во Одборот на Директори и го прослави 25 годишниот јубилеј

АмЧам избра нови членови во Одборот на Директори и го прослави 25 годишниот јубилеј

Живко Мукаетов реизбран за член на Одборот на директори на Американската стопанска комора

Живко Мукаетов реизбран за член на Одборот на директори на Американската стопанска комора

Централен настан по повод Денови на финансиска писменост: Финансиската писменост е темел за стабилност и самостојност

Централен настан по повод Денови на финансиска писменост: Финансиската писменост е темел за стабилност и самостојност

Publicis Groupe слави 100 години постоење!

Publicis Groupe слави 100 години постоење!

Магија на небото: Дедо Мраз над Скопје!

Магија на небото: Дедо Мраз над Скопје!

Засадени 150 садници во новиот спортски центар „Идризово“ – донација од Пивара Скопје

Засадени 150 садници во новиот спортски центар „Идризово“ – донација од Пивара Скопје

НЛБ Банка, по дванаесетти пат, прогласена за „Банка на годината“ од The Banker

НЛБ Банка, по дванаесетти пат, прогласена за „Банка на годината“ од The Banker

Празничен A1 Net Sеf подарок од А1 Македонија за сите корисници

Празничен A1 Net Sеf подарок од А1 Македонија за сите корисници