ДО КОГО ВО СДСМ ПРАЌА ПОРАКА КУМАНОВСКИОТ ГРАДОНАЧАЛНИК - лесно е да се црта и да се прават 3Д анимации, но треба чесно да им кажеме на граѓаните што можеме
Објавено во: Македонија 23 Мај, 2021 10:56
Кумановскиот градоначалник Максим Димитриевски, кој не е во добри односи со партиското раководство, повторно со отворени пораки во јавноста.
„Последниве неколку месеци по социјалните мрежи кружат многу идејни решенија од страна на некои партиски функционери за решавање на многу децениски наталожени проблеми во Општина Куманово (Реконструкција на Хотел Кристал, Градскиот отворен базен, Градски стадион, Многу паркови и нови зелени површини и други виртуелни проекти во 3Д анимации)“, напиша Димитриевски на својот официјален фејсбук профил.
Сите иницијативи, вели тој, се секако добредојдени, но во многу случаи ваквите анимации ме потсетуваат на периодот на Груевски кога пред секои избори ја исцртуваше виртуелно цела Македонија со безброј вакви идејни решенија кои сепак останаа само на анимации и платени политички програми во предизборие.
„СДСМ од секогаш била партија со реален пристап со издржани и реални ветувања кон граѓаните, и ваквите анимации се во моментов чиста апстракција и лична желба за самопромоција на поединци, оваа е нереален пристап и сметам дека со ваквите обиди само се губи во очите на граѓаните.
Бидејќи секогаш сум бил реалист и човек што не сака да дава лажни ветувања а воедно ме боли за вистината сакам да ја информирам јавноста дека до ден денеска никој се нема консултирано ниту со мене ниту со службите во општината за реализацијата на вакви капитални проекти ниту пак истите се составен дел на развојната програма и буџетот на општината 2021-2022г.
Едно се желбите, друго се можностите и реалноста!
За волља на вистината точно е дека пред една ипол година општината по две децении ги врати во своја надлежност градскиот стадион, спортската сала, спортскиот комплекс Соколана и градското стрелиште, сите овие објекти се во очајно лоша состојба а добар дел од нив се целосно урнати и уништени како што е случајот со стрелиштето.
Во моментов општината заедно со Агенција за млади и спорт работи активно на реконструкција на комплексот Соколана, паралелно е распишана постапка за замена на кровот на спортската сала и реконструкцијата на овие спортски објекти ќе биде долг процес со големи финансиски трошоци по буџетот на општината кои за жал во моментов ги немаме во целост.
Дополнително преку СИПР аплицирано е со проект за реконструкција на стариот градски парк во градот.
Воедно општината нема ниту една допирна точка ниту надлежност врз имотот на А.Д. Бисерка во стечај, сите наши обиди да се заврши стечајот кој трае повеќе од дваесет години и заштити имотот и на оваа фирма но и на Житомел Куманово во континуитет се игнорираат и не се постапува по нашите барања за обезбедување на тој имот додека надлежните молчат и не постапуваат“, пишува Димитриевски.
Натаму, нагласува тој, лесно е да се црта и да се даваат идеи, многу потешко е да се обезбедат средства и да се реализираат проектите.
„Како и да е ќе продолжам на реален начин посветено заедно со мојот тим да ги решавам како и до сега децениските комунални и други проблемите на кумановчани бидејќи за тоа ме избрале но секогаш реално, чесно и одговорно а никогаш со лажни ветувања“, пишува кумановскиот градоначлник.
Можеби ќе ве интересира
(ВИДЕО) Русковска го пријавила Боки 13 во полиција за телефонско вознемирување
Мицкоски за реакцијата на грчкото МНР: За мене Македонија е свето име
Двајца затаиле данок од над еден милион евра од трговија со злато и накит, обвинителството бара притвор
Пријава од полиција: Кандидат за градоначалник давал по 1.000 денари за да се гласа за него
ГОТОВ Е ОБДУКЦИСКИОТ НАОД НА ПОЧИНАТОТО НОВОРОДЕНЧЕ: Причина за смртта е незрелост на белодробието
ВМРО-ДПМНЕ ИЗГЛАСАЛЕ ИЗМЕНИ НА ЗАКОНОТ ЗА СТРАНЦИ: Кузеска тврди тоа е за потребите на стратешкиот договор, за стратешки проекти
Надминат прагот на загадување во Центар, Гази Баба, Карпош, Лисиче и Ректорат, објавени мерки и препораки
Обвинителството со детали за предметот против Дардишта: Направиле злосторничко здружение, поведена истрага против 33 лица
СДСМ: ДПМНЕ–ЗНАМ со неуставна Резолуција сакаат да забранат дебата за вистината




