19 Декември, 2025
0.0707

Лукас Бисиас, генерален директор на „Веропулос“ во Македонија

До крајот на годинава Веро ќе се прошири и во Охрид

Објавено во: Мои пари 07 Мај, 2018 13:20

Добивај вести на Viber

Македонскиот пазар можеби не е голем како пазарите во другите соседни земји, но е многу стабилен. Економијата е цврста и се развива сигурно, без нагли промени кои може негативно да влијаат врз бизнисот. Тоа ни овозможува внимателно да го планираме секој иден чекор и дава стабилна база за унапредување на бизнисот, вели Бисиас

Компанијата „Веропулос“ викендов го отвори својот осми маркет во Скопје, во населбата Карпош 3. За време на 21 година откако е присутна на македонскиот пазар, оваа компанија има 12 маркети во три градови во земјава и четири продавници „Џамбо“. Но, генералниот директор на компанијата „Веропулос“ во Македонија, Лукас Бисиас, вели дека не планираат да запрат тука и оти бизнис-стратегијата им е насочена кон натамошно проширување и во други градови во земјава.  

Веро е присутен 20 години на овој пазар, а со отворањето на новиот последен маркет вие во земјата имате вкупно 12 маркети. Дали е ова зацртаната динамика на раст и на ширење, задоволни ли сте?

- Визијата на основачот на компанијата, г.Веропулос, уште од нејзиното основање е да понуди малку поинакво шопинг искуство што ќе ги отсликува професионализмот и традицијата на компанијата во трговијата на мало. Тоа значи пазарување во модерни, пространи и одлично снабдени маркети кои нудат квалитетни производи по најконкурентни цени. Можеби во изминатите години Веро повеќе се концентираше на зголемување на понудата на производи внатре во маркетите отколку на зголемувањето на бројот на маркети. Но, во последните две години почнавме со засилена експанзија која резултираше со отворањето на нови маркети во Тетово и Скопје, како и две нови продавници „Џамбо“ во Тетово и Битола. Досегашните резултати ни даваат целосно право да бидеме задоволни.

На што се должи таа интензивна експанзија и има ли простор и за присуство на Веро и во други градови освен во Скопје, Битола и Тетово?

- Кога имате тим што посветено работи на унапредување на перформансите на компанијата, успехот е неминовен. Интензивната експанзија во последните две години дојде како резултат на позитивните финансиски резултати што компанијата ги остварува во овој период. Но, тоа го бараат и нашите потрошувачи со кои во изминатите 20 години Веро изгради цврсти врски на доверба и лојалност. Затоа и идните планови се поврзани со отворање нови продажни места, но и реновирање на постојните маркети за да овозможиме уште попријатно искуство за потрошувачите. До крајот на годинава планираме да отвориме Веро маркет во четврт град во Македонија, а тоа ќе биде Охрид, каде што ќе има Веро „Џамбо“ маркет. Генерално, нашата стратегија за во следниот период е да отвораме по два нови маркета секоја година.  

Пазарот во земјава не е голем, конкуренцијата, пак не е мала. Kако функционирате успешно сите овие години?

- Македонскиот пазар можеби не е голем како пазарите во другите соседни земји, но е многу стабилен. Економијата е цврста и се развива сигурно, без нагли промени кои може негативно да влијаат врз бизнисот. Тоа ни овозможува внимателно да го планираме секој иден чекор и дава стабилна база за унапредување на бизнисот. Во изминатите 20 години компанијата „Веропулос“инвестираше повеќе од 60 милиони евра за отворање нови маркети, зголемување на вработеноста и обезбедување најдобри услуги за потрошувачите, што е одлична база за натамошен развој. Од самиот почеток на работењето во Македонија г.Веропулос нагласува дека Веро е тука за да остане. И тоа продолжува да биде главната цел и во идниот период. 

Освен што „Веропулос“ е сопственик на Веро маркетите, истовремено е и сопственик на франшизата за „Џамбо“ и ресторанот за брза храна „Гудис“. Дава ли успешни резултати комбинирањето на овие три брендови?

- Комбинацијата на брендовите „Веро“ и „Џамбо“ првпат ја испробавме во Србија, каде што Веро е присутен од 2001 година. Таму се покажа како одлична пракса која дава извонредни резултати, па затоа одлучивме таа комбинација да ја примениме и во маркетот во Тетово што се отвори минатата година. И праксата во Македонија покажува дека комбинирањето на двата бренда „Веро“ и „Џамбо“ е одлично прифатено од потрошувачите. Во Скопје на оваа комбинација го додадовме и „Гудис“ во Веро центар, а искуството што го имаме докажа дека потрошувачите навистина го ценат уникатното шопинг искуство што го нудиме во кое има сѐ за целото семејство.

Според податоците што ги презентиравте минатата година, добивката на Веро во 2016 година беше зголемена за 13,9 отсто споредено со 2015.  Каков е финансискиот резултат во 2017 година?

