05 Декември, 2025
0.0279

До 15 ноември лозарите ќе можат да аплицираат за субвенции

Објавено во: Агробизнис 03 Ноември, 2012 11:06

Добивај вести на Viber

До 15. ноември е рокот до кога лозарите ќе можат да аплицираат за субвенциите од два денари по килограм грозје продадено во некоја од домашните винарски визби, информира денеска Зоран Шалев, раководител на Подрачната единица на Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство од Кавадарци.

- Во тек е поднесување на апликациите за субвенционирање. Целата постапка оди според однапред утврдената динамика. Се очекува околу 4 илјади лозари од кавадаречко и росоманско да побараат субвенционирање по оваа дополнителна мерка донесена од страна на Владата на Република Македонија. Со оглед на тоа што на територијата на двете општини има околу 6 илјади лозари, останатите околу 2 илјади производители на грозје најверојатно својот род го имаат извезено преку разни откупувачи на странските пазари, објаснува Шалев.

За да аплицираат за вако вид на субвенција, лозаропроизводителите треба да достават во подрачната единица лична карта и откупна белешка за продадено грозје на која има печат.

* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва:

Можеби ќе ве интересира

ИМА ДОБРИ ПРИНОСИ, А БАРА МАЛКУ ЃУБРИВО: Оваа култура станува популарна во Војводина

ИМА ДОБРИ ПРИНОСИ, А БАРА МАЛКУ ЃУБРИВО: Оваа култура станува популарна во Војводина

Koj е најголемиот европски центар за производство на зеленчук?

Koj е најголемиот европски центар за производство на зеленчук?