ДО ЧЕТВРТОК ЌЕ БИДЕ МНОГУ ТОПЛО: Температурите ќе се искачат до 43 степени
Објавено во: Македонија 20 Јули, 2025 16:35
Под влијание на екстремно топла воздушна маса од југ, односно од Африка, во нашата Република Македонија и тоа до четврток (24 јули) времето ќе биде сончево и екстремно топло со појава на мала локална облачност, објави метеорологот Славчо Попоски.
Повремено ќе засилува фенски ветер претежно од западен и од југозападен правец.
И во Скопскиот регион до четврток (24 јули) следува период на екстремно топло време. Ќе биде претежно сончево со повремено засилување на фенски ветер претежно од западен и од југозапаен правец.
Што се однесува до температурите, тие насекаде ќе надминуваат 30/35 степени, додека во Повардарието локално температурата ќе надминува 40 степени. Односно, во Повардарието локално температурата ќе се искачи до околу 42/43 степени. Во Скопје и околината температурата за време на овој екстремно топол бран од Африка ќе се искачува во интервалот помеѓу 40 и 42/43 степени.
Ув индексот ќе има многу висока до екстремно висока вредно и ќе изнесува 9. Токму поради ова апелирам, граѓаните без потреба да не излегуваат во најтоплиот дел од денот и кога сонцето е најсилно (од 11 до 17 часот) но и да пијат повеќе течности.
Можеби ќе ве интересира
ФАКТОР НА ДЕНОТ: Полицијата го уапси Бујар Дардишта, поранешен директор на Управата за водење на матични книги
Тошковски објасни во кои случаи полицијата ќе одзема возило
Toшковски откри кога „Безбеден град“ ќе се спроведе на целата територија на Македонија
Орце Ѓорѓиевски: Со едногласна одлука, реизбран сум за претседател на ЗЕЛС
ИЈЗ: Кога квалитетот на воздухот е лош – заштитете го вашето здравје!
СДСМ ИЗГУБИ НА СУД ОД МИЦКОСКИ: Апелација пресуди дека изнесувале невистини и клевети против него
ПОВЕЌЕТО ОД ОСУДЕНИТЕ ЗА 27 АПРИЛ, ДОБИЛЕ УСЛОВЕН ОТПУСТ: Издржале повеќе од две третини од казните
Европското знаење го применува дома: Милијана Богданоска праќа големи пораки преку еко начинот на живот