- Можам да кажам дека 2017 година беше многу успешна за Веро, а тој тренд продолжува со уште позасилено темпо и во 2018. За време на мојата прва година во Македонија остваривме раст на продажбата за 9% што многу позитивно влијаеше на профитабилноста на компанијата. Досегашните бројки покажуваат движење нагоре што навистина нѐ радува бидејќи значи дека сме успеале да создадеме огромна база на лојални и задоволни купувачи кои му веруваат на Веро. Со отворањето на новите маркети, но и со реновирањето на постојните, очекуваме дека растот на продажбата ќе се зголемува уште повеќе.   

Стратегијата на Веро генерално е насочена кон соработка со домашни производители и брендови, но во маркетите во помал обем може да се најдат и увозни производи кои ги нема на друго место. Зошто одлучивте да им дадете предност на локалните брендови и производи пред увозните?

- Уште од почетокот на работењето во Македонија, наша стратегија е да соработуваме главно со домашни производители или со брендови од регионот кои повеќе или помалку се сметаат за локални. Денес, околу 90 отсто од асортиманот на производи во Веро се од домашно производство, а секојдневно соработуваме со повеќе од 800 локални компании и брендови. Со тоа ја поддржуваме домашната економија и му даваме стимул на локалното производство, а за возврат добиваме долгогодишна успешна соработка со добавувачите. Сепак, во нашата стратегија за продажба се потпираме и на увозни ексклузивни производи кои може да се најдат само во Веро. Искуството ни покажа дека потрошувачите ги бараат овие производи, а наша задача е да им ги обезбедиме. 

Какви се плановите на Веро во иднина. И во однос на новите инвестиции и за финансиските резултати?

- Она што го зацртавме како цел во следните години е секоја година да отвораме по два нови маркети. До крајот на годинава, како што веќе спомнав, е планирано Веро да се прошири во уште еден град во Македонија, во Охрид, каде што ќе се отвори Веро Џамбо маркет. Исто така, по отворањето на маркетот во Карпош 3 во Скопје ќе се концентрираме на реновирање на маркетот Веро Тафталиџе, кој е еден од нашите најрепрезентативни објекти и со кој сме навистина горди. Со реновирањето на овој маркет сакаме на потрошувачите да им понудиме уште поголем и помодерен маркет за да може уште повеќе да уживаат во пазарувањето. Генералната стратегија е да продолжиме засилено со нови инвестиции и нови вработувања, а тоа ќе резултира со позитивни финансиски резултати.   


Можеби ќе ве интересира

Одлични посни вкусови за празничната трпеза

Одлични посни вкусови за празничната трпеза

МЛАДАТА УМЕТНИЧКА ОЛИМПИЈА КАМЧЕВА-СТОЈЧЕСКА ДОБИТНИК НА ПРЕСТИЖНАТА НАГРАДА SANTIPHARMA AWARD ВО ВЕНЕЦИЈА

МЛАДАТА УМЕТНИЧКА ОЛИМПИЈА КАМЧЕВА-СТОЈЧЕСКА ДОБИТНИК НА ПРЕСТИЖНАТА НАГРАДА SANTIPHARMA AWARD ВО ВЕНЕЦИЈА

КАСТРИОТ АРИФИ ВО „БИЗНИС-КЛУБ“: „ОБРАЗОВАНИЕТО ТРЕБА ДА СЕ ФОКУСИРА НА РАЗВОЈ НА ВЕШТИНИ, КРИТИЧКО МИСЛЕЊЕ И МЕДИУМСКА И ДИГИТАЛНА ПИСМЕНОСТ“

КАСТРИОТ АРИФИ ВО „БИЗНИС-КЛУБ“: „ОБРАЗОВАНИЕТО ТРЕБА ДА СЕ ФОКУСИРА НА РАЗВОЈ НА ВЕШТИНИ, КРИТИЧКО МИСЛЕЊЕ И МЕДИУМСКА И ДИГИТАЛНА ПИСМЕНОСТ“

„Музички вез со џез ритам“ - омаж на македонското музичко наследство

„Музички вез со џез ритам“ - омаж на македонското музичко наследство

И Центарот за обука на МВР ќе се снабдува со енергија од фотоволтаична централа – донација од ОКТА

И Центарот за обука на МВР ќе се снабдува со енергија од фотоволтаична централа – донација од ОКТА

Халкбанк клучен поддржувач на македонскиот ракомет, потпишан договор за соработка и за 2026 година

Халкбанк клучен поддржувач на македонскиот ракомет, потпишан договор за соработка и за 2026 година

Инграм Микро – Македонија, Албанија и Косово го одбележува својот десетгодишен јубилеј: декада на раст, партнерство и технолошка трансформација

Инграм Микро – Македонија, Албанија и Косово го одбележува својот десетгодишен јубилеј: декада на раст, партнерство и технолошка трансформација

Минт Кредит - Роденденска акција што носи подарок

Минт Кредит - Роденденска акција што носи подарок

Дигитална картичка веднаш! „Digital first“- нова функционалност на НЛБ Банка

Дигитална картичка веднаш! „Digital first“- нова функционалност на НЛБ Банка