ДО МАЈ ЌЕ СТИГНАТ УШТЕ ДВА ШИРОКОТРУПНИ АВИОНИ ЕРБАС А330 ЗА ЕР СРБИЈА - Мали се пофали и со добивката
Објавено во: Економија 07 Јануари, 2024
Вицепремиерот и министер за финансии, Синиша Мали, изјави за Танјуг дека до мај ќе пристигнат уште два широкотрупни авиони Ербас А330 за Ер Србија.
Српската авиокомпанија стана најбрзо растечка и најдинамична авиокомпанија во регионот, а како работеше минатата година, откако државата презеде 100 отсто сопственост, говори фактот што превезе 4,1 милион патници, што е трет најдобар резултат на националниот авиопревозник, соопшти Мали.
Министерот очекува дека бројките ќе покажат дека Ер Србија во 2023 година остварила добивка од 35 милиони евра.
Според неговите зборови, развојот на српската авиокомпанија ќе продолжи и оваа година, кога се очекува да пристигнат двата широкотрупни авиони А330, чија набавка е во тек и кои во Србија треба да пристигнат до мај.
„Нашата национална авиокомпанија, т.е. ЈАТ во тоа време, превезуваше повеќе патници од Ер Србија оваа година само двапати, во 1987 и 1988 година, односно пред кризите и војните. А не е за потценување што таа индустрија уште се опоравува од пандемијата“, рече Мали.
Како особено важно, тој нагласи дека Ер Србија постојано го зголемува бројот на дестинации до кои лета, вклучувајќи ги и далечните.
„Отвораме линија до Шангај, до Гуангжу, веќе имаме линии до Тијанџин и Пекинг, потоа до Њујорк, Чикаго, така што една мала, но успешна земја, како што е Србија, има национална авиокомпанија која лета и на исток и на Запад“, изјави Мали за Танјуг.
Тој оцени дека Ер Србија е вистински пример и симбол за закрепнување на српската економија од 2013 година наваму.
Мали нагласи дека се покажало оти јавните претпријатија доколку имаат професионален менаџмент можат да постигнат добри резултати во корист на буџетот и на сите граѓани на Србија.
Танјуг* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.