13 Април, 2025
0.0591

(ГАЛЕРИЈА) До кога загадениот воздух ќе ни го зема здравјето?

Објавено во: Македонија, Галерија 24 Ноември, 2017 10:17

Добивај вести на Viber

Алармот повторно се вклучува, а надлежните претежно остануваат на ветувањата.

Во главниот град повторно се врати загадениот воздух. Но, непријатното печење на носот ги штипе и граѓаните ширум државата.

Ноќеска загаденоста на воздухот беше осум пати над дозболеното ниво. Во Скопје најзагадено беше Лисиче. Концентрациите на ПМ честичките покажувале над 100 микрограми во цел град, а стигнувале и до 400.

Куманово и синоќа дишеше на шкрги. Битола и Тетово пак и утрово се разбудија со високо ниво на загаденост.

Факт е дека не може загаденоста да се реши преку ноќ. Поскапувањето на паркинзите е малку веројатно дека ќе ги поколеба граѓаните да не движат со автомобили низ град и да користат јавен превоз. Меркава ја најави градоначалникот на општина Центар, но колку таа ќе вроди со плод ќе покаже времето.  Богдановиќ најави ревитализирање на сите зелени површини. За почист воздух ќе има рестрикции за паркирањето во Центар и во договор со градот, забрана за изведување на градежни активности во деновите кога воздухот е загаден.

Од Бутел вчера почна генералната на улиците. Ќе се чистат и мијат секојдневно со цел да се намали нечистотијата. Мерката ја старутуваше град Скопје. Од 15 ноември Шилегов најави и забрана за движење на автомобили на Водно.

„Од 15 ноември ќе биде дозволено автомобили да се качуваат само до делот кај новиот пат кој води кон Сончев град. За да им овозможиме на граѓаните да стигнат до Средно Водно ќе воведеме повеќе автобуски линии, односно покрај постојната линија која од Транспортен центар вози до Средно Водно, ќе отвориме два нови пункта, едниот кај поранешна „Нова Македонија“ а вториот спроти Цветен пазар“ - рече Шилегов.

Но до кога загадениот воздух граѓаните ќе го плаќаат со своето здравје ?

Доктор Лазар Ѓуров пак неодамна предложи издржани мерки.

Меѓу оние кои тој им ги предложи на премиерот и министрите, но и градоначалниците се овие:

1. Укинете тоа правилникот за информирање и алармирање. Скопје од средина на есен до почеток на пролет мора да има посебен режим на функционирање. Третирајте го градот како да има елементарна непогода.
2. Во тој период:
- Набавете и поделете маски со потребна заштита за сите.
- Да поефтини градски транспорт или да биде бесплатен.
- Кој доаѓа и си оди со точак од работа да добие минус еден час од работното време.
- Задолжителен пар непар цел период. Каква и кола да вози да мора еден ден да не ја вози.


- Колите без потребен стандард да не смеат да се возат цел период.
- Забранете возење по еден во кола. Кој вози така да биде санкциониран.
- Субненционирани или целосно бесплатни печки на плин и доволно боци за сиромашните за цела зима.
- Поевтино парно за сите.
- Целосен мораториум за сите градежни активности.
- Засилени инспекциски тела на терен за да проверуваат дали некој се грее на глупости (гуми, нафта, пластика...).
3. Претходно целосен инспекциски надзор на сите индустриски капацитети. Да се провери дали имаат потребни филтри. Исто дали можеби имаат повеќе наменски горилници и ако имаат да им се постават детектори за да се следи на што работат.
4. Да се направат огромни казни за тие кои маскирано загадуваат.
5. Купете автобуси на плин...или модифицирајте ги постоечките ако постои начин.
6. Делете плински боци за греење каде треба.
7. Купете усисни машини за пм 10.
8. Цела година правете кампањи за велосипедизам и пешачење.
9. Субвенционирајте коли на струја. 
10. Субвенционирајте фотоволтаични панели на куќи и згради. Да не мора РЕК Битола да работи со полн капацитет.
11. Прогасете потполн мораториум за сечење на дрвја цела година.
12. Креирајте Катастар за зеленило.
13. Контрола на центрите за техничките прегледи дали проверуваат правилно издувни гасови ако не го парават тоа да бидат веднаш затворени.
14. Во пикови децата да не мора да одат на школо.
15. Бесплатни автобуси до Водно.


16. Прочистувачи на воздух во сите градинки, училишта и факултети.
17. Пунктови за изнајмување по ефтина цена на градски велосипеди во секоја населба.
18. Вие да одите со точак или пешки на работа за да ги мотивирате луѓето да го следат вашиот пример...нели сте лидери? 
19. Подобрување на велосипедска инфраструктура. Јакнење на велосипедска култура. 


20. Зголемување на возен парк (Јсп) (на плин или електричен погон) и дисциплина и точност на возен ред.
21. Субвенции за сончеви колектори.
22. Секој граѓанин да си засади по 3 дрвја и да ги пази и одгледува.
23. Турете многу од вертикалните градини за прочистување низ градот.
24. Субвенции ако премине со колата од бензин на плин.
25. Субвенционирајте да се стават филтри на сите индустриски оџаци.
26. Вработете и опремете инспектори. Нека хараат на терен како да се Ујп.
27. Дневна контрола на работата на Дрисла. Да се проверува дали уништуваат несоодветен увезен или наш отпад и дали тоа го прават со горење или на друг несоодветен начин кој загадува.
28. Земете кредит и направете ИТНА И ЦЕЛОСНА ГАСИФИКАЦИЈА!!!


Во меѓувреме што да правите вие: 

Избегнувајте подолги периоди на отворена површина. На мали деца, стари лица и бремени жени им се препорачува да не излегуваат без посебна потреба.

ФОТО: ФАКТОР

Можеби ќе ве интересира

НИ ТРАГА НИ ГЛАС ОД ИСЧЕЗНАТОТО ЛИЦЕ ОД СТЕПАНЦИ: Се бара веќе цела недела

НИ ТРАГА НИ ГЛАС ОД ИСЧЕЗНАТОТО ЛИЦЕ ОД СТЕПАНЦИ: Се бара веќе цела недела

АКТУЕЛНИОТ МИНИСТЕР ЗА ЕКОНОМИЈА НЕ Е ОПФАТЕН ВО ИСТРАГАТ ЗА „ПУЛС“: Коцевски и Тошковски со деталите

АКТУЕЛНИОТ МИНИСТЕР ЗА ЕКОНОМИЈА НЕ Е ОПФАТЕН ВО ИСТРАГАТ ЗА „ПУЛС“: Коцевски и Тошковски со деталите

АМБАСАДОРОТ ВО НОРВЕШКА И ИСЛАНД Е ЕДЕН ОД ОСОМНИЧЕНИТЕ ЗА ПОЖАРОТ ВО КОЧАНИ: Кој е Дритон Куќи?

АМБАСАДОРОТ ВО НОРВЕШКА И ИСЛАНД Е ЕДЕН ОД ОСОМНИЧЕНИТЕ ЗА ПОЖАРОТ ВО КОЧАНИ: Кој е Дритон Куќи?

ДВАЕСЕТ МАЛОЛЕТНИЦИ ЗАТЕКНАТИ ВО КЛУБ ПО ПОЛНОЌ: МВР ги предало на родителите, а ќе следат и пријави

ДВАЕСЕТ МАЛОЛЕТНИЦИ ЗАТЕКНАТИ ВО КЛУБ ПО ПОЛНОЌ: МВР ги предало на родителите, а ќе следат и пријави

НИКОЛОСКИ СЕ ПОФАЛИ: „Го обележавме светиот чин на големата молитва за нашиот мал Ноах“

НИКОЛОСКИ СЕ ПОФАЛИ: „Го обележавме светиот чин на големата молитва за нашиот мал Ноах“

ЛАЖНА ВЕСТ ЗА ИЗГРАДБА НА ЏАМИЈА ЈА „ТРЕСЕ“ ГАЗИ БАБА: „Целта е меѓуетнички тензии , вели Стефковски“

ЛАЖНА ВЕСТ ЗА ИЗГРАДБА НА ЏАМИЈА ЈА „ТРЕСЕ“ ГАЗИ БАБА: „Целта е меѓуетнички тензии , вели Стефковски“

ЛЕВИЦА: За Тошковски засилените контроли беа само пи-ар

ЛЕВИЦА: За Тошковски засилените контроли беа само пи-ар

„АХМЕТИ ТРЕБА ДА ОДГОВАРА ЗА ТОА ШТО ИМ ГО НАПРАВИ НА АЛБАНЦИТЕ“: Еве што вели Касами

„АХМЕТИ ТРЕБА ДА ОДГОВАРА ЗА ТОА ШТО ИМ ГО НАПРАВИ НА АЛБАНЦИТЕ“: Еве што вели Касами

„ИГРАЈТЕ БАСКЕТ СЕГА ПО ЗАТВОРИ“: Д-р Лазаров за ДУИ

„ИГРАЈТЕ БАСКЕТ СЕГА ПО ЗАТВОРИ“: Д-р Лазаров за ДУИ